Нежна вода за ексфолиација креирана за да го изедначува тенот и да ја измазнува текстурата на кожата Taa e формулирана со манделична киселина, која делува нежно на површината на кожата. Ги отстранува наталожените мртви клетки за да го подобри ефектот на следните продукти од рутината занега. Помага да се изедначи уморниот или невооедначениот тен и ја измазнува грубата кожа.
Употреба: По чистењето, нанесете соодветна количина од производот на кожата и тапкајте нежно за да се апсоорбира. Доколку сакате поефективна ексфолиација, натопете памучен тупфер со производот и пребришете ја кожата.
Клучни состојки: манделична киселина (5%), бета-глукан, пантенол, екстракт од Centella asiatica, екстракт од Houttuynia cordata.
Состав: вода, манделична киселина, бутилен гликол, бета-глукан, пантенол, екстракт од корен од Glycyrrhiza glabra (сладок корен), екстракт од плод од Prunus amygdalus dulcis (благ бадем), натриум хијалуронат, сорбитан сесквиолеат, екстракт од Centella asiatica, екстракт од Houttuynia cordata, сорбитол, диметил сулфон, хлорофенесин, натриум цитрат, аргинин, PEG-60 хидрогенирано рицинусово масло, етилхексилглицерин, нато гума, карбомер.
Нето содржина: 120 ml
Овој тонер помага во навлажнување, враќање на балансот и омекнување на чувствителната кожа, благодарение на екстрактот од роза и ферментите на галактомицес.
Вода од цвет од Rosa damascena– 70%
Galactomyces Ferment Filtrate – 10%
200ml
Snail Bee High Content Skin е тонер од линијата за нега со филтрат од слуз од полжав висока концентрација и пчелин отров, кој ја одржува кожата хидрирана и мазна. Одговара на сите типови кожа, но поради своите регенеративни и антибактериски својства посебно се препорачува и за многу чувствителна кожа. Исто така помага во намалување на постинфламаторната хиперпигментација.Во својата формула содржи растителни екстракти како што се екстрактот од лист од Camellia sinensis и екстракт од чајно дрво, Melaleuca alternifolia, кои се одлични природни антиоксиданти кои помагаат во подобрувањето на текстурата на кожата и враќањето на нејзината природна виталност. Клучни активни состојки на оваа формула се филтратот од слуз од полжав, отровот од пчела и sh-олигопептидот-1 уште нарече епидермален фактор на раст (Epidermal Grow Factor EGF). Тие се познати по своите анти-ејџинг својства и помагаат во регенерирање на кожата.
По чистењето на лицето, втор клучен чекор во третманот за нега во корејската рутина е нанесувањето на тонер кој се сретнува под различни називи (Skin/Toner/Bооster) зависно од брендот. За разлика од тониците на кои сме навикнати и кои се користат за чистење и освежување на кожата, тонерите во корејската рутина за нега на кожата се наменети да ја хидрираат кожата и да ја подготват за подобра апсорпција на другите производи за нега. Тие со својата лесна текстура навлегуваaт во длабоките слоеви на кожата, ја ревитализираат од внатре, ја снабдуваат со потребните хранливи материи и ја балансираат нејзината pH вредност.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Тонерот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Snail Bee High Content тонерот е дерматолошки тестиран.