1.490 ден Original price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.
1.490 ден Original price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.
За здрав и негуван скалп пробајте го иновативниот серум на корејскиот бренд Tisha кој го стимулира растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање.
▫️ Го спречува опаѓањето на косата предизвикано од стрес.
▫️ Го стимулира растот на косата.
▫️ Го зајакнува коренот на влакното.
▫️ Го негува скалпот.
Патентираната состојка, моќниот пептид, Biotinoyl Tripeptide-1 помага при опаѓањето на косата предизвикано од стрес. Благодарение на микроигличките од природен биоматеријал Phytosilica, активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата на скалпот и ефикасно го стимулираат растењето на косата.
Има здрава формула која не содржи никакви штетни состојки.
Не содржи парабени, PEG, минерални масла, глутен или вештачки бои.
На што се должи ефикасностa на Tisha SCALP7 Serum?
Содржи специјален пептид исклучително моќен во стимулирање на растот на косата и зајакнување на коренот. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против опаѓањето на косата е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm, кои не се видливи за човечкото око.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Опис:
Beardburys Curl Booster е професионален активатор за кадрици наменет за мажи со карактер. Засилете ги вашите кадрици во турбо режим без да го изгубите вашиот стил. Дава дефиниран стил и природен финиш. Beardburys Curl Booster не е гел, не е пена, не е спреј и дефинитивно не е за секого. Тоа е вистински засилувач на кадрици за мажи кои сакаат дефиниција, волумен и контрола на кадриците, без крутост. Со средна цврстина и природен, сјаен финиш, го подобрува обликот на вашата коса, а воедно дозволува нејзина подвижност. Наменет е за мажи со кадрава, брановидна или трајна коса, бербери кои сакаат да обезбедат услуги за прецизно дефинирање на кадрици и клиенти кои бараат лесно и ефикасно стилизирање на кадрици дома. Совршена за професионална употреба во берберница, но и за клиенти кои сакаат да го одржат својот изглед дома.
Предности:
Како се користи?
Нанесете мала количина на влажна коса.
Рамномерно распоредете од средината а косата до врвовите.
Обликувајте со помош на прстите или со дифузер
Сушете на воздух или со фен
K02 Bubble Club е нежна комбинирана формула за миење на косата и телото, создадена за чувствителната кожа на децата и бебињата. Ефикасно ги отстранува нечистотиите, а притоа ја одржува кожата мека, смирена и пријатна на допир.
Високата концентрација на пантенол помага во хидратација, смирување и заштита на чувствителната кожа, додека комплексот со ксилитол придонесува за задржување на потребната влага. Нежните состојки за чистење ја мијат косата без непотребно сушење и ѝ даваат дополнителна мекост и природен сјај.
Производот е наменет за сите возрасти. Формулата е веганска, не е тестирана врз животни и не содржи парабени, силикони и сулфати.
Придобивки:
Начин на употреба:
Нанесете мала количина на влажна коса и кожа. Внимателно масирајте додека не се создаде нежна пена, а потоа темелно исплакнете со вода. Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите. Доколку се појави иритација, прекинете со употреба. Да се чува подалеку од дофат на деца.
Pure Balance е шампон со високо-квалитетна формула, создаден за ефикасна борба против првутот и оптимална нега на чувствителен скалп. Благодарение на природните состојки и витамин Е, овој шампон ја чисти косата длабински и ја одржува хидрирана, без иритации.
Клучни предности:
Идеален за:
Мажи со чувствителен скалп кои бараат сигурно решение против првут.
Како да се користи:
Нанесете мала количина на влажна коса, масирајте го скалпот и исплакнете со вода.
Изберете Pure Balance за здрав и освежен скалп без првут!