Природниот рачно изработен сапун со коприва ја чисти и хидрира кожата на телото без да ја наруши природната влажност. Погоден е за сите типови на кожа како и за миење на кратка коса. Благодарение на драгоцените состојки кои ги содржи копривата како што се флавоноидите, стеролите, хлорофилот, минералните соли, витаминот Ц, провитаминот А и други делотворни состојки, овој сапун ја зајакнува заштитата на кожата, ги намалува воспаленијата и црвенилото, делува антибактериски, го регулира создавањето на себумот, го стимулира растот на косата и го елиминира првутот.
Природниот рачно изработен сапун со кафе одговара на сите типови кожа. Тој има неверојатна формула за длабинско чистење на кожата. Кафето како додаток, има пилинг ефект, ја поттикнува циркулацијата и делува против целулит. Може да се користи за ексфолијација на кожата на лицето и телото. Есенцијалното масло од рузмарин ја релаксира и регенерира кожата, додека маслото од еукалиптус делува антисептично.