-
FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask 500g
1.640 денOriginal price was: 1.640 ден.1.476 денCurrent price is: 1.476 ден.FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask е моделирачка маска за професионална употеба за длабинска нега и обновување на кожата.
Оваа премиум моделирачка маска е совршена за интензивна хидратација и длабинско потхранување на кожата. Оваа маска е с поголема концентрација и дава поголем ефект од сличните маски за домашна употреба. Содржи екстракт од тиква, богат со витамини А, Б, Ц, Е, К и минерали, кои ѝ помагаат на кожата да се обнови и да го врати здравиот, воедначен изглед. Идеална е за кожа што е дехидрирана, има нерамна текстура или ѝ е потребна дополнителна нега по пилинг или специјални третмани.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Благодарение на својот уникатен состав, оваа маска:
- Го подобрува тонот на кожата и ја прави мазна и сјајна
- Ја хидрира длабински и помага во задржување на влагата
- Го намалува заморот на кожата, ја ревитализира и помага во нејзина детоксификација
- Ја зајакнува кожната бариера и обезбедува свеж, здрав изглед
Клучни состојки:
- Прав од тиква – природен извор на витамини и антиоксиданси за подобрување на текстурата и изгледот на кожата
- Малтодекстрин – ја хидрира кожата и ја прави мека
- Дијатомејска земја – природен минерал што помага во апсорпција на себумот и нечистотиите
- Глукоза – ја задржува влагата и го подобрува сјајот
- Колаген – го подобрува тонусот и еластичноста на кожата
- Алантоин – смирувачка состојка што ја намалува иритацијата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во птрав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.Со FAU Premium Shiny Pumpkin Modeling Mask, вашата кожа ќе биде хидрирана, измазнета и видливо освежена!
-
FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask 500g
1.640 денOriginal price was: 1.640 ден.1.476 денCurrent price is: 1.476 ден.FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask e смирувачка моделирачка маска за чувствителна и проблематична кожа.
Оваа премиум моделирачка маска е специјално формулирана за смирување на проблематична и чувствителна кожа. Идеална е за кожа склона кон акни, иритации и црвенило, особено по специјални третмани како што се MTS (терапија со микроигли) или пилинг.
Моделирачката маска доаѓа во прав и се меша со вода. Се нанесува со моделирање на лицето и се остава 10-15 минути. Притоа се суши и добива текстура во вид на гума, која се должи на реакција на природните состојки. Потоа лесно се отстранува. Дава забележителна разлика во свежината на кожата и по само една употреба, а хидратацијата трае и наредниот ден.
Маската содржи екстракт од Portulaca oleracea, моќна состојка позната по своите антиинфламаторни и антиоксидантни својства, која брзо ја смирува кожата и го намалува црвенилото. Алантоинот дополнително ја негува и смирува кожата, додека колагенот обезбедува длабинска хидратација и ја подобрува нејзината еластичност.
Главни придобивки:
- Интензивно смирување на чувствителна и проблематична кожа
- Намалување на црвенилото и иритациите
- Обнова и зајакнување на кожната бариера
- Длабинска хидратација и подобрување на тонусот на кожата
Клучни состојки:
- Колаген – ја зајакнува и ревитализира кожата
- Екстракт од Portulaca oleracea – ја смирува воспалената кожа и го намалува црвенилото
- Алантоин – негува и поттикнува регенерација на кожата
Како да се користи:
Измешајте ја маската во прав со вода во сооднос 1:1 и мешајте 1-2 минути додека не добиете рамномерна смеса. Нанесете рамномерно на посакуваната област и оставете да делува 10-15 минути, додека не се стврдне. Потоа внимателно отстранете ја маската.
Со FAU Premium Skin Solution SOS Modeling Mask, вашата кожа ќе биде смирена, хидрирана и видливо подобрена од првата употреба!
-
FAU Rubber Modeling Bowl 300ml (гумен сад за мешање маски)
230 денOriginal price was: 230 ден.207 денCurrent price is: 207 ден.Овој гумен сад на брендот FAU е практичен и неопходен додаток за подготовка на моделирачки маски за лице. Изработен од флексибилен, издржлив и лесен за чистење материјал, овозможува брзо и ефикасно мешање на прашкасти и течни формули без лепење и губење на производ. Идеален е за професионална и домашна употреба, овозможувајќи рамномерна подготовка на маската пред нанесување. Благодарение на неговата форма и стабилност, работата со маски станува почиста, побрза и попрецизна.
-
FAU Rubber Modeling Bowl 500ml
490 денOriginal price was: 490 ден.441 денCurrent price is: 441 ден.FAU Rubber Modeling Bowl е практичен професионален сад наменет за подготовка на моделирачки, алгинатни и други козметички маски. Капацитетот од 500 мл овозможува удобно мешање на потребната количина производ за третмани на лице и тело.
Флексибилниот гумен материјал го олеснува мешањето и овозможува лесно отстранување на остатоците од маската. Садот е стабилен, едноставен за одржување и погоден за повеќекратна употреба во козметички салони, спа-центри и при домашни третмани.
Придобивки:
- Погоден за моделирачки и алгинатни маски
- Обезбедува лесно и рамномерно мешање
- Има практичен капацитет од 500 мл
- Изработен е од флексибилен гумен материјал
- Овозможува лесно отстранување на остатоците
- Едноставен е за чистење и одржување
- Погоден е за повеќекратна употреба
- Идеален е за професионални и домашни третмани
Начин на употреба:
Ставете ја потребната количина прашок и течност во садот, а потоа мешајте со козметичка шпатула додека не добиете хомогена смеса без грутки. По употребата, отстранете ги остатоците и измијте го садот со млака вода и благ препарат. Оставете го целосно да се исуши пред следната употреба.
-
FAU Shiny Pumpkin Amino Therapy 160ml
2.337 денOriginal price was: 2.337 ден.2.103 денCurrent price is: 2.103 ден.FAU Shiny Pumpkin Amino Therapy e интензивно хидратантен и протеински богат тонер.
Тоа е високо-концентриран хидратантен тонер создаден да ја надополни и смири кожата после ексфолијација. Со 85% екстракт од тиква и 17 аминокиселини во лесно апсорбирачка форма, овој тонер пружа интензивна нега и ја обновува кожната бариера, обезбедува длабока хидратација и го балансира pH нивото.
Формулата е специјално развиена за максимизирање на влажноста после користење на Pumpkin Peel, помагајќи во апсорпцијата на хранливите материи од екстрактот од тиква. Неговата нежна пенеста текстура ја остава кожата со природен сјај, ревитализирана и со свежина.
Главни придобивки:
- Длабинска хидратација и обнова на кожата
- Ги надополнува потребните протеини и аминокиселини
- Ја смирува кожата по ексфолијација и го балансира pH нивото
- Поттикнува апсорпција на хранливите материи од екстрактот од тиква
- Ја осветлува и ревитализира кожата
Клучни состојки:
- 85% екстракт од тиква – богат со витамини, антиоксиданти и хидратантни компоненти
- Хидролизиран протеин од грашок – помага во обновување на кожата и зајакнување на нејзината структура
- 17 комплекс аминокиселини – го поттикнуваат природниот баланс и еластичноста на кожата
- Алантоин – смирува и ја штити кожата од надворешни штетни фактори
- Ниацинамид – го подобрува тенот и ја прави кожата посјајна
- Аденозин – помага во намалување на фините линии и брчки
Како да се користи:
- Користете го како неутрализатор после Pumpkin Peel, за да ја смирите кожата и да ја подготвите за апсорпција на хранливите состојки.
- Може да го користите наместо тонер после чистење на лицето за дополнителна хидратација и обновување.
Со редовна употреба, кожата станува свежа, мазна и еластична, со природен здрав сјај.
-
FAU Shiny Pumpkin Cera Repair Cream 100g
2.357 денOriginal price was: 2.357 ден.2.121 денCurrent price is: 2.121 ден.FAU Shiny Pumpkin Cera Repair Cream за моќно обновување на кожата, нејзино зацврстување и намалување на брчките.
Овој високоефикасен крем со двојна функција ја зајакнува заштитната бариера на кожата благодарение на 5-церамидниот комплекс, додека истовремено ја подобрува густината и еластичноста на опуштената кожа. Неговата богата формула продира длабоко, обезбедувајќи интензивна хидратација и регенерација, што резултира со поцврста, поотпорна и визуелно подмладена кожа.
Најважни придобивки:
- Ја обновува и зајакнува кожната бариера
- Ја подобрува густината и еластичноста на кожата
- Го намалува видливиот замор и знаците на стареење
- Обезбедува длабинска хидратација и мазен, негуван изглед
Како се користи:
Во последниот чекор од рутината за нега на кожа, нанесете соодветна количина на лицето и нежно масирајте со врвовите на прстите за подобра апсорпција.Клучни состојки:
Ниацинамид за осветлување и изедначување на тенот, 5-церамиден комплекс (Ceramide NP, NS, AS, AP, EOP) за зајакнување на кожната бариера, екстракт од тиква (1,000ppm) богат со антиоксиданси за регенерација, екстракт од женшен за подмладување, екстракт од еукалиптусови листови за смирување, аденозин за намалување на брчките, пантенол и хијалуронска киселина за длабинска хидратација и мекост.Совршен избор за секој што сака видливо поздрава, поцврста и подмладена кожа.
-
FAU Shiny Pumpkin Cream 100ml
1.648 денOriginal price was: 1.648 ден.1.483 денCurrent price is: 1.483 ден.FAU Shiny Pumpkin Cream е регенеративен крем со 72% екстракт од тиква, EGF и аминокиселини.
Тоа е луксузен, мултифункционален хранлив крем дизајниран за длабинска хидратација, обнова и зацврстување на кожата. Неговата богата, кремаста текстура лесно се апсорбира, создавајќи заштитна бариера која ја заклучува влагата и ги испорачува активните состојки директно во клетките.
Со неверојатна база од 72% екстракт од тиква, овој крем е вистинска „нутритивна бомба“ која ја враќа виталноста на уморната и оштетена кожа. Моќта на екстрактот од пепо тиква лежи во неговата моќна концентрација на природни ензими и витамини (А, Ц и Е), кои делуваат како био-стимулатор за кожата, нудејќи истовремено нежна ексфолијација, длабинска исхрана и забрзана регенерација. Овој екстракт е богат со цинк и есенцијални масни киселини кои го контролираат себумот, го смируваат воспалението и ја зајакнуваат заштитната бариера, правејќи го лицето видливо посветло, поцврсто и со карактеристичен „glass-skin“ сјај.
Овој крем е специјално препорачан за нега по професионални пилинзи или естетски третмани, бидејќи содржи EGF (Епидермален фактор на раст) кој ја забрзува регенерацијата на ткивото.
Формулата е збогатена со 17 есенцијални аминокиселини и ниацинамид, кои работат во синергија за подобрување на еластичноста, изедначување на тенот и враќање на природниот сјај. Благодарение на комбинацијата од церамиди, сквалан и ши путер, кожата станува исклучително мека, нахранета и заштитена од надворешни влијанија. Ова е трикратно функционален крем кој истовремено хидрира, делува на намалување на брчките и го осветлува тенот.
Клучни придобивки:
- Содржи висока концентрација на екстракт од пепо тиква (72%) кој е природен извор на витамини и минерали за интензивна исхрана.
- Благодарение на EGF (фактор на епидермален раст) ефикасни стимулира регенерација на кожата. Го стимулира растот на нови клетки и ја поправа оштетената кожа.
- Комплексот од аминокиселини ја зацврстува структурата на кожата и ја враќа еластичноста.
- Ја обновува бариерата на кожата. Церамидите и природните масла (маслиново и ши) спречуваат дехидрација.
- Има моќно антиејџ дејство. Содржи пептиди и аденозин за измазнување на брчките и ниацинамид за свеж изглед.
Моќни состојки за здрава кожа:
- Екстрактот од пепо тиква (72%) е основна состојка за ревитализација и здрав сјај.
- 17-те Аминокиселини се градежни блокови кои ја обновуваат и зајакнуваат кожата.
- sh-Oligopeptide-1 (EGF) е фактор на раст кој помага во обновување на епидермисот.
- Ceramide NP и скваланот ја обновуваат липидната бариера и даваат свиленкаста мекост.
- Хијалуронската киселина алоето обезбедуваат долготрајна хидратација и смирување.
- Аденозинот, пептидите и ниацинамидот се ефикасни состојки за борба против стареењето и пигментацијата.
Начин на употреба: Како последен чекор од вашата основна рутина за нега, нанесете соодветна количина од кремот на лицето. Нежно масирајте со врвовите на прстите додека целосно не се впие. Идеален е за утринска и вечерна употреба, особено во периоди кога на кожата и е потребна дополнителна заштита и исхрана.
- Содржи висока концентрација на екстракт од пепо тиква (72%) кој е природен извор на витамини и минерали за интензивна исхрана.
-
FAU Shiny Pumpkin Enzyme Powder Wash 60g
1.799 денOriginal price was: 1.799 ден.1.619 денCurrent price is: 1.619 ден.Shiny Pumpkin Enzyme Powder Wash е нежен, но длабински ефикасен ензимски чистач со ниска pH вредност, совршен за чувствителна кожа. Фините честички во прав, создадени преку специјален процес на гранулација, се раствораат во вода и намалуваат нечистотии во порите за 99.9%, обезбедувајќи длабоко прочистување без иритација.
Благодарение на ензимската активација, овој чистач ги разградува наталожените мртви клетки на површината на кожата, без потреба од физички или хемиски ексфолијанси, оставајќи ја кожата мазна и прочистена.
Главни придобивки:
- 99.9% прочистување на порите и отстранување на нечистотиите
- Длабинско, но нежно чистење без иритации
- Ензимска ексфолијација за мазна и избистрена кожа
- Ниска pH формула погодна за чувствителна кожа
- Хидратантен ефект за освежен и балансиран тен
Клучни состојки:
- Coco-Betaine – нежен чистач кој ја одржува влажноста на кожата
- Малтодекстрин – ја подобрува текстурата на кожата
- Ензим папаин – ги разградува мртвите клетки и помага во обновата на кожата
- Екстракт од тиква – богат со хранливи материи и антиоксиданси
- Cica комплекс – смирувачка мешавина која ја штити кожата
- 8 вида хијалуронска киселина – обезбедуваат длабинска хидратација
- Алантоин – ја смирува кожата и спречува иритации
Како да се користи:
Истиснете количина на прав со големина на паричка, навлажнете со млака вода и создадете пена. Нанесете на лицето и нежно масирајте, потоа измијте со вода.Совет: За подлабинско чистење, разматете соодветна количина во сад или bubble maker, создадете густа пена, нанесете ја на кожата, оставете 3 минути и потоа измијте со млака вода за ефект на bubble pack.
Со редовна употреба, кожата останува прочистена, освежена и избалансирана, со видливо подобрена текстура и сјај.
-
FAU Shiny Pumpkin Hydra Cleanser 500ml
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.521 денCurrent price is: 1.521 ден.FAU Shiny Pumpkin Hydra Cleanser е професионално хидратантно млеко за чистење кое овозможува темелно отстранување на шминката и нечистотиите во само еден чекор. Овој чистач со свиленкаста тектура на водена база е специјално формулиран за сува и чувствителна кожа, бидејќи ја чисти кожата без да ја наруши нејзината природна влажност. За разлика од агресивните чистачи, овој производ остава заштитен хидратантен слој, правејќи го лицето меко, свежо и подготвено за следната нега.
Овој хидратантен чистач е идеален за оние кои сакаат едноставна, но ефикасна рутина. Благодарение на напредната формула со екстракт од тиква и моќен аминокиселински комплекс, тој не само што ги отстранува остатоците од козметика и загадувачи од околината, туку и активно ја храни кожата уште при самиот процес на миење. Неговата нежна природа го прави совршен за секојдневна употреба, дури и за најделикатните типови кожа склони кон иритации.
Комплексот од пептиди и хидролизиран колаген во овој чистач нуди анти-ејџ придобивки, помагајќи во одржување на еластичноста и цврстината на кожата. Ова не е само обичен чистач за лице, туку третман кој ја обновува бариерата на кожата додека ги отстранува нечистотиите.
Клучни придобивки:
- Овозможува едноставно комплетно чистење во еден чекор. Ефикасно ја вади шминката и нечистотиите без потреба од повеќе производи.
- Пружа интензивна хидратација и ја спречува појавата на затегнатост по миењето.
- Има смирувачка формула. Содржи екстракт од роза и аминокиселини кои го намалуваат црвенилото.
- Богат е со нутриенти. Екстрактот од тиква и килибар ја враќаат виталноста и сјајот.
- Производот е за професионална употреба и нуди рофесионален квалитет, но може да се употребува и во домашни услови. Формулата е збогатена со пептиди и фактори на раст (EGF) за регенерација.
Моќни состојки за чиста и здрава кожа:
- Екстрактот од тиква (Pumpkin Extract – 10,000ppm) е моќен екстракт богат со витамини и природни ензими кои овозможуваат нежна ексфолијација, ја хранат кожата и ѝ даваат природен сјај.
- Аминокиселинскиот комплекс (17 видови) прави богат спој на аминокиселини (како Glycine, Serine, Arginine и Aspartic Acid) кои се основни градежни блокови на протеините во кожата и помагаат во задржување на влажноста и зајакнување на бариерата.
- Хидролизираниот колаген делува на цврстината и еластичноста на кожата, правејќи ја нежна и свиленкаста на допир.
- Acetyl Hexapeptide-8 е познат како „пептид со ефект на ботокс“, оваа состојка помага во подобрување на еластичноста на кожата и делува на нејзината цврстина.
- Производот пружа длабинско чистење и хидратација благодарение на маслото од сончоглед и глицеринот, чистачот ги отстранува нечистотиите без да ја исуши кожата.
Начин на употреба: Нанесете рамномерна количина од млекото на суво или малку навлажнето лице. Нежно масирајте со кружни движења за да се растворат шминката и нечистотиите. Потоа, исплакнете темелно со млака вода. Благодарение на својата лесна текстура, чистачот лесно се измива, оставајќи ја кожата потполно чиста и освежена.
- Овозможува едноставно комплетно чистење во еден чекор. Ефикасно ја вади шминката и нечистотиите без потреба од повеќе производи.
-
FAU Shiny Pumpkin Hydra Soothing Gel 500ml
1.990 денOriginal price was: 1.990 ден.1.791 денCurrent price is: 1.791 ден.FAU Shiny Pumpkin Hydra Soothing Gel е професионален хидратантен и смирувачки гел наменет за нега на сува, дехидрирана, чувствителна и иритирана кожа. Освежувачката гел-текстура обезбедува интензивна влажност, помага во смирување на црвенилото и чувството на непријатност и ја остава кожата мека, мазна и освежена.
Комплексот од повеќе форми на хијалуронска киселина помага во привлекување и задржување на влагата во различните слоеви на кожата. Ниацинамидот придонесува за порамномерен и посјаен изглед, додека екстрактот од тиква ја снабдува кожата со хранливи состојки. Бета-глуканот, алантоинот и растителните екстракти придонесуваат за смирување и зајакнување на природната кожна бариера.
Гелот може да се користи како дел од секојдневната рутина, како прва маска за интензивно смирување и хидратација или како основа пред моделирачки и други професионални маски. Поради присуството на природни екстракти, бојата на производот може да варира во зависност од условите на чување, без тоа да влијае врз неговиот квалитет.
Придобивки:
- Обезбедува интензивна и долготрајна хидратација
- Ја смирува сувата, чувствителна и иритирана кожа
- Помага во намалување на црвенилото и чувството на топлина
- Придонесува за обновување на природната кожна бариера
- Ја остава кожата мека, мазна и освежена
- Помага во подобрување на еластичноста и природниот сјај
- Содржи повеќе форми на хијалуронска киселина
- Може да се користи како гел, маска или основа пред професионален третман
- Има лесна и освежувачка текстура
Начин на употреба:
Како дел од секојдневната нега, нанесете соодветна количина на чиста кожа во фазата на есенција и нежно масирајте до впивање.
Како смирувачка маска, нанесете подебел слој и оставете да дејствува од 15 до 20 минути, а потоа нежно отстранете го остатокот.
При професионални третмани може да се нанесе како хидратантна и смирувачка основа пред моделирачка или друга козметичка маска. Избегнувајте директен контакт со очите.
-
FAU Shiny Pumpkin Hydra Toner 150ml
1.190 денOriginal price was: 1.190 ден.1.071 денCurrent price is: 1.071 ден.FAU Shiny Pumpkin Hydra Toner е хидратантен нутритивен тонер со екстракт од тиква и аминокиселини.
Тој е супериорен извор на влажност и хранливи материи кој моментално ја освежува кожата по чистењето. Овој тонер на водена база е создаден за веднаш да го врати нарушениот pH баланс на кожата и да ја подготви за максимална апсорпција на следните производи од рутината. Благодарение на високата концентрација на екстракт од тиква, кој е природно богат со витамини и минерали, тонерот ја храни кожата без да остави лепливо чувство, правејќи ја мека и сјајна.
Овој производ е идеален за сите типови кожа, а особено за оние на кои им е потребна дополнителна енергија и смирување. Содржи Centella Asiatica и ефикасно ги смирува иритациите и помага во регенерација на кожната бариера. Неговата лесна текстура продира длабоко, ја заклучува влагата и му дава на лицето здрав и одморен изглед.
Комплексот од 17 аминокиселини делува како структурна поддршка за кожата, додека пептидите и хијалуронската киселина работат на подобрување на еластичноста и измазнување на фините линии. Овој тоник не е само чекор за чистење, туку вистински нутритивен коктел кој ја буди виталноста на вашето лице.
Клучни придобивки:
- Пружа моментална рехидратација. Ја враќа влажноста на кожата веднаш по миењето.
- Го враќа pH балансот на кожата и го обновува природниот заштитен слој на кожата.
- Тој е вистинска нутритивна бомба. Богатиот состав каде клучен е екстрактот од пепо тиква ја храни кожата со есенцијални витамини.
- Има смирувачки ефект благодарение на екстрактот од центела и алантоинот кои ги редуцираат црвенилото и иритациите.
- Брзо се впива и ја остава кожата мазна и свежа, без лепливост.
Моќни состојки за ревитализација:
- Екстрактот од тиква (10,000ppm) обезбедува повеќе витамини, како витамините А, Ц и Е за природен сјај и обнова.
- Азиската центела и алоето се моќни смирувачки состојки кои го забрзуваат заздравувањето.
- Аминокиселинскиот комплекс ја зајакнува бариерата и ја подобрува текстурата.
- Acetyl Hexapeptide-8 познат како „неинвазивен ботокс“, помага во зацврстувањето на кожата и намалување на мимичните брчки.
- Пантенолот и хијалуронската киселина обезбедуваат двојна заштита од дехидрација.
Начин на употреба: По чистењето на лицето со Shiny Pumpkin Hydra Cleanser, нанесете соодветна количина од тоникот на памук или директно на дланките. Нежно тапкајте по кожата следејќи ја нејзината текстура додека производот целосно не се впие. Користете го наутро и навечер за најдобри резултати.
-
FAU Shiny Pumpkin Hydra Toner 500ml
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.521 денCurrent price is: 1.521 ден.FAU Shiny Pumpkin Hydra Toner е хидратантен нутритивен тонер со екстракт од тиква и аминокиселини.
Тој е супериорен извор на влажност и хранливи материи кој моментално ја освежува кожата по чистењето. Овој тонер на водена база е создаден за веднаш да го врати нарушениот pH баланс на кожата и да ја подготви за максимална апсорпција на следните производи од рутината. Благодарение на високата концентрација на екстракт од тиква, кој е природно богат со витамини и минерали, тонерот ја храни кожата без да остави лепливо чувство, правејќи ја мека и сјајна.
Овој производ е идеален за сите типови кожа, а особено за оние на кои им е потребна дополнителна енергија и смирување. Содржи Centella Asiatica и ефикасно ги смирува иритациите и помага во регенерација на кожната бариера. Неговата лесна текстура продира длабоко, ја заклучува влагата и му дава на лицето здрав и одморен изглед.
Комплексот од 17 аминокиселини делува како структурна поддршка за кожата, додека пептидите и хијалуронската киселина работат на подобрување на еластичноста и измазнување на фините линии. Овој тоник не е само чекор за чистење, туку вистински нутритивен коктел кој ја буди виталноста на вашето лице.
Клучни придобивки:
- Пружа моментална рехидратација. Ја враќа влажноста на кожата веднаш по миењето.
- Го враќа pH балансот на кожата и го обновува природниот заштитен слој на кожата.
- Тој е вистинска нутритивна бомба. Богатиот состав каде клучен е екстрактот од пепо тиква ја храни кожата со есенцијални витамини.
- Има смирувачки ефект благодарение на екстрактот од центела и алантоинот кои ги редуцираат црвенилото и иритациите.
- Брзо се впива и ја остава кожата мазна и свежа, без лепливост.
Моќни состојки за ревитализација:
- Екстрактот од тиква (10,000ppm) обезбедува повеќе витамини, како витамините А, Ц и Е за природен сјај и обнова.
- Азиската центела и алоето се моќни смирувачки состојки кои го забрзуваат заздравувањето.
- Аминокиселинскиот комплекс ја зајакнува бариерата и ја подобрува текстурата.
- Acetyl Hexapeptide-8 познат како „неинвазивен ботокс“, помага во зацврстувањето на кожата и намалување на мимичните брчки.
- Пантенолот и хијалуронската киселина обезбедуваат двојна заштита од дехидрација.
Начин на употреба: По чистењето на лицето со Shiny Pumpkin Hydra Cleanser, нанесете соодветна количина од тоникот на памук или директно на дланките. Нежно тапкајте по кожата следејќи ја нејзината текстура додека производот целосно не се впие. Користете го наутро и навечер за најдобри резултати.