1.860 ден Original price was: 1.860 ден.1.302 денCurrent price is: 1.302 ден.
Нема на залиха
Deep In a Barrier Cream на корејскиот бренд Sioris е крем со светло зелена кремаста текстура кој помага во обновување на бариерата на кожата. Во неговиот состав се наоѓа маслото од таману и шеа путерот, идеална формулација на состојки кои помагаат во балансирање и смирување на сувата, иритирана кожа, без чувство на маснотија.
Маслото од Таману има длабок и изразен медицински мирис кој потсетува малку на орев. Sioris е бренд кој никогаш не користи вештачки мириси во нивните производи, така што овој мирис е природен, а производот вегански.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот на лицето и нежно тапкајте со дланките за подобра апсорпција.
1.860 ден Original price was: 1.860 ден.1.302 денCurrent price is: 1.302 ден.
Нема на залиха
За чисти пори и сјајна кожа, тука е Tea Tree Pore Purifying Gel Cream 5% Niacinamide + 0.1% PHA на познатиот корејски бренд за природна и органска козметика AROMATICA.
Пробајте го овој лесен гел крем формулиран со природно масло од австралиско чајно дрво и ниацинамид и уживајте во совршено чиста и сјајна кожа.
Овој крем помага во контролата на прекумерното лачење на себум со што ги одржува чисти порите и помага во контролата на балансот на водата и мастите на кожата, правејќи ја кожата помазна и почиста.
PHA е состојка со повеќе придобивки за кожата. Прави нежен пилинг кој создава поздрави клетки на површината на кожата, намалувајќи ја хиперпигментацијата, а исто така ја хидрира кожата. Помагаво зпречување на појавата на фини линии и брчки.
КОРИСТЕТЕ ГО ОВОЈ ПРОИЗВОД КАКО НОЌНА МАСКА: Оние денови кога вашата кожа се чувствува чувствителна и сува, земете двојно повеќе од вообичаената количина и користете ја како маска за спиење. Вашата чувствителна кожа ќе се смири изненадувачки брзо.
Препорачана употреба: Земете соодветна количина на крем за прочистување на порите од чајно дрво на последниот чекор од вашата рутина за нега на кожата. Нанесете и тапкајте за подобра апсорпцијата. Тоа ви помага да ги задржите вашите пори затегнати и вашата кожа мазна.