1.880 ден Original price was: 1.880 ден.1.200 денCurrent price is: 1.200 ден.
Нема на залиха
Вратете го младешкиот сјај на вашата кожа со серумот со витамин Ц, витамин Е и хијалуронска киселина на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖&𝗘 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 ги подобрува тонот и текстурата на кожата додека длабински ја хидрира дехидрираната кожа, ја враќа еластичноста на кожата, ја спречува појавата на брчки, ги неутрализира слободните радикали и ги спречува оштетувањата кои тие ги предизвикуваат.
Направен е со витамин Ц со медицински степен на чистота, што е гаранција за неговата поголема ефикасност.
Има уникатна мултифункционална формула која комбинира Витамин Ц, Витамин Е и хијалуронска киселина за подобрување на кожата од повеќе аспекти и зголемување на дејството а витаминот Ц и витаминот Е.
Познато е синергетското дејство на витаминот Ц и витаминот Е. Кога се употребуваат заедно нивната ефикасност се зголемува. Антиоксидантното дејство на витаминот Е може да се надоплони со витаминот Ц. Витаминот Ц го ослободува оксидираниот витамин Е и го враќа во неговата првобитна состојба, со тоа ја враќа неговата моќ да го спречува дејството на слободните радикали. На тој начин го превенира оштетувањето на клетките и стареењето на кожата. Кога кожата е ослободена од слободните радикали, се зголемува способноста на витаминот Ц за делување, односно во поефикасно осветлување на кожата и подобрување на тенот.
▪️ Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста.
▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од штетните влијанија на агресорите од околината.
▪️ Хијалуронската киселина навлегува длабоко во кожата за да ја хидрира кожата и да ѝ ја врати еластичноста. Таа ја одржува кожата полна и свежа и ја спречува појавата на брчки.
Безбеден е за секојдневна употреба.
Yeouth Hyaluronic Acid Plus на американскиот бренд Yeouth e серум со хијалуронска киселина, збогатен со витамин Ц и трипептиди.
ДЕЈСТВО:
Ја подобрува еластичноста на кожата.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Не содржи парфем, сликони и вештачки бои. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.