1.690 ден Original price was: 1.690 ден.1.352 денCurrent price is: 1.352 ден.
Нема на залиха
𝗡𝗶𝗮𝗰𝗶𝗻𝗮𝗺𝗶𝗱𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 е мултифункционален серум кој ќе ви помогне да таргетирате неколку разични прблеми на кожата наеднаш. Тој ќе ви помогне да постигнете помалку мрсна, помазна кожа, со помалку видливи пори и порамномерен тен.
Таргетира:
▪️ Прекумерно лачење маснотии
▪️ Проширени пори
▪️ Пигментирани дамки
Toa e најноватa формулација на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, серум со 10% ниацинамид кој дејствува за постигнување здрава хидратација на кожата и тен кој е мазен, свеж и без пори!
Овој моќен серум комбинира 10% ниацинамид со хијалуронска киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од сладок корен за да делува на балансирање на мастите кои ги создава кожата за да ѝ даде почист, посвеж и помладешки изглед.
Од овој серум посебно имаат бенефит оние кои имаат потреба од регулирање на балансот на маснотиите кои ги создава кожата, односно да го намалат прекумерното лачење на себум и да ги намалат проширените пори. Исто така ја намалува хиперпигментацијата и го подобрува тенот. Длабински ја хидрира кожата и ги намалува брчките и фините линии.
Дејство:
▪️ Го балансира прекумерното лачење маснотии.
▪️ Ги намалува зголемените пори
▪️ Го изедначува тенот
▪️ Ja подобрува хидратацијата
▪️ Ги намалува фините линии и брчките
Клучни состојки:
▪️ 10% ниацинамид
▪️ хијалуронска киселина
▪️ екстракт од сладок корен
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ алое вера
Одлично се комбинира со серумите со витамин Ц, ретинол или хијалуронска киселина.
Хидрираната кожа е среќна кожа! Хидрирајте ја кожата со моќниот, а сепак нежен серум 𝗣𝘂𝗿𝗲 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 и спречете ја појавата на брчки.
Направен од 100% медицински чиста хијалуронска киселина, овој серум длабински ќе ја хидрира кожата за да го врати здравото ниво на влажност и еластичност.
Тоа е серум кој дава загарантирани резултати:
▪️ Ги пополнува брчките и фините линии
▪️ Ги одржува и зачувува еластичноста и цврстината на кожата
▪️ Ја прави кожата полна и свежа
▪️ Го стимулира создавањето на колаген
▪️ Ја спречува појавата на нови брчки
Хијалуронската киселна е состојка природно присутна во кожата и таа ја задржува водата во кожата со што и дава полн и свеж изглед на кожата. Со текот на годините содржината на хијалуронска киселина во кожата се намалува и кожата го губи полниот изглед и свежината. Овој серум помага да се врати влажноста во сите слоеви на кожата. Тој го одржува природното ниво на влажност во кожата. Тоа помага за брз ефект на полн изглед на кожата, свежина и сјај.