-
-
-
-
-
-
Beplain BHA Peeling Ampoule 30ml
1.473 ден1.178 денРазбудете се со блескава и свежа кожа! Пробајте го вечерниот серум за ексфлијација на Beplain, BHA Peeling Ampoule. Toj ќе работи за вас во текот на ноќта за да ја разбуди насмевката на вашето лице следното утро кога ќе ја погледнете својата кожа во огледало.
Овој извонреден серум ќе направи вашата кожа да заблеска во право светло:
- Ги раствора нечистотиите што ги зачепуваат порите и ги отстранува комедоните.
- Го нормализира создавањето на маснотии во кожата и го спречува создавањето на вишок себум.
- Ги намалува порите.
- Ја спречува појавата на акни.
- Го отстранува мртвите клетки и ја измазнува текстурата на кожата.
- Ѝ дава здрав и младешки сјај на кожата.
- Го забрзува циклусот на обнова на клетките
- Има антиоксидантно дејство
- Има смирувачко дејствo
Клучни состојки:
- BHA (салицилна киселина) е состојка растворлива во масло која има својство за пилинг. Навлегува длабоко во порите за да го исчисти вишокот на себум и нечистотија, се бори против причините за појава на акни и ја намалува големината на порите.
- Зелениот чај ја смирува иритацијата на кожата, се бори против предвременото стареење и ги елиминира слободните радикали одговорни за создавање на фини линии и брчки. Ја надополнува кожата со потребните хранливи материи и влажност.
-
Beplain Cicaful Ampoule 30ml
1.473 ден1.178 ден𝗖𝗶𝗰𝗮𝗳𝘂𝗹 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 е најпродаваниот производ на 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗖𝗶𝗰𝗮𝗳𝘂𝗹 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 беше K-beauty победник за 2020 на Korea Allure Best of Beauty, а претходно освои 2-ро место на Hwahae Beauty Awards 2019, добитник во категорија есенција/ампула/серум.
Збогатена e со 84,28% екстракт од азиска центела кој помага во спречување на формирање на мозолчиња, го смирува црвенилото и иритацијата и ја штити кожата од надворешните агресори.
Има нелеплива брзо апсорбирчка формула надополнета со хијалуронска киселина и екстракт од камилица кои даваат дополнително смирувачко и навлажнувачко дејство.
Toa е производ со повеќекратно поволно дејство врз кожата:
▫️ Ја смитува иритацијата
▫️ Го намалува црвенилото
▫️ Го спречува создавањето на акни
▫️ Ја забрзува регенерацијата
▫️ Ја намалува штетата од оштетувањето на кожата
▫️ Ја поправа и зајакнува кожната бариера
▫️ ХидрираКлучни состојки:
▪️ Екстрактот од Centella asiatica е моќен екстракт кој може да помогне да се смират црвенилото и иритацијата. Овој екстракт содржи три главни компоненти: мадекасинска киселина, азијатична киселина и азијатикозид кои имаат моќ да ја зајакнуваат кожната бариера.▪️ Натриум хијалуронатот е форма на хијалуронска киселина. Тој е хидратантна состојка која има способност да навлезе во кожата и да го одржува нивото на влажност во кожата.
▪️ Екстракт од камилица потекнува од растителниот вид Chamomile matricaria recutita. Oваа состојка има антиоксидантни својства и ја штити кожата од слободните радикали, а исто така има и својства за смирување на кожата.
-
-
-
Beplain Multi Hyaluronic Acid Ampoule 30ml
1.520 ден1.216 денКако до полн и младешки изглед на кожата?
Тука е 𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲, моќната серумска ампула со три вида на хијалуронска киселина, која ќе ѝ ги врати свежината и сјајот на вашата кожа.Моќната хијалуронска киселина добиена од снежна печурка (Tremella fuciformis) веднаш ја хидрира кожата и ѝ дава видливо пополн изглед, свежина и сјај. Ги намалува брчките и фините линии и ја спречува појавата на нови.
За разлика од обичната хијалуронска киселина, екстрактот од снежна печурка има дополнителен бенефит за кожата. Покрај тоа што е богат со прородна хијалуронска киселина, тој го поттикнува создавањето на колаген и еласти што придонесува за враќање на еластичноста на кожата, нејзино зацврснување и спречување на појава на брчки.
𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗛𝘆𝗮𝗹𝘂𝗿𝗼𝗻𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 содржи три вида на хијалуронска, благодарение на кои ја врќа хидратацијата во сите слоеви на кожата, ги пополнува брчките и спречува нивно продлабочување.
Различните видови на хијалуронската киселина имаат различни големини на молекули, кои зависно од големината на молекулите, имаат различна моќ на продирање во слоевите на кожата. На тој начин влажноста се распоредува рамномерно и во подлабоките слоеви на кожата.
Малите молекули продираат најдлабоко во кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, и ги пополнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата. Тие го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата.
Оваа ампула содржи и аденозин кој е позната антиејџ состојка која ја спречува појавата на брчки и ги намалува постоечките.
Производот е вегански, cruelty free. Не предизвикува иритација и е погoден за употреба кај сите типови кожа, дури и кај чувствителната.
-
Beplain Multi Vitamin Ampoule 30ml
1.568 ден1.254 ден𝗕𝗲𝗽𝗹𝗮𝗶𝗻 𝗠𝘂𝗹𝘁𝗶 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗔𝗺𝗽𝗼𝘂𝗹𝗲 е моќен мултивитамиски серум, кој ги остранува хиперпигментацијата и диколорацијта, ја ревитализира уморната кожа, ја подобрува еластичноста и ги намалува брчките.
Наместо дестилирана вода содржи вода од волчји трн која е богата со витамини и го забрзува процесот на заздравување на кожата, ја поттикнува еластичноста и јахидрира кожата.
Има моќно дејство благодарение на шесте видови витамини кои ги содржи:
- витамин Ц
- 5% ниацинамид
- витамин Б5
- витамин Е
- деривати на витамин Ц
Содржи 5% ниацинамид, кој помага во изедначување на нерамномерниот тен, измазнување на нерамномерната текстура и намалување на брчките
Содржи и транексамична киселина и арбутин кои се состојки познати по својата ефикасност да ја намалуваат хиперпигментацијата и да го изедначуваат тенот.
Хијалуронската киселина и бета-глуканот на кожата ѝ пружаат богата и длабинска хидратација.
Дејство:
- Ја намалува хиперпигментациата
- Ја намалува дисколорацијата
- Го изедначува тенот
- Ги враќа сјајот и свежината на кожата
- Ја ревитализира уморната кожа
- Ги намалува брчките
- Ја спречува појавата на нови брчки
- Ја штити кожата од слободните радикали
- Хидрира
-
By Wishtrend Polyphenols in Propolis 15% Ampoule
1.890 денPolyphenols in Propolis 15% Ampoule ампула која благодарение на своите антиинфламаторни, хранливи, хидратантни и смирувачки свјства помага во борбата против акните, ја смирува и хидрира кожата.
Екстрактот од прополис со потекло од регионот Оверњ во Франција содржи два вида на полифеноли, катехин и кверцетин. Тие се добри антиоксданти, исто така ефективни состојки за нега на кожата. Дополнително, екстрактот од Houttuynia cordata и цинк PCA помагаат во смирување на кожата и имаат антибактериски својства. Со тоа помагаат во борбата против акните. Навлажнувачките состојки како натриум хијалуронат, пантенол и бетаин, ефикасно на кожата ѝ ја пружаат потрбната влажност.
Употреба: По чистењето подгответе ја кожата со тонер и нанесете рамномерно 3-4 капки на лицето. Рутината завршете ја со навлажнувач.
-
COSRX Full Fit Propolis Light Ampoule
1.720 ден1.377 денФормулирана со 83,25% екстракт од прополис, оваа висококонцентрирана ампула го осветлува тенот и на кожата ѝ пружа долготрајна хидратација и таа зрачи со младешки сјај.