Кошничка 1 x

Product

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner 210ml

1.390 ден

Нема на залиха

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner e прочистувачки тонер за балансирана и чиста кожа.

Овој тонер е препорачан чекор во рутината за секој кој се бори со мрсна кожа и чести воспаленија. Овој корејски тонер е специјално креиран за да ја прочисти кожата, да го отстрани вишокот себум и да го изедначи тенот без да предизвика иритација. Неговата водена и лесна текстура се апсорбира речиси моментално, оставајќи го лицето свежо, хидрирано и подготвено за следните чекори од негата.

Она што го прави овој тонер исклучително ефикасен е комбинацијата на БХА (салицилна киселина) и моќниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Тој дејствува директно на порите, каде го регулира создавањето на себум, ги отстранува мртвите клетки со што го спречува затнуваето на порите и го спречува создавањето на комедони и нови акни преку длабинско чистење на нечистотиите. Со редовна употреба, овој тонер помага во воспоставување на идеална рамнотежа помеѓу мастите и влагата во кожата, што резултира со посветол и помазен изглед на лицето.

Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.

Овој SKIN1004 прочистувачки тонер е клинички тестиран како хипоалерген и не-комедоген производ, што го прави совршен избор за мрсна, комбинирана и кожа склона кон акни, вклучувајќи ги и најчувствителните типови.

Клучни придобивки:

  • Овој тонер ефикасно ги отстранува мртвите клетки и вишокот себум, со што ја прави кожата помазна и помалку масна.
  • БХА киселината во составот помага во темелно одзатнување на порите и спречува акумулација на нови нечистотии.
  • Tea-Trica комплексот кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар овозможува брзо смирување на иритациите и ги намалува воспалителните процеси.
  • Специјалниот CS-Sebum cleaner комплекс го регулира лачењето на маснотии во текот на денот за поздрав изглед на тенот.
  • Лесната водена формула обезбедува освежувачка завршница без никаква лепливост или чувство на тежина на лицето.

Клучни состојки

  • Водата од лист на чајно дрво (126,900 ppm) делува како моќен природен антисептик кој ги третира воспаленијата и помага во отстранување на акните.
  • Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е клучен за смирување на чувствителната кожа и за зајакнување на нејзината природна бариера.
  • Pine Tree комплексот (екстракт од бор и вода од чемпрес) има силни антиинфламаторни својства кои го намалуваат црвенилото на кожата.
  • Салицилната киселина (BHA) овозможува нежна хемиска ексфолијација која е клучна за кожа склона кон митесери и неправилности.
  • Екстрактот од лаванда и костен (CS-Sebum cleaner) помагаат во природно контролирање на себумот и ги затегнуваат проширените пори.
  • Лимонската киселина (Citric Acid) придонесува за балансирање на pH вредноста и дополнително го осветлува тенот.

Начин на употреба: По чистење на лицето, нанесете соодветна количина од тонерот на памучен тупфер или директно на дланките. Нежно поминете преку целото лице во насока на текстурата на кожата или тапкајте со прстите додека производот целосно не се апсорбира. Се препорачува за употреба во утринската и вечерната рутина.

Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Water, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Water(126,900ppm), Butylene Glycol, Propanediol, Methyl Gluceth-20, 1,2-Hexanediol, Hydroxyacetophenone, Carbomer, Centella Asiatica Extract(1,000ppm), Polyglyceryl-10 Laurate, Tromethamine, Pentylene Glycol, Ethylhexylglycerin, Caprylyl Glycol, Chamaecyparis Obtusa Water, Citric Acid, Disodium EDTA, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Oil(200ppm), Sodium Citrate, Pinus Palustris Leaf Extract, Salicylic Acid, Castanea Crenata (Chestnut) Shell Extract, Lavandula Angustifolia (Lavender) Flower Extract.

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Purifying Toner 210ml

1.390 ден

Нема на залиха