-
SKIN1004 Madagascar Centella Watergel Sheet Ampoule Mask 25ml
150 денOriginal price was: 150 ден.113 денCurrent price is: 113 ден.Skin1004 Madagascar Centella Watergel Sheet Ampoule Mask 25ml е освежувачка лист-маска натопена со концентрирана гел-есенција од чист екстракт на Centella Asiatica од Мадагаскар, глицерин и камилица. Маската обезбедува интензивна хидратација и длабинско смирување на чувствителната и иритирана кожа, помагајќи во регенерација и подобрување на кожната бариера.
Богата е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Интензивна хидратација
- Смирување на иритирана и осетлива кожа
- Поддршка на кожната бариера
- Лесна и не-леплива формула со освежувачки ефект
Погодна за нормална, чувствителна и комбинирана кожа.
Формулата е збогатена со активни состојки како медеказинска киселина и асиатикозид кои го поттикнуваат создавањето колаген и го забрзуваат обновувањето на кожата. Екстрактот од камилица има антиинфламаторни својства кои дополнително ја смируваат кожата. Благодарение на глицеринот, кожата останува хидрирана и мека со секоја употреба.
Нежната и еластична лист-маска е изработена од мек материјал кој не се кине и обезбедува пријатно чувство при нанесување. Нелепливата ампула остава свеж и хидриран финиш без тежина на кожата.
Начин на употреба: По чистење и тонирање, поставете ја маската рамномерно на лицето избегнувајќи ги очите и усните. Оставете да делува 10-20 минути, а потоа нежно тапкајте го преостанатиот серум за подобра апсорпција.
-
SKIN1004 Matrixyl 10 Boosting Shot Ampoule 30ml
1.690 денOriginal price was: 1.690 ден.1.268 денCurrent price is: 1.268 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Matrixyl 10 Boosting Shot Ampoule е високо концентрирана K-Beauty ампула која обезбедува интензивна хидратација, јакнење на кожната бариера, зголемување на волуменот на кожата и намалување на брчките. Со содржина од 10% Matrixyl 3000® и хијалуронска киселина со ултра-ниска молекуларна тежина, оваа формула ефективно ја обновува еластичноста и ја прави кожата мазна, полна и цврста.
Boosting Shot системот со микро-спикули со мадагаскарска Centella asiatica овозможува длабинска апсорпција, создавајќи микропатеки за ефикасен трансфер на активните состојки. Клинички е докажано дека апсорпцијата е зголемена за 132.8%, а хидратацијата и волуменот се подобруваат веднаш по првата употреба. Само едно нанесување ја враќа хидратацијата низ 10 слоеви на кожата со ефект кој трае 24 часа.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Клучни придобивки:
-
10% Matrixyl 3000® за намалување на брчки и зголемување на цврстината
-
Хијалуронска киселина за длабинска и долготрајна хидратација
-
Азиска центела од Мадагаскар за смирување и зајакнување на бариерата
-
Volufiline 5% за подобрување на волуменот и полн изглед
-
Пантенол за дополнителна нега и хидратација
Начин на употреба:
-
По чистење и тонирање, нанесете неколку капки од ампулата на лицето.
-
Нежно тапкајте додека целосно не се апсорбира.
-
Продолжете со хидратантен крем или серум.
-
Користете наутро и навечер за оптимални резултати. Совет: Комбинирајте ја со вашиот омилен серум или крем за дополнителни антиејџ и хидратантни ефекти.
Со SKIN1004 Matrixyl 10 Boosting Shot, кожата добива инстантна хидратација, подобрен волумен и видливо обновена текстура, без иритации, погодна и за чувствителна кожа.
-
-
SKIN1004 Niacinamide 10 Boosting Shot Ampoule 30ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.839 денCurrent price is: 839 ден.Skin1004 Madagascar Centella Niacinamide 10 Boosting Shot Ampoule е моќна K-Beauty ампула која таргетирано го подобрува изгледот на порите и обезбедува блескав и изедначен тен. Формулирана со висока концентрација од 10% ниацинамид, оваа ампула ја подобрува текстурата на кожата, го изедначува тенот и ги минимизира видливите пори. Системот Boosting Shot, со микро-иглички и азиска центела од Мадагаскар и пантенол, овозможува длабока апсорпција и максимална ефикасност.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Оваа формула е дополнета со транексамична киселина и аскорбил глукозид за дополнително осветлување на кожата и јакнење на кожната бариера. Клинички е докажано дека со само 4 недели употреба, порите се намалуваат во површина за 60.88% и во длабочина за 23.37%, а кожата станува мазна, сјајна и здрава.
Овој производ е идеален за:
- Тие што имаат проширени и нерамни пори
- Лица со нерамномерен и уморен тен
- Корисници кои сакаат поефикасна апсорпција на активни состојки
- Сите што бараат решение за мрсна кожа и вишок себум
Клучни состојки:
- 10% Ниацинамид
- Екстракт од мадагаскарска азиска центела
- Пантенол
- Транексамична киселина
- Аскорбил глукозид
- Хидролизиран морски сунѓер (спикули т.е. микроиглички)
Начин на употреба: По чистење и тонирање, нанесете со пипета соодветна количина од ампулата на целото лице, избегнувајќи ги пределите околу очите и усните. Нежно тапкајте за подобра апсорпција, а потоа продолжете со хидратантен крем.
Skin1004 Niacinamide 10 Boosting Shot е клинички докажано безбеден за чувствителна кожа, без иритации, и нуди 132.8% поголема апсорпција на активните состојки споредено со стандардни формули без спикули.
-
SKIN1004 Retinol 0.2 Boosting Shot Ampoule 30ml
1.350 денOriginal price was: 1.350 ден.1.013 денCurrent price is: 1.013 ден.Skin1004 Madagascar Centella Retinol 0.2 Boosting Shot Ampoule е интензивна K-Beauty ампула формулирана за борба против брчки, губење на еластичност и нерамна текстура на кожата. Содржи прецизно балансирана концентрација од 0.2% ретинол и ретинал кои заедно со сквалан работат на обновување на цврстината, мазноста и густината на кожата. Интегрираниот Boosting Shot систем со спикули односно микроиглички со мадагарсарска центела и пантенол овозможува длабока апсорпција и брзо дејство токму таму каде што кожата најмногу има потреба.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Ампулата содржи пантенол кој ја смирува и хидрира кожата, притоа минимизирајќи го ризикот од иритации. Клинички е докажано дека Skin1004 Retinol 0.2 Boosting Shot овозможува 132.8% подобра апсорпција на активни состојки, подобрување на еластичноста веднаш по една употреба и видливо намалување на брчките и фините линии по две недели користење.
Овој производ е идеален за:
- Лица со опуштена кожа со намалена еластичност
- Тие што сакаат да ги намалат брчките и фините линии
- Корисници со груба и нерамна текстура на кожата
- Тие што бараат ефикасна anti-aging нега со ретинол
- Лица со зрел тип на кожа или кожа која има потреба од обновување
Клучни состојки:
- 0.2% Ретинол
- Ретинал
- Сквалан
- Екстракт од мадагаскарска центела
- Пантенол
- Хидролизиран морски сунѓер (спикули те. микроиглички)
Начин на употреба: Нанесете навечер, по чистење и тонирање. Со пипета нанесете мала количина рамномерно на целото лице, избегнувајќи ја областа околу очите и усните. Почнете со употреба 2-3 пати неделно, а потоа постепено зголемувајте ја фреквенцијата според толеранцијата на вашата кожа. Продолжете со хидратантен крем. Во текот на денот задолжително користете SPF заштита за да ја заштитите кожата од сончевите зраци додека трае третманот со ретинол.
-
SKIN1004 Spot Cover Patch 22ea
330 денOriginal price was: 330 ден.248 денCurrent price is: 248 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Spot Cover Patch (22 парчиња) се лепенки за дискретна заштита и брзо заздравување на акните.
Тоа се тенки, хидроколоидни лепенки дизајнирани за ефикасен третман на акни и воспалени места.
Овие лепенки делуваат така што го апсорбираат вишокот себум, нечистотиитеи гнојот од внатрешноста на акните, истовремено создавајќи заштитна бариера против надворешни бактерии и иритации. Благодарение на својата екстремно тенка и полупроѕирна структура, тие се речиси невидливи на лицето и овозможуваат природно заздравување на кожата во чиста и изолирана средина. Пакувањето содржи 22 лепенки во две различни големини (10mm и 12mm), што овозможува прецизно таргетирање на воспаленијата во зависност од нивната големина. Овие патентирани хидроколоидни лепенки се водоотпорни и одлично прилепуваат на кожата, што ги прави погодни за носење во текот на целиот ден или ноќ. Нивниот дискретен дизајн дозволува дури и нанесување на шминка директно преку нив, прикривајќи го воспалението додека работат на негово смирување.
Овој SKIN1004 производ е незаменлив дел од приборот за секој со кожа склона кон акни, бидејќи го забрзува процесот на регенерација и спречува создавање на лузни преку запирање на навиката за физичко истиснување на мозолчињата.
Клучни придобивки:
- Овие хидроколоидни лепенки ефикасно ги апсорбираат секретите и нечистотиите од акните, помагајќи им на воспаленијата да заздрават значително побрзо.
- Екстремно тенкиот и полупроѕирен материјал се спојува со природниот тон на кожата и е речиси незабележлив при носење.
- Лепенките обезбедуваат цврста заштита од надворешни загадувачи, бактерии и несакано допирање на раната со прсти.
- Водоотпорната формула гарантира дека лепенката ќе остане на место дури и при миење на лицето или потење.
- Сетот вклучува две големини (10мм и 12мм) за максимална покриеност на различни типови воспаленија.
Клучни состојки:
- Хидроколоидниот слој е специјален медицински материјал кој ја извлекува влагата и нечистотијата од акните, создавајќи влажна средина која е идеална за брза регенерација на кожата.
- Целулозната гума помага во одржување на структурата на лепенката и апсорпција на секретите.
Начин на употреба:
- Темелно исчистете го и исушете го местото каде што се наоѓа воспалението (лепенката најдобро се лепи на потполно сува кожа, пред нанесување крем).
- Изберете соодветна големина на лепенката и поставете ја директно врз мозолчето, притискајќи лесно 2-3 секунди за добро прилепување.
- Променете ја лепенката кога ќе забележите дека станала бела и набрекната (обично по 6-8 часа) или најдоцна по 24 часа.
- Отстранете ја нежно кога ќе побели, што е знак дека ги извлекла нечистотиите.
-
Sungboon Editor Deep Collagen Power Boosting Mask 37g
440 денOriginal price was: 440 ден.330 денCurrent price is: 330 ден. -
Sungboon Editor Deep Collagen Power Boosting Mask 37g x 4 pcs Set
1.760 денOriginal price was: 1.760 ден.1.320 денCurrent price is: 1.320 ден. -
SUNGBOON EDITOR Green Tomato NMN Pore Minimizing Ampoule 40ml
SUNGBOON EDITOR Green Tomato NMN Pore Minimizing Ampoule 40ml е концентрирана ампула за нега на различните типови видливи пори. Формулата комбинира Green Tomato комплекс со NMN, Niacinamide и Adenosine за поцврст, помазен и порамномерен изглед на кожата.
Green Tomato помага во негата на вертикалните и опуштени пори, додека Niacinamide придонесува за регулирање на вишокот себум и подобар изглед на порите. NMN и Adenosine ја надополнуваат негата на цврстината и еластичноста.
Бенефити:
• Содржи 68% Green Tomato Fruit Water
• Содржи 1% NMN
• Помага во намалување на видливоста на порите
• Помага во негата на опуштени и вертикални пори
• Придонесува за поцврст и поеластичен изглед
• Niacinamide помага во балансирање на вишокот себум
• Придонесува за порамномерен тен и текстура
• Содржи NAD+ и Adenosine
• Ceramide NP ја поддржува кожната бариера
• Hyaluronic Acid комплексот помага во одржување на хидратацијата
• Содржи Collagen и Elastin за дополнителна нега на еластичностаНачин на употреба:
По чистење и тонирање нанесете соодветна количина рамномерно на целото лице или директно на зоните со видливи пори. Нежно тапкајте до целосна апсорпција. Може да се користи секојдневно, наутро и навечер. -
Sungboon Editor Green Tomato Pore Lifting Ampoule+ 30ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.SUNGBOON EDITOR Green Tomato NMN Pore Minimizing Ampoule 40ml е концентрирана ампула за нега на различните типови видливи пори. Формулата комбинира Green Tomato комплекс со NMN, Niacinamide и Adenosine за поцврст, помазен и порамномерен изглед на кожата.
Green Tomato помага во негата на вертикалните и опуштени пори, додека Niacinamide придонесува за регулирање на вишокот себум и подобар изглед на порите. NMN и Adenosine ја надополнуваат негата на цврстината и еластичноста.
Бенефити:
• Содржи 68% Green Tomato Fruit Water
• Содржи 1% NMN
• Помага во намалување на видливоста на порите
• Помага во негата на опуштени и вертикални пори
• Придонесува за поцврст и поеластичен изглед
• Niacinamide помага во балансирање на вишокот себум
• Придонесува за порамномерен тен и текстура
• Содржи NAD+ и Adenosine
• Ceramide NP ја поддржува кожната бариера
• Hyaluronic Acid комплексот помага во одржување на хидратацијата
• Содржи Collagen и Elastin за дополнителна нега на еластичностаНачин на употреба:
По чистење и тонирање нанесете соодветна количина рамномерно на целото лице или директно на зоните со видливи пори. Нежно тапкајте до целосна апсорпција. Може да се користи секојдневно, наутро и навечер. -
Sungboon Editor Silk Peptide Intensive Lifting Ampoule 35ml
2.290 денOriginal price was: 2.290 ден.1.490 денCurrent price is: 1.490 ден.Придобивки:
Silk Peptide Intensive Lifting Ampoule е ампула за која е докажано дека има ефект врз стареењето на кожата, нејзината еластичнос и намалувањето на бројот на брчките што е докажано со 19 вида клинички тестови. Системот за лифтинг се состои од три чекори: нега на длабоки брчки со свилен пептид и 13 вида пептид комплекс, нега на мали брчки со колаген од две различни големини и еластичност со Volufiline. Свилениот пептид со висока апсорпција е пријатен за луѓето и делува на длабоките брчки. Gold Line колагенот и’ помага на кожата со енергија за лифтинг и затегнатост. Ефект на лифтинг на челото, пределот околу очите, образите, работ на устата, брадата и вдлабнатините се чувствува по само еднократна употреба. Употребата на свилена вода наместо обична вода како основа на производот, нуди подобра нега при третман на брчките. Тестирано за одржување на влажноста и иритација на кожата до 72 часа.
Како се користи:
1. Отстранете го проѕирното капаче од врвот на ампулата. 2. Ставете го шприцот внатре, навалете ја ампулата и извлечете соодветна количина од срумот која ќе ја нанесете ја на кожата. 3. Залепете го шприцот на ампулата за да ви биде при рака или чувајте го вметнат во ампулата.
-
Synergy Therm Dermatologist Sebio Biome DS Soothing Cream – Skin Prone To Scales 50ml
770 денOriginal price was: 770 ден.578 денCurrent price is: 578 ден.