1.190 ден Original price was: 1.190 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.
1.190 ден Original price was: 1.190 ден.893 денCurrent price is: 893 ден.
Уживајте безгрижно во дневното сoнце, тука е новиот All-day Airy Sunscreen на Dear, Klairs.
All-day Airy Sunscreen е производ за нега на кожата со силна UV заштита, SPF50+ PA++++ UV заштита, потврдена со повеќе клинички испитувања.
Пред сè, има чист финиш без лепливост по нанесувањето, бидејќи Dear, Klairs користеше природен систем на специјална емулзија за да создаде лесен, но сепак силен крем за сончање. Кремот за сончање се прилагопдува на кожата како лосион или есенција и не остава бела трага или масен сјај. Може исто така да го користите на телото или пред нанесување шминка.
Овој крем не предизвикува иритација и е погоден за чувствителна кожа, бидејќи наместо емулгаторите кои се користат вообичаено во кремите за заштита од сонце, користи емулгатори од растително потекло кои го прават овој крем лесно прилагодлив на кожата и не предизвикуваат иритација.
Може да се нанесува на областа околу очите, без страв од иритација, за да ѝ ја пружи потребната заштита на нежната кожа во оваа област.
Карактеристики:
Вегански хемиски крем за сончање формулиран со екстракт од азиска центела за смирување на кожата и помага во рамнотежата на маслото и водата, додека ја штити кожата од УВ зраци со широк спектар SPF50+ PA++++.
Збогатен со пантенол и дикалиум глициризат за хидрирање и негување на кожата, додека ја зајакнува бариерата на кожата.
Светлозелен влажн крем кој ја лади и ја хидрира кожата по нанесувањето без бели дамки. Некомедогено тестиран, погоден за кожа склона кон акни.
Начин на употреба: 1. Во последниот чекор од негата на кожата, нанесете умерена количина рамномерно на кожата 20 до 30 минути пред излегување.
2. Повторно нанесете по потреба кога сте изложени на силна сончева светлина.
Главни состојки:
Вода (Aqua), дибутил адипат, пропандиол, диетиламино хидроксибензоил хексил бензоат, полиметилсилсесквиоксан, етилхексил триазон, ниацинамид, метилен бис-бензотриазолил тетраметилбутилфенол, коко-каприлат/капрат, каприлил метикон, диетилхексил бутамидо триазон, глицерин, 1,2-хександиол, бутилен гликол, пентилен гликол, екстракт од Centella Asiatica, бехенил алкохол, поли C10-30 алкил акрилат, полиглицерил-3 метилглукоза дистеарат, децил глукозид, екстракт од лист од Melia Azadirachta, екстракт од цвет од Melia Azadirachta, кросполимер од акрилати/C10-30 алкил акрилат, пантенол, токоферол, дикалиум глициризат, мадекасозид, мадекасинска киселина, азијатикозид, азијатична киселина, Трометамин, карбомер, натриум стеароил глутамат, полиакрилат кросполимер-6, етилхексилглицерин, аденозин, масло од лист од рузмарин (Rosmarinus Officinalis), ксантанова гума, бутил алкохол
Пружете ѝ на кожата целосна заштита од штетното UV зрачење со лесно впивливото млеко за заштита од сонце 𝐌𝐢𝐬𝐬𝐡𝐚 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐄𝐬𝐬𝐞𝐧𝐜𝐞 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟒𝟓/𝐏𝐀+++.
Овој крем за заштита од сонце пружа моќна заштита благодарение на новиот двослоен систем за блокирање на UV зраците. Пружа полн спектар на заштита од UVA и UVB зраци. Обезбедува долготрајна и непробојна UV заштита, дури и кога влажноста се зголемува.
Отпорен на вода и пот, овој крем пружа долготрајна заштита. Благодарение на двослојниот систем на специјален полимер oстанува на своето место подолго време дури и кога е изложен на пот, вода, или топлина.
Содржи есенција со комплекс од 6 растителни екстракти за нега на кожата кои ја хидрираат и омекнуваат кожата, исто така ги подобруваат тенот и текстурата на кожата.
Заштитата од сонце е многу важна за да се спречи предвремеото стареење на кожата. Овој крем се бори против оштетувањето кое го предизикуваат UV зраците и против предвремените знаци на стареење. Помага во спречување на изгореници и може да го намали ризикот од рак на кожата и раното стареење на кожата доколку се користи според упатствата со други мерки за заштита од сонце.
Клучни состојки:
▪️ Екстрактот од лист од Camellia Sinensis (зелен чај) е моќен антиоксидант со UV заштитни, антиинфламаторни и антимикробни способности, корисен кај розацеа, акни и атопичен дерматитис.
▪️ Пантенолот е провитамин со навлажнувачко, хидратантно дејство, кој има антиинфламаторни и заштитни својства. Помага во спречување на иритација.
▪️ Сокот од лист од алое вера има силни антиинфламаторни, смирувачки и навлажнувачки својства.