1.195 ден 960 ден
Нема на залиха
1.195 ден 960 ден
Нема на залиха
Пенливо средство за чистење на лицето специјално формулирано со филтрат од слуз од полжав. Се претвора во мека и кремаста пена која длабински го чисти себумот и нечистотиите од кожата, со што го намалува создавањето на црнки. Исто така активно ја хидрира кожата и ја подобрува нејзината текстура.
Aromatica Orange Cleansing Sherbet е нежен, но ефикасен балзам за чистење на лицето на маслена база, кој со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави благ пилинг на лицето отстранувајќи ги наталожените мртви клетки.
Toa е балзам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.
⠀
Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, боја и активни состојки.
Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се расворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина, благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин Е кои на кожата и даваат еластичност.
⠀
Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се маслото од цвет на Cananga odorata, маслото од стебло на Cedrus atlantica (кедар) и маслото од кора на Citrus aurantium dulcis (портокал).