1.290 ден
Нема на залиха
Со изобилство од природни и органски состојки, Feel So Fresh Toner од корејскиот бренд Sioris, и помага на кожата да ја врати рамнотежата, истовремено додававајќи и хидратација и подобрувајќи ја текстурата на кожата.
Органскиот екстракт од цитрус од Џеџу е преполн со витамин Ц, кој помага во осветлувањето на кожата, додека екстрактот од брокула додава хидратација на чувствителната кожа. Екстрактот од кора од црна врба нежно ја ексфолира кожата, помага да се елиминираат црните точки и мртвите клетки, како и во контролата на себумот.
Овој природен тонер е направен со 90% органски сезонски состојки од Јужна Кореја, за оптимална свежина и ефикасност. Клинички тестиран, не иритирачки, овој тонер е совршен за оние со мрсна, комбинирана и чувствителна кожа. Со ниска pH вредност и антимикробен, овој тонер не содржи парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
УПОТРЕБА: По чистењето, нанесете го тонерот на памучна подлога и со кружни движења, нежно поминете низ целото лице.
1.290 ден
Нема на залиха
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
Dear,Klairs Supple Preparation Unscented Toner е тонер без есенцијални масла чија формула има основа од различни растителни екстракти кои помагаат во балансирање на pH вредноста и на кожата ѝ пружаат потполна нега.
Клучни сосојки: натриум хијалуронат, бета-глукан, екстракт од Centella asiatica, Lipidure.
Употреба: Нанесете од тонерот на чисто лице. Нежно тапкајте со дланките по це- лото лице додека не се впие целосно остатокот од производот.
Состав: вода, бутилен гликол, диметил сулфон, бетаин, каприлен/капрински триглицерид, нато гума, натриум хијалуронат, динатриум EDTA, екстракт од Centella asiatica, екстракт од корен од Glycyrrhiza glabra (сладок корен), поликватерниум-51, хлорофенесин, токоферил ацетат, карбомер, пантенол, аргинин, екстракт од плод/лист/стебло од Luffa cylindrica, бета-глукан, екстракт од цвет од Althea rosea, екстракт од лист од Aloe barbadensis, хидроксиетилцелулоза, екстракт од Portulaca oleracea, лизин HCL, пролин, натриум аскорбил фосфат, ацетил метионин, теанин, бакар трипептид-1.