120 ден Original price was: 120 ден.96 денCurrent price is: 96 ден.
Нема на залиха
120 ден Original price was: 120 ден.96 денCurrent price is: 96 ден.
Нема на залиха
AIPPO Expert Collagen Lifting Mask е премиум производ за интензивно подмладување, дизајниран да ја врати еластичноста и цврстината на кожа во домашни услови. Оваа иновативна колагенска маска за лице користи патентирана технологија на специјална ткаенина кој се собира при контакт со кожата, овозможувајќи перфектно прилепување и максимална апсорпција на богатата формула со концентрација на ампула.
Со уникатна комбинација од 7 типа на премиум колаген, оваа маска е идеален анти-ејџ третман за кожа која има потреба од длабинска исхрана и лифтинг ефект. Формулата е збогатена со ретинол, пептиди и еластин, кои работат во синергија за измазнување на брчките, подобрување на текстурата и враќање на природниот сјај на кожата.
Покрај моќниот лифтинг ефект, оваа маска нуди и вистинско сетилно уживање. Текстура има конзистенција на ампулаа со нежно-виолетова боја од природно потекло. Оваа текстура е густа, богата и интензивно хранлива, што ја прави многу поконцентрирана од обичните водени маски. Маската има природен, релаксирачки мирис на лаванда, кој придонесува за „спа-уживање“ во домашни услови додека маската делува на лицето.
Клучни придобивки:
Активни состојки:
Начин на употреба: Темелно исчистете го лицето. Отстранете ја заштитната фолија од маската. Поставете ја маската рамномерно на лицето. Оставете ја да делува 15 до 30 минути. Отстранете ја нежно и со лесно тапкање втријте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
SKIN1004 Probio-Cica Nourishing Mask е хранлива лист-маска која длабински ја негува и зајакнува кожната бариера. Формулирана со ферментиран екстракт од азиска центела од Мадагаскар, комплекс од 9 пептиди и церамиди, оваа маска интензивно хидрира, ја зацврстува кожата и ја штити од губење на влага.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Ферментираната центела овозможува подобра апсорпција на активните состојки и помага во смирување и обновување на иритирана кожа. Комплексот од пептиди ја зголемува еластичноста и придонесува за цврста и подмладена кожа, додека церамидите ја зајакнуваат природната бариера и спречуваат дехидрација.
Со својата богата млечна есенција и ултрамек материјал кој совршено се прилепува, маската овозможува длабока нега без лепливост, оставајќи ја кожата мазна, сјајна и хидрирана. Идеална е за сува, нормална, комбинирана и осетлива кожа.
Придобивки:
Како се користи: По чистење на лицето нанеси тоник за подготовка на кожата. Отвори ја маската и постави ја рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и устата. Остави да делува 10-20 минути. Потоа отстрани ја и со нежни тапкања втриј го остатокот од есенцијата додека целосно не се апсорбира