150 ден Original price was: 150 ден.93 денCurrent price is: 93 ден.
Нема на залиха
150 ден Original price was: 150 ден.93 денCurrent price is: 93 ден.
Нема на залиха
Beauty of Joseon Centella Asiatica Calming Mask е хидратантна и смирувачка лист-маска, формулирана со 15% екстракт од Centella Asiatica, позната по своите регенеративни и анти-воспалителни својства. Оваа ултра тенка Tencel маска совршено се прилепува на кожата, овозможувајќи максимална апсорпција на активните состојки без да ги затвора порите.
Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 10-20 минути. Потоа нежно масирајте ја преостанатата есенција додека целосно не се апсорбира.
Оваа смирувачка лист-маска со Centella Asiatica и хијалуронска киселина е идеална за сите типови кожа, особено за чувствителна и дехидрирана кожа што има потреба од брза нега и обновување.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Со својата освежувачка есенција, маската ја враќа виталноста на кожата и обезбедува чувство на цврстина, при што не остава лепливост по отстранувањето.
Оваа маска е идеална за сува, нормална, комбинирана и чувствителна кожа која има проблеми со пори, нерамна текстура или вишок себум.
Medicube PDRN Pink Collagen Jelly Gel Mask е ноќна гел маска што обезбедува длабока хидратација, зголемена еластичност и мазен, сјаен изглед. Формулирана со salmon PDRN (ДНК од лосос) и нискомолекуларен колаген, оваа маска помага во регенерацијата на кожата и поттикнува природно производство на колаген.
PDRN (полидезоксирибонуклеотид) ја зајакнува кожната бариера, ја подобрува хидратацијата и го поттикнува обновувањето на клетките. Хидролизираниот колаген продира длабоко во кожата, обезбедувајќи цврстина и мазност.
Клиничките тестирања покажуваат:
Гел формулата се трансформира од мат желе во транспарентен гел, сигнализирајќи дека кожата ја апсорбирала оптималната количина на активни состојки. Дерматолошки тестирана и без вештачки бои, погодна е за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна.
Моментално ја намалува температурата на кожата за 7.9°C, овозможувајќи освежување и смирувачки ефект.
Како да се користи: нанесете рамномерно на чиста кожа како последен чекор во вечерната рутина, оставете да делува преку ноќ.