970 ден Original price was: 970 ден.291 денCurrent price is: 291 ден.
Нема на залиха
970 ден Original price was: 970 ден.291 денCurrent price is: 291 ден.
Нема на залиха
Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack е нежна ноќна маска за ревитализација на кожата во текот на ноќта додека спиете.
Откријте ја моќта на Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack, револуционерна ноќна маска со гел текстура, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ги намалува знаците на стареење. Ваша кожа ќе биде сочна, мазна и освежена уште од првото утро. Инспирирана од JJon-JJon, корејски термин што опишува цврста и мазна кожа, маската ја враќа природната еластичност и полност на кожата.
Клучни придобивки:
Начин на употреба: Нанесете тенок слој од маската на чисто и суво лице како последен чекор од вашата вечерна рутина.
Оставете ја маската да делува преку ноќ – нема потреба од миење. Исплакнете го лицето наутро и уживајте во ревитализираниот изглед.
Совет: Користете ја маската 2-3 пати неделно или по потреба за дополнителна хидратација и нега.
Совет за дополнителен ефект: Чувајте ја маската во фрижидер за дополнителен разладувачки ефект.
Зошто да ја изберете Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack?
Клучни состојки:
• Бакучиолот е природна анти-ејџ состојка која ја стимулира регенерацијата на клетките.
• Хијалуронската киселина е моќна хидратантна состојка кој ја задржува влагата и ја измазнува кожата.
• Скваланот го зајакнува заштитниот слој на кожата и ја подобрува текстурата.
• Витамините Е и Ц обезбедуваат антиоксидантна заштита и изедначен тен.
Препуштете ѝ се на ревитализирачката нега со Ondo Beauty 36.5 Squalane & Bakuchiol Sleeping Pack.
Кажете им збогум на темните дамки со панда Магичениот крем! Исполнет со ниацинамид и бамбус сок, овој магичен крем е доста хидратантен и помага за осветлување на кожата. Ги намалува црвенилото и темните дамки со природно осветлување на тенот. Богатата, хидрантна, и хранлива текстура прави овој крем лесно да се абсорбира во кожата за да обезбеди трајна хидратација, така што кожата изгледа здраво и природно.
Овој хидратантен тонер нежно ја освежува и смирува кожата, создавајќи изедначен тен што е инстантно ревитализиран, осветлен и омекнат. Антиоксидансот ферментиран зелен чај го надополнува и балансира нивото на влага во кожата, ја прочистува и подготвува кожата поефикасно да апсорбира серуми и навлажнувачи.
Matrigen Lipo Exosome Excellent Pack е професионална корејска peel-off маска од новата генерација, дизајнирана да и подари на кожата неверојатен сјај и длабинска исхрана. Овој третман се издвојува по својата уникатна способност при нанесувањето да формира специјална прозрачна мембрана која делува со „двојно повратно влијание“, заклучувајќи ја влагата и активните состојки длабоко во дермалниот слој. Текстурата се нанесува како густ бел крем кој при сушењето станува целосно транспарентен, оставајќи го лицето со стаклен сјај (glass skin) без никакво чувство на лепливост.
Производот доаѓа во практично блистер пакување, што овозможува максимална хигиена, прецизно дозирање и зачувување на свежината на секоја поединечна доза.
Оваа маска нуди решение за оние кои се соочуваат со груба текстура и безживотен тен, за зрела кожа на која и е потребен дополнителен волумен и зацврстување, како и за лицата кои сакаат ефикасно да ги намалат пигментните дамки. Производот е идеален за сите кои бараат хипоалергенски професионален третман кој регенерира. Благодарение на премиум состојките, таа видливо ги измазнува брчките и ја ревитализира уморната кожа, правејќи ја мека и еластична по секоја употреба.
Водата од свила е носечкиот елемент во оваа формула, која наместо обична вода, обезбедува протеинска основа за силна стимулација на природен колаген. Таа овозможува еколошко и нежно отстранување на мртвите клетки, истовремено зголемувајќи ја цврстината и сјајот на кожата.
PDRN или полидеоксирибонуклеотид, претставува револуционерна биолошки активна состојка која се добива од ДНК на лосос и е високо ценета во естетската медицина и козметологија. Оваа ДНК има структура компатибилна на човечката, што ја прави исклучително ефикасна за регенерација на ткивата. PDRN ѝ помага на кожата првенствено со забрзување на процесот на обновување на клетките, значително го намалува воспалението, ја подобрува еластичноста и хидратацијата, и има силен антиејџ ефект преку интензивно стимулирање на производството на колаген и еластин.
Eгзозомите претставуваат високософистициран систем за транспорт на активни состојки. Егзозомите се микроскопски меурчиња или гласници, кои клетките природно ги ослободуваат за да комуницираат меѓу себе. Тие носат важни протеини и хранливи материи за регенерација.
Овој производ ги нуди следниве клучни придобивки:
Моќното дејство се должи на богатиот состав од внимателно избрани клучни состојки:
Начин на употреба: Пред да започнете со употреба, протресете ја тубата за состојките внатре добро да се измешаат. Темелно измијте го лицето и нанесете малку тонер или доколку имате сува кожа, можете да лесен серум како подлога. Истиснете соодветна количина од маската (околу 10g се доволни за целото лице) и рамномерно распоредете ја по лицето. Избегнувајте го пределот директно околу очите и усните. Оставете ја маската да делува 30 до 40 минути. Ќе забележите како белата текстура полека станува целосно проѕирна, формирајќи тенка мембрана која ги „заклучува“ активните состојки во кожата. Откако маската е сува, нежно одлепете ја почнувајќи од краевите на лицето. Важно е да не ја плакнете маската со вода, бидејќи во допир со вода таа станува желатинеста и тешко се вади. Нема потреба од повторно миење на лицето. Остатокот од есенцијата што ќе остане на кожата нежно втапкајте го со прстите додека целосно не се впие за постигнување на максимален сјај.