1.390 ден Original price was: 1.390 ден.1.112 денCurrent price is: 1.112 ден.
Нема на залиха
1.390 ден Original price was: 1.390 ден.1.112 денCurrent price is: 1.112 ден.
Нема на залиха
Започни ја рутината со свежина и сјај со Brightening Skin Prep Essence Pad, иновативни тупфери со тонер/есенција кои обезбедуваат интензивна хидратација и нега за осветлување и воедначување на тенот. Совршени за отстранување на наталожени нечистотии, мртви клетки и подготовка на кожата за следните чекори од рутината, овие тупфери се првиот чекор кон блескава, мазна и негувана кожа.
Изложеноста на УВ зраци доведува до зголемено создавање на меланин, појава на дамки, нерамномерен тен и губење на сјај. За да го спречиш ова, потребна е нега која дејствува и на површината и во длабоките слоеви на кожата. Brightening Skin Prep Essence Pad користи ефективна комбинација од алфа-арбутин и ниацинамид, заедно со екстракт од ориз и житарки од регионот Јеожу, за да го регулира производството на меланин, да ја намали хиперпигментацијата и да го изедначи тенот.
Со редовна употреба, тенот станува посветол, мазен и визуелно порамномерен. Формулата е доволно нежна за да се користи и наутро и навечер, бидејќи не создава чувствителност на сончева светлина.
Есенцијата од овие тупфери овозможува:
Клучни состојки:
Начин на употреба: По чистење на лицето, со приложената пинцета извади еден тупфер. Со текстурираниот дел помини нежно по целото лице, избегнувајќи ја областа околу очите. Потоа искористи ја мазната страна за дополнително навлажнување. Продолжи со серум и крем. Чувај го производот во исправена положба по отворање. Не го превртувај садот бидејќи есенцијата може да истече.
Мултифункционалниот тонер на Meisani служи и како тонер и како есенција, со богата текстура која ја подобрува функцијата на кожната бариера и ја зголемува хидратацијата за сјаен и свеж изглед на кожата. Формулиран со оризови трици, омилен состојка која гејшите ја користеле за омекнување и осветлување на кожата, овој тоник ефективно ја прочистува кожата, додека обезбедува антиоксиданси, витамини и минерали. Пантенолот придонесува за хидратација, смирување и обновување на кожата, додека хијалуронската киселина ја задржува влагата и обезбедува свеж и полн изглед.
Дополнително, овој тоник го содржи A-B-C комплексот, моќен микс од алантоин, бета-глукан и керамиди. Алантоинот обезбедува длабока хидратација и го смирува кожата, додека бета-глуканот и керамидите синергично работат за да ја обноват и зајакнат природната бариера на кожата. Без мирис и дерматолошки тестиран за чувствителна кожа, овој тоник нуди комплетно решение за нега на кожата без да се прави компромис на безбедноста и ефикасноста.
FAU Shiny Pumpkin Vegan Essence Toner е вегански тонер за длабинска хидратација и обновување на кожата.
Тоа е лесен, но моќен тонер што веднаш ја хидрира кожата и ја подготвува за следните чекори во рутината. Со 42% екстракт од млада тиква со потекло од Кореја, овој тонер освежува, смирува и обезбедува инстантна хидратација без лепливост.
Благодарение на својата течна текстура како есенција, брзо се апсорбира и остава чувство на свежина. Сертифициран од Korea Vegan, овој производ е целосно вегански и без тестирање на животни.
Нанесете соодветна количина на тоник како прв чекор во рутината за нега на кожата по чистењето. Нежно масирајте додека целосно не се апсорбира.
Со Shiny Pumpkin Vegan Essence Toner, вашата кожа ќе биде длабински хидрирана, освежена и видливо подобрена од првиот допир!
За помазна и почиста кожа вклучете го во својата рутина за нега подмладувачкиот тонер со гликолна киселина на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗧𝗼𝗻𝗲𝗿 нежно го отстранува надворешниот слој на кожата составен од мртви клетки за да открие почист и посјаен тен за младешки изглед на кожата.
Има уникатна напредна формула која вклучува гликолна киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од леска за да ја ревитализира кожата, да ѝ даде чувство на свежина и здрав сјај.
Бенефит:
▪️ Помага во намалување на фините линии и брчки
▪️ Ја намалува појавата на проширени пори
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се подобри изгледот на старечките дамки
▪️ Ја зголемува хидратацијата на кожата за помазна и попрефинета текстура
Клучни состојки:
▪️ Гликолната киселина помага во ексфолијација на мртвите клетки на кожата за да се открие посвеж, помазен и посветол слој на кожата. Тоа помага да се зголеми производството на колаген за да се направи кожата поцврста, поеластична и помазна, со помалку фини линии и брчки.
▪️ Алое вера е разладувачка и навлажнувачка состојка која помага за смирување и хидратација на кожата. Ја прави кожата мека и свиленкаста.
▪️ Зелениот чај помага да се заштити и одржува кожата здрава со минимизирање на знаците на стареење. Тој е моќен антиоксидант кој ја штити од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали.
▪️ Екстрактот од леска е состојка која ја смирува кожата.