120 ден Original price was: 120 ден.96 денCurrent price is: 96 ден.
Нема на залиха
120 ден Original price was: 120 ден.96 денCurrent price is: 96 ден.
Нема на залиха
Skin1004 Madagascar Centella Watergel Sheet Ampoule Mask 25ml е освежувачка лист-маска натопена со концентрирана гел-есенција од чист екстракт на Centella Asiatica од Мадагаскар, глицерин и камилица. Маската обезбедува интензивна хидратација и длабинско смирување на чувствителната и иритирана кожа, помагајќи во регенерација и подобрување на кожната бариера.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Формулата е збогатена со активни состојки како медеказинска киселина и асиатикозид кои го поттикнуваат создавањето колаген и го забрзуваат обновувањето на кожата. Екстрактот од камилица има антиинфламаторни својства кои дополнително ја смируваат кожата. Благодарение на глицеринот, кожата останува хидрирана и мека со секоја употреба.
Нежната и еластична лист-маска е изработена од мек материјал кој не се кине и обезбедува пријатно чувство при нанесување. Нелепливата ампула остава свеж и хидриран финиш без тежина на кожата.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relaxing Mask е лист-маска специјално дизајнирана за смирување на иритирана, мрсна и кожа склона на акни. Богата со комплекс од чајно дрво, азиска центела од Мадагаскар и салицилна киселина, оваа маска помага да се намалат воспаленијата, да се исчистат порите и да се регулира вишокот себум.
Лесната и освежувачка есенција брзо се апсорбира без лепливост, додека кожата останува балансирана.
Придобивки:
Главни состојки:
Tea-Trica Relaxing Mask е идеално решение за оние што сакаат чиста, смирена и балансирана кожа без вишок масло и несакани нечистотии.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!