1.252 ден Original price was: 1.252 ден.939 денCurrent price is: 939 ден.
AC7 Spot Serum е серум на корејскиот бренд Tisha ефикасен во отстранување на различните видови акни, со кој корисниците забележуваат значително подобрување по само една недела, до целосно отстранување на акните по 3 месеци употреба.
Погледнете ги на вториот слајд резултатите кај момче тинејџер кое го користеше Tisha AC7 Spot Serum секоја вечер во текот на 3 месеци.
На што се должи ефикасностa на Tisha AC7 Spot Serum?
Содржи комплекс од 11 клучни внимателно одбрани состојки ефикасни во борбата против акните, како салицилна, масло од чајно дрво, ниацинамид и екстракт од центела. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против акните е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата која ја создаваат лузните или инфекциите и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
Кога козметичките производи со Phytosilica се нанесуваат и се втриваат во кожата, микроигличките прават микропроцепи во кожата и ги доставуваат активните состојки до најдлабоките слоеви на епидермисот со што повеќекратно се зголемува нивната ефикасност.
Слично на третманите со дермапен и дермаролер, производите со Phytosilica микроиглички го стимулираат природниот механизам на обновување на кожата.
Phytosilica микроигличките се невидливи за човечкото око. Благодарение на нивната мала димензија, козметичките производи на база на овој биоматеријал не предизвикуваат непријатно чувство при употребата.
Оваа технологија е регистрирана како безбедна во повеќе земји во светот, вклучително и EU и е одобрена од повеќе национални задравствени организации, како и американската FDA.
1.252 ден Original price was: 1.252 ден.939 денCurrent price is: 939 ден.
Dr. Tisha AC7 Days Pure Essence е концентрирана есенција со природни микро-спикули, наменета за локална нега на кожа склона кон акни, комедони и други несовршености. Микро-спикулите помагаат во обновувањето на површината на кожата и во подобрата апсорпција на активните состојки. Ниацинамидот, Centella Asiatica, пантенолот и алантоинот придонесуваат за смирен и порамномерен изглед, додека бетаин салицилатот и комплексот од киселини помагаат во прочистувањето на порите и измазнувањето на текстурата.
Бенефити:
• Помага во намалување на мозолчињата и комедоните
• Придонесува за почист и порамномерен изглед на кожата
• Помага во прочистување на порите и регулирање на себумот
• Ја измазнува грубата и нерамна текстура
• Го поддржува природниот процес на обновување на кожата
• Помага во намалување на видливоста на трагите од несовршености
• Обезбедува хидратација и смирувачка нега
Употреба: Користете навечер, по чистење на лицето. Нанесете мала количина директно на проблематичните делови и втријте ја со умерен притисок, со хоризонтални и вертикални движења, приближно седум пати. Користете ги приложените еднократни напрстоци. Можно е да почувствувате лесно боцкање поради микро-спикулите. Избегнувајте го пределот околу очите и прекинете со употреба доколку се појави силна иритација.
Beauty of Joseon Light On Serum: Centella + Vitamin C е осветлувачки серум, формулиран со 68% екстракт од Centella Asiatica и 10% стабилизирана витамин C дериват за смирување, хидратација и подобрување на тенот. Овој серум е создаден за намалување на хиперпигментацијата и изедначување на кожата, без вообичаената лепливост или иритација што ја имаат некои производи со чист витамин C.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно за подобра апсорпција. Користете го наутро и навечер, секогаш комбинирајќи со заштитен фактор во утринската рутина.
Овој серум со Centella и витамин C е идеален за оние што сакаат да постигнат здрав и осветлен тен без иритација.