1.071 ден Original price was: 1.071 ден.857 денCurrent price is: 857 ден.
Нема на залиха
1.071 ден Original price was: 1.071 ден.857 денCurrent price is: 857 ден.
Нема на залиха
MATRIGEN Tone Up Liquid Sun Cream е професионален производ за заштита од сонце од новата генерација, кој ги комбинира физичките и хемиските филтри за да обезбеди повеќестепена заштита од UVA и UVB зраците. Неговата уникатна лесна и течна текстура рамномерно се распоредува на кожата, обезбедувајќи моментална хидратација и природен „Tone-Up“ ефект – суптилно осветлување и здрав сјај без бели траги. Флуидот не остава лепливо чувство, правејќи ја кожата кадифена на допир, што го прави совршен избор за секојдневна употреба, самостојно или како подлога за шминка.
Овој крем нуди решение за сите кои бараат сигурна заштита од сонцето, но сакаат да избегнат тешки и мрсни текстури. Идеален е за безживотна кожа на која и недостасува енергија, за кожа со нерамномерен тен, како и за чувствителна кожа склона кон иритации. Благодарение на комбинацијата од филтри, производот обезбедува моќен штит против фотостареењето, додека истовремено ја смирува и ја обновува кожата во текот на целиот ден.
Комбинираниот систем на филтри и ниацинамидот се во центарот на оваа формула. Системот на современи филтри гарантира максимален спектар на заштита, додека ниацинамидот активно работи на осветлување на пигментацијата, изедначување на микрорелјефот и зајакнување на заштитната бариера, давајќи му на лицето свеж и негуван изглед.
Содржи егзозоми (Extracellular Vesicles), биотехнолошка иновација со голема ефикасност. Тоа се микроскопски „паметни“ гласници кои продираат многу подлабоко од обичните растителни екстракти. Егзозомите во овој крем вршат активна клеточна комуникација. Тие испраќаат сигнали до кожата да се регенерира, ги поправаат оштетувањата на ДНК на клетките и го зајакнуваат имунитетот на кожата. Ова е буквално „нега на иднината“ во SPF производ.
Комплексот на Центела има терапефтско дејство. Производот содржи четири чисти состојки од центела мадекасозид, азиатикозид, азијатична киселина и мадекасинска киселина. Ако имате активни воспаленија, акни или чувствителни места, овие состојки активно ги лекуваат во моментот кога сонцето најмногу се обидува да ги иритира.
Има течна формулација со масло од Limnanthes Alba (medowfoam). Ова масло има уникатен состав на масни киселини кои се екстремно стабилни на топлина (не оксидираат на сонцето како некои други масла). Тоа ја прави текстурата течна и оставаат да „дише“, давајќи му на лицето сјај кој не изгледа мрсно, туку како здрава, хидрирана кожа.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
Начин на употреба: Користете го како последен чекор од утринската рутина за нега. Нанесете соодветна количина од флуидот на исчистена и хидрирана кожа на лицето, вратот и деколтето, 15-20 минути пред изложување на сонце. Распоредете рамномерно со нежни движења до целосно впивање. При подолг престој на директно сонце, се препорачува обновување на заштитата на секои 2 часа.
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Soothing Sun Milk SPF50+ PA++++ e крем задневна заштита од сонце со центела и чајно дрво за осетлива кожа склона кон акни.
Тоа е иновативен хибриден производ за заштита од сонце што го комбинира најдобро од природната нега и научната ефикасност. Формулиран со Centella asiatica од Мадагаскар и 90.000 ppm вода од лист од чајно дрво, овој лесен флуид е создаден специјално за кожа која реагира со црвенило, воспаленија, масна Т-зона или појава на акни.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни карактеристики и предности:
• Има највисока UV заштита со широк спектар(SPF50+ PA++++) и ја штити кожата од штетните UVA и UVB зраци, спречувајќи фотостареење и хиперпигментации.
• Содржи Tea-Trica комплекс, синергиска комбинација на екстракти од чајно дрво, бор, јаглика и чемпрес кој ја намалува појавата на акни, црвенило и чувствителност.
• Centella asiatica од Мадагаскар e позната по високата концентрација на активни состојки (asiaticoside, madecassic acid) кои ја смируваат и обновуваат кожата.
• Anti-Sebum P комплексот го регулира прекумерното мрсење и помага во стеснување на порите, за почиста и поизедначена текстура.
• Има немрсна формула, во вид на млеко која брзо се впива без бел траг, идеална за секојдневна употреба дури и под шминка.
• Производот е докажано некомедогено и дерматолошки тестиран, безбеден и за најчувствителните типови на кожа, вклучувајќи и кожа склона кон акни.
Состав што се грижи за кожата:
Погоден за мрсна, комбинирана, осетлива и кожа склона на акни. Совршен избор за оние што сакаат смирувачка дневна заштита со лесна текстура и дополнителна нега.
Употреба: Нанесете наутро како последен чекор од вашата рутина. Повторно нанесување е препорачливо на секои 2–3 часа при изложување на сонце.
Toa e напредна дневна крема за лице што нуди целосна заштита, хидратација и регенерација, со лесна формула погодна за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна. Формулирана за да го зајакне кожниот микробиом и да ги заштити клетките од фотоокислителен стрес, оваа крема делува како прва линија на одбрана против сончево стареење и надворешни агресори.
Содржи SPF25 што обезбедува ефикасна заштита од штетните UVA и UVB зраци, спречува предвремено стареење и оштетување од сонце, правејќи ја одличен избор за дневна употреба – самостојно или под шминка.
Клучни карактеристики и состојки:
– Photobiome™ технологија: Иновативна состојка која го балансира кожниот микробиом, ја подобрува бариерата и го зголемува природниот сјај на кожата.
– Арника: Позната по антивоспалителни и смирувачки својства, ја намалува црвенилото и иритациите, нудејќи ефект на ладење и смирување.
– Длабинска хидратација: Формулирана да ја задржи влагата, оставајќи ја кожата мека, еластична и комфорна во текот на целиот ден.
– Нежна и немрсна текстура: Брзо се апсорбира без да остави мрсни траги или лепливост.
– Еко-свесна формула: Составот е внимателно избран за да биде безбеден за кожата и пријателски кон животната средина.
– Погодна за сите типови кожа: Вклучувајќи сува, мрсна, комбинирана и чувствителна кожа.
– Лесна за секојдневна рутина: Идеална како последен чекор во негата, пред шминка или самостојно.
Toa не е само заштита – тоа е секојдневен ритуал за здрава, балансирана и сјајна кожа. Формулирана со висококвалитетни состојки што ѝ даваат на кожата само најдоброто.