2.080 ден
2.080 ден
Ревитализирајте и енергизирајте ја кожата на лицето за да постигнете свежина и здрав сјај со 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔.
Овој серум кој содржи 6000mg екстракт од роза ѝ пружа длабинска, интензивна хидратација на кожата и ѝ ја враќа виталноста.
Бенефит:
▪️ има моќно антиоксидантно дејство и ја штити кожата од слободните радикали
▪️ ги намалува фините линии и брчките и ја спречува појавата на нови
▪️ длабински и интензивно ја хидрира кожата
▪️ ги враќа виталноста и свежината на кожата
▪️ го подобрува тенот
Збогатен е со антиејџ сотојки како ниацинамид и аденозин за моќна борба против брчките и помазна, поцврста и поеластична кожа.
Содржи моќен комплекс на екстракти од неколку видови бобинки кои се витаминска бомба и ја енергизираат и ревитализираат кожата.
Природните екстракти во овој крем се добиени со специјален метд на декокција. Тоа е метод на екстракција без загревање, која ги екстрахира активните состојки без да го наруши нивниот квалитет. Со тоа тие ја задржуваат својата ефикасност.
Производот е сертифицирано вегански и содржи ECOCERT сертифицирани органски состојки.
Сакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи:
Серумот Beauty of Joseon Ginseng + Snail Mucin е идеален избор за кожа која изгубила еластичност и сјај. Формулиран со 63% екстракт од корен од женшен и 3% филтрирана секреција од полжав, овој серум овозможува интензивна хидратација, зацврстување и обновување на кожата. Женшенот, познат како „билка од боговите“ во традиционалната корејска медицина, е богат со сапонини кои продираат длабоко во кожата и обезбедуваат долготрајна хидратација. Секрецијата од полжав, која се користи за заштита на оштетената кожа, дополнително помага во регенерација и смирување на иритациите.
Овој серум е збогатен со екстракти од Centella Asiatica, печурки и Panax женшен, кои ја поттикнуваат природната обновливост на кожата. Неговата лесна текстура брзо се апсорбира без чувство на лепливост, што го прави совршен за секојдневна употреба. Нанесете 2-3 капки на чисто лице и нежно тапкајте за подобра апсорпција.