Ви го претставуваме Full Fit Propolis Light Cream на познатиот корејски бренд COSRX. Тоа е хидратантен крем со висок процент на црн пчелин прополис и антиоксиданти.
Нема да верувате дека овој лесен крем е направен од 65,69% од прополис се додека не го пробате и дополнително ќе се изненадите кога ќе ја искусите неговата хидратантната моќ.
ШТО ГО ПРАВИ ОВОЈ КРЕМ ПОСЕБЕН?
▪️ Содржи 65.69% Full Fit Pro Complex, кој е уникатен комплекс од прополис формулиран од COSRX Lab. Тој се состои од екстрат од црн пчелин прополис, екстракт од мед и екстракт од матичен млеч познати по своите антиинфламаторни и антибактериски својства.
▪️ Тоа е крем наменет за сите типови кожа и сите временски услови. Благодарение на својата лесна гел текстура овој крем брзо и лесно се впива во кожата што овозможува да го користите во било какви временски услови, без разлика каде сте, на топло влажно време или во ладно и суво време. Без разлика на типот на кожата, овој лесен хидратантен крем лесно се впива без чувство на маснотија.
▪️ На кожата ѝ дава полн, цврст и свеж изглед, што го прави одличен последен чекор од рутината за нега. Можете да го комбинирате со останатите производи од истата линија или да го вметнете во вашата веќе постоечка рутина. Доколку се користи заедно со Full fit Propolis тонерот и ампулата неговото дејство се зголемува и дава позабележителен полн изглед на кожата. На кожата и дава сјај во текот на целиот ден и е одлична подлога за шминка.
Препорачана рутина:
1. Наполнете ја кожата со влажност со COSRX Full Fit Propolis Synergy Toner.
2. Дајте ѝ сјај со COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule.
3. Завршете ја рутината со COSRX Full Fit Propolis Light Cream.
Со 58,6% Pure Fit CICA-7 Complex кој комбинира смирувачки, навлажнувачки и зајакнувачки состојки, овој крем ја смирува иритираната кожа.
Pure Fit CICA-7 Complex 58.6%: азијатикозид, азијатна киселина, мадекасинска киселина, мадекасозид, екстракт од Centella asiatica, екстракт од лист од Centella asiatica, екстракт од корен од Centella asiatica.