710 ден Original price was: 710 ден.426 денCurrent price is: 426 ден.
Нема на залиха
710 ден Original price was: 710 ден.426 денCurrent price is: 426 ден.
Нема на залиха
𝐌𝐈𝐒𝐒𝐇𝐀 𝐀𝐥𝐥 𝐀𝐫𝐨𝐮𝐧𝐝 𝐒𝐚𝐟𝐞 𝐁𝐥𝐨𝐜𝐤 𝐂𝐨𝐭𝐭𝐨𝐧 𝐒𝐮𝐧 𝐒𝐏𝐅𝟓𝟎+ 𝐏𝐀+++ е крем за заштита од сонце со широк спектар на заштита од UVA и UVB зраци, погоден за мрсна и комбинирана кожа.
Заштитата од штетните UV зраци е важна како во лето, така и во зима, бидејки штетните UV зраци се присутни во текот на целата година и се главните причинители за предвременото стареење на кожата.
Содржи пудра која го апсорбира себумот за да го спречи создавањето на вишок маснотии на кожата и го спречува изгледот на масен сјај на кожата.
Има формула отпорна на потење и останува на своето место долготрајно во текот на денот за време на секојдневните активности.
Исто така служи како тонирана основа за корегирање на недостатоците на кожата и постигнување на рамномерен изглед на тенот и текстурата на кожата.
Содржи екстракт од чајно дрво и алантоин кои ја смирувааат и заштитуваат кожата.
Пептидите и пантенолот ја зајакнуваат бариерата на кожата и ја прават поотпорна на надворешните штетни влијанија.
SKIN1004 Madagascar Centella Air-Fit Suncream Light SPF30 PA++++ е крем за заштита од сонце со ефект на измазнување на кожата.
Тоа е лесен крем со минерален филтер кој обезбедува сигурна заштита од UVA и UVB зраци (SPF30 PA++++), додека истовремено ја негува, измазнува и осветлува кожата. Со неговата уникатна Air-Fit текстура, овој корејски заштитен крем содржи физички филтри (цинк оксид) кои формираат невидлив слој кој ја рефлектира сончевата светлина, без да остави бел траг или лепливо чувство.
Она што го издвојува овој производ е неговата формула збогатена со екстракт од чиста азиска центела од Мадагаскар (во концентрација од 29,400 ppm) и ниацинамид. Оваа моќна комбинација не само што ја штити кожата од фотостареење и оштетување од сонцето, туку и активно ја смирува и балансира. Лесната, нелеплива текстура обезбедува матирачки финиш, што го прави идеален избор за секојдневна употреба, дури и за најчувствителните типови кожа. Дополнително, формулата е еколошки прифатлива и се смета за reef-safe, односно не содржат честички кои им штетат на коралите и коралните гребени.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Наменет е за сите кои бараат SPF заштита за чувствителна кожа со дополнителни придобивки за нега. Идеален е за оние со сува, комбинирана и чувствителна кожа кои сакаат да ја спречат појавата на пигментации и нерамномерен тен. Благодарение на смирувачките и антиинфламаторни својства, тој е одличен избор за секој што сака да ја зајакне природната бариера на кожата и да ја намали чувствителноста на надворешни дразби.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Добро протресете го шишето пред употреба. Како последен чекор од утринската рутина, нанесете приближно 1.2 ml (една третина од кафена лажичка) од кремот рамномерно на лицето и вратот, најмалку 15 минути пред излегување на сонце. Повторете ја апликацијата на секои 2-3 часа при подолга изложеност на сонце.