Кошничка 7 x

Product

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule 30ml

650 ден

Нема на залиха

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule е смирувачка ампула (серум) за проблематична кожа.

Оваа ампула е специјално формулирана за да пружи идеално решение за кожа склона кон акни и чести воспаленија. Овој корејски серум содржи импресивни 80% од Tea-Trica комплексот, кој претставува моќна фузија од вода од чајно дрво и екстракт од центела за моментално смирување на иритираната кожа. Нејзината примарна задача е да ги третира активните воспаленија, истовремено спречувајќи го појавувањето на нови неправилности преку одржување на здрава рамнотежа на епидермисот.

Формулата е збогатена со патентираниот ANTI SEBUM P(HD) комплекс, кој има клучна улога во регулирањето на прекумерното лачење маснотии и видливото стеснување на порите. Текстурата на ампулата е исклучително лесна и течна, што овозможува таа веднаш да се впие во кожата без да остави никаков леплив остаток или чувство на тежина. Како некомедоген производ, оваа ампула е целосно безбедна за кожа со пори кои лесно се затнуваат, нудејќи хидратација и свежина кои траат во текот на целиот ден.

Мадагаскарската Centella asiatica која ја сождржи оваа ампула се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.

Оваа SKIN1004 Tea-Trica ампула е совршена за мрсна, комбинирана и чувствителна кожа која се соочува со акни, бидејќи е некомедогена и клинички е докажано дека не предизвикува иритации и активно помага во заздравувањето на кожата.

Клучни придобивки:

  • Оваа некомедогена ампула содржи висока концентрација од 80% Tea-Trica комплекс кој моментално ги смирува иритациите и помага во ефикасниот третман на акните.
  • Специјалниот ANTI SEBUM P(HD) комплекс активно го контролира лачењето на себум и придонесува за видливо минимизирање на проширените пори.
  • Лесната и освежителна течна текстура се апсорбира во кожата веднаш по нанесувањето без да остави чувство на непријатност или лепливост.
  • Pine Tree комплексот помага во воспоставување на балансиран изглед на кожата склона кон неправилности и црвенило.
  • Формулата е клинички тестирана и обезбедува нежна нега која е погодна дури и за најчувствителните типови проблематична кожа.

Клучни состојки:

  • Водата од лист на чајно дрво (Tea Tree) со застапеност од 94.000 ppm делува како природен антисептик кој ги сузбива воспаленијата и ги смирува активните акни.
  • Екстрактот од Centella Asiatica ја зајакнува природната заштитна бариера на кожата и интензивно го смирува црвенилото.
  • Pine Tree комплексот, кој вклучува екстракт од бор и вода од чемпрес, помага во прочистување на кожата и одржување на нејзината чистина.
  • Екстрактот од цвет од вечерна јаглика (Evening Primrose) заедно со коренот од пуерарија помага во контрола на себумот и ја негува кожата.
  • Маслото од чајно дрво во ниска концентрација дополнително го засилува антибактериското дејство на производот.
  • Глицеринот и пантенолот во составот се грижат за одржување на неопходната хидратација и спречување на дехидратација на кожата.

Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од ампулата (неколку капки со пипетата) директно на претходно исчистено лице и тонирана кожа. Рамномерно распоредете го производот и нежно тапкајте со дланките за да ја поттикнете неговата целосна апсорпција. Користете ја наутро и навечер пред нанесување на хидратантен крем.

Достапност: Нема залиха
Сподели на:

Земја на производство: Република Кореја

Состав: Water, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Water(94,000ppm), Glycerin, Butylene Glycol, Methyl Gluceth-20, Dipropylene Glycol, Glycereth-26, 1,2-Hexanediol, Centella Asiatica Extract(5,621ppm), Hydroxyacetophenone, Ammonium Acryloyldimethyltaurate/VP Copolymer, Propanediol, Polyglyceryl-10 Laurate, Ethylhexylglycerin, Pentylene Glycol, Caprylyl Glycol, Pinus Palustris Leaf Extract, Chamaecyparis Obtusa Water, Disodium EDTA, Melaleuca Alternifolia (Tea Tree) Leaf Oil(200ppm), Oenothera Biennis (Evening Primrose) Flower Extract, Pueraria Lobata Root Extract, Ulmus Davidiana Root Extract.

SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica Relief Ampoule 30ml

650 ден

Нема на залиха