699 ден
699 ден
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Quick Clay Stick Mask е веганска маска од глина во практичен формат на стик, дизајнирана за брзо и лесно прочистување на порите и контрола на себумот. Оваа корејска маска комбинира моќни состојки за чистење со смирувачка нега, што ја прави идеална за сите типови кожа, вклучително и чувствителна. Форматот на стик овозможува прецизно нанесување без неред и контакт со рацете.
Маската содржи 5 видови глина (вклучувајќи 18% каолин и бентонит) кои делуваат како сунѓер за себумот, ефикасно апсорбирајќи го вишокот себум, нечистотии и комедоните. Клучна состојка за ексфолијација е правта од црвен грав (Phaseolus Angularis), кој нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата за помазна текстура. Истовремено, хималајската розова сол, екстрактот од азиска центела (4,9%) и екстрактот од алое вера ја смируваат чувствителната кожа и обезбедуваат хидратација, со 30% хидратантна есенција во формулата.
Екстрактот од центела кој го содржи овој производ е екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој Clay Stick е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа која бара ефикасно, но неиритирачко решение за стеснување на порите и отстранување на комедоните и намалување на видливоста на себацеозните филаменти. Себацеозните филаменти се составени од мешавина на себум и мртви клетки на кожата кои природно се собираат околу фоликулот на влакното. Тие не се „блокада“ на порите како комедонитте, туку дел од нормалната структура на порите, но нивната видливост може да се намали. Маската делуваза да ги направи порите почисти и помалку видливи.
Формулата е без вештачки мириси и бои и е безбедна за дневна употреба.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: По миењето на лицето, нанесете ја маската директно од стикот на суво лице, избегнувајќи ги пределот околу очите и устата. Оставете ја да делува 3 до 5 минути. Исплакнете темелно со млака вода.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad се вегански хидрогел лепенки за интензивна нега и смирување на кожата.
Овие мултифункционални хидрогелни лепенки, збогатени со екстракт од млада тиква со потекло од кореја и и екстракт од тиква ферментиран со лактобацилус, обезбедуваат длабинска нега и зајакнување на кожата. Со својата лесна, хидрогел текстура, веднаш се прилепуваат на кожата, создавајќи ефект на освежување и ладење.
Совршено се прилагодуваат за осетливите зони околу очите, усните и челото, но и за поголеми површини како образите и вратот. Благодарение на 100% растворливата формула, тие постепено ја ослободуваат својата хранлива есенција, оставајќи ја кожата еластична, мазна и ревитализирана.
Главни придобивки:
Клучни состојки:
Како да се користи:
Со помош на шпатула, поставете ги поголемите облоги околу очите, а помалите на местата кои имаат потреба од посебна нега, како што се пределот околу усните или челото. Оставете ги да делуваат 20-30 минути, а потоа нежно тапкајте за да се апсорбира преостанатата есенција.
Со Shiny Pumpkin Vegan Jelly-Pad, вашата кожа ќе биде видливо смирена, хидрирана и свежа со само еден третман!
Нежна и прочистувачка гел маска. Тоа маска инспирирана од извонредноста на светите цветови на египетски лотос, за да се постигне порцеланска кожа, сјајна, но без мрсен сјај. Содржи коктел од избрани растителни екстракти кои помагаат за чистење и ексфолијација на кожата на ефикасен начин благодарение на неговата природна содржина на AHA. Ги храни и заштитува и подлабоките слоеви на кожата. Дава инстант чувство на удобност. Кожата дише, се релаксира и ни дава целокупно пријатно чувство.
Наменета за балансирање, ексфолијација и ревитализација на сите типови кожа, особено масна и проблематична. Благодарение на Regénine (комплекс од природни AHA киселини и растителни екстракти) и Nelupure (екстракт од два вида лотос), кожата станува почиста, посјајна и со изедначен тен.
Клучни придобивки:
Стимулира обновување на кожата
Нежна ексфолијација што ја подобрува текстурата и го намалува пигментацијата
Ја елиминира непријатната маснотија и сјај
Делува смирувачки и балансирачки
Погодна за сите типови кожа, особено масна и склона кон акни
Ја прави кожата посветла, почиста и визуелно изедначена
Начин на употреба:
На чисто лице нанесете тенок слој од маската, избегнувајќи го пределот околу очите.
Оставете да делува 20 минути, потоа исплакнете со млака вода.
Користете 1–2 пати неделно за оптимален ефект.