-
SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil 30ml
450 денOriginal price was: 450 ден.315 денCurrent price is: 315 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil е ултра-лесно, мултифункционално масло за чистење кое е првиот и најважен чекор во вашата вечерна рутина за нега. Овој корејски чистач на база на масло е формулиран да ги раствори и темелно да ги отстрани сите нечистотии растворливи во масло, како шминката, водоотпорниот крем за сонце, вишокот себум и загадувачите, без да ја исуши кожата.
Содржи екстракт од мадагаскарска Centella Asiatica во комбинација со неколку природни масла. Овие состојки обезбедуваат освежителен и смирувачки финиш, а истовремено делуваат некомедогено и помагаат во отстранувањето на себумот за спречување на затнати пори. Неговата лесна текстура го прави идеален дури и за оние кои првпат користат маслен чистач, без да предизвика иритација на очите. Затоа може да се користи за отстранување на шминка од шчите, бидејќи н предизвикува иритација и црвенило на очите.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 маслен чистач е совршен за сите типови кожа, вклучувајќи ги нормална, сува и чувствителна кожа. Наменет е за секој што сака ефикасен маслен чистач или практикува двојно чистење и бара нежен, но ефикасен производ кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја остава свежа, со чисти и стеснети пори.
Клучни придобивки:
- Темелно ги отстранува шминката, кремот за сонце и себумот.
- Некомедогена формула која спречува затнување на порите.
- Смирувачко и хидратантно дејство благодарение на Centella Asiatica.
- Лесна текстура која лесно се емулгира и не остава мрсни остатоци.
- Идеален прв чекор за ефикасно двојно чистење.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е екстракт од центела од Мадагаскар, кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја штити од иритација.
- Содржи шест видови на растителни масла кои нежно ја чистат кожата, ја хранат и обезбедуваат освежителен финиш.
- Citrus Aurantium Bergamia (Bergamot) Fruit Oil е масло од бергамот кое дава природен мирис и има својства за прочистување на кожата.
Начин на употреба: Нанесете умерена количина од маслото на суви раце. Масирајте го маслото на суво лице со нежни кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Потоа намокрете ги рацете, додадете малку вода на лицето и продолжете со масажата, при што маслото ќе се емулгира и ќе стане млечно. На крајот, темелно исплакнете го лицето со млака вода. Доколку практикувате двојно чистење (се препорачува кај комбинираната и мрсна кожа по чистењето со маслен чистач) продолжете со втор чекор на чистење со пенливо средство на база на вода (како SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule Foam).
-
SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Deep Cleansing Foam 125ml
990 денOriginal price was: 990 ден.693 денCurrent price is: 693 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Deep Cleansing Foam е богат, кремаст чистач со моќна формула дизајнирана за длабинско чистење на порите и отстранување на вишокот себум, нечистотии и остатоци од кремот за сонце.
Овој корејски чистач се претвора од густа паста во обилна, кремаста пена која цврсто се прилепува до кожата, делувајќи како магнет за апсорпција на нечистотиите. Особеноста на овој производ лежи во неговата комбинација на состојки за прочистување како хималајска розова сол (богата со 80 минерали) која помага во извлекување на нечистотиите од порите, и каолин (глина) која го апсорбира вишокот маснотија. Дополнително, папаин (ензим од папаја) и оцет (Vinegar) обезбедуваат нежен ензимски пилинг, отстранувајќи ги мртвите клетки за помека и посјајна кожа. Се разбира, екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар е тука за да ја заштити и смири кожата, правејќи го чистењето безбедно дури и за чувствителните типови кожа.
Овој чистач е наменет за мрсна, комбинирана и нормална кожа, особено за оние кои имаат проблеми со затнати пори, акни и прекумерно лачење на себум. Тој е идеален избор за длабинско, но нежно чистење, кое не ја нарушува бариерата на кожата.
Клучни придобивки:
- Длабински ги чисти порите и ги отстранува остатоците од кремот за сонце и себумот.
- Го регулира создавањето на себум.
- Ефикасно ја апсорбира вишокот маснотија со каолин и хималајска сол.
- Обезбедува нежна ензимска ексфолијација со папаин и оцет.
- Ја смирува и штити кожата со Centella Asiatica.
- Остава кожата да се чувствува чиста, мазна и без затегнување.
Клучни состојки:
- Centella Asiatica Extract е чист екстракт од центела од Мадагаскар која ја штити и смирува кожата, намалувајќи ги воспаленијата.
- Хималајската розова сол е богата со минерали (80 минерали) кои помагаат во извлекување на нечистотиите од внатрешноста на порите.
- Каолинот е вид на глина која активно го апсорбира вишокот себум и површинската нечистотија.
- Папаинот е ензим добиен од папаја кој овозможува блага ензимска ексфолијација на мртвите клетки на кожата.
- Pyrus Malus (јаболко) Fruit Extract и Vinegar (оцет) се екстракт од јаболко и оцет кои ја поддржуваат нежната ексфолијација и ја обновуваат текстурата.
- Екстрактот од лист на алое вера, сорбитолот и глицеринот се состојки кои спречуваат сушење и ја одржуваат влажноста на кожата по чистењето.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремастата паста на влажни дланки. Тријте ги дланките за да создадете богата, кремаста пена. Нежно масирајте го лицето со пената, фокусирајќи се на Т-зоната и деловите со проширени пори. Темелно исплакнете со млака вода.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica BHA Foam 125ml
990 денOriginal price was: 990 ден.693 денCurrent price is: 693 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tea-Trica BHA Foam е специјализирана пена за миење лице која обезбедува длабинско прочистување на порите и ефикасна борба против акните.
Овој корејски чистач комбинира БХА (салицилна киселина) со антибактериското дејство на чајното дрво за да ги отстрани мртвите клетки и вишокот себум кои се главни причинители за појава на воспаленија. Неговата веганска формула е дизајнирана да ги смири иритациите додека ја остава кожата чиста и свежа. Текстурата на производот е во вид на кремаста паста со суптилен мирис на чајно дрво, која во допир со вода се претвора во густа и мека пена. Оваа пена овозможува темелно отстранување на нечистотиите без да остави чувство на лепливост или прекумерна затегнатост. Со редовна употреба, овој чистач помага во нормализација на работата на лојните жлезди и го спречува повторното појавување на несовршености, правејќи го идеален за секојдневна рутина на масна кожа.
Клучот на неговата ефикасност лежи во патентираниот Tea-Trica комплекс, кој вклучува вода од чајно дрво и екстракт од центела од Мадагаскар. Оваа комбинација моментално ја намалува чувствителноста и воспаленијата, додека истовремено ја зајакнува заштитната бариера на кожата. Кремот е идеален за секојдневна употреба бидејќи брзо се впива, го контролира вишокот себум и помага во побрза регенерација на кожата оштетена од акни.
Мадагаскарската Centella asiatica која ја содржи овој производ се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 Tea-Trica чистач е наменет за кожа склона кон акни, мрсна и чувствителна кожа која има потреба од нежна ексфолијација и интензивно смирување на воспалителните процеси.
Клучни придобивки:
- Оваа пена обезбедува длабинско чистење на порите преку отстранување на вишокот себум и нечистотии кои се акумулираат во текот на денот.
- БХА киселината во составот овозможува нежна ексфолијација на мртвите клетки на кожата и помага во спречување на појавата на комедони.
- Смирувачкиот комплекс со чајно дрво и центела ефикасно ги намалува воспалителните процеси и го спречува нивното повторно појавување.
- Производот помага во нормализација на работата на лојните жлезди и обезбедува матирачки ефект на кожата без да предизвика иритација. Со регулирање на создавањето на себум во порите го намалува зголемениот изглед на порите.
- Густата и мека пена овозможува освежувачка завршница која ја остава кожата чиста, мека и освежена.
Клучни состојки:
- Екстрактот од Centella Asiatica од Мадагаскар ја смирува иритираната кожа и го поттикнува процесот на нејзино заздравување.
- Водата и маслото од лист на чајно дрво (Tea Tree) имаат силно антибактериско дејство кое помага во борбата против акните и го регулира себумот.
- Салицилната киселина (BHA) во концентрација од 4.500 ppm продира длабоко во порите за да ги отстрани насобраните маснотии и нечистотии.
- Екстрактот од иглички од бор (Pinus Palustris) и водата од чемпрес (Chamaecyparis Obtusa) помагаат во освежување на тенот и стеснување на проширените пори.
- Глицеринот во составот се грижи за одржување на хидратацијата на кожата за време на чистењето за да се избегне чувството на прекумерна сувост.
- Екстрактот од неем (Melia Azadirachta) дополнително го засилува антиинфламаторното дејство и помага во детоксикација на епидермисот.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од производот на мокри дланки и тријте ги за да создадете богата пена. Нежно масирајте го целото лице со кружни движења, а потоа темелно исплакнете со млака вода. Користете како втор чекор во вашето двојно чистење или како главен чистач во утринската рутина.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Cleansing Gel Foam 125ml
990 денOriginal price was: 990 ден.693 денCurrent price is: 693 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Tone Brightening Cleansing Gel Foam e пена за миење лице со гел текстура која истовремено нежно ја чисти и ја осветлува кожата. Благодарение на богатата формула со активни состојки, оваа хидратантна гел-пена ги отстранува нечистотиите и мртвите клетки без да ја суши кожата, оставајќи ја мазна, свежа и сјајна.
Збогатена е со екстракт од мадагаскарска Centella asiatica која се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Придобивки:
- Нежно ја чисти кожата со богата, хидратантна пена.
- Ја балансира pH вредноста за зајакнување на кожната бариера.
- Го изедначува тенот и ја намалува појавата на дамки.
- Прави блага ексфолијација за посветла и помазна кожа.
- Ја подобрува апсорпцијата на активните состојки од следните чекори во рутината.
Погодна за нормална, комбинирана и чувствителна кожа
Клучни состојки:
- Екстрактот од азиска центела (Centella Asiatica Extract) е богат со мадекасинска киселина и азиатикозид кои ја смируваат кожата, поттикнуваат синтеза на колаген и го забрзуваат обновувањето.
- Ниацинамидот го изедначува тенот и помага во намалување на хиперпигментации и темните дамки.
- 3-O-Ethyl ascorbic acid e dериват на витаминот Ц, кој го подобрува тенот и ја штити кожата од слободни радикали со помала иритација.
- Лимонската киселина (Citric аcid) е природна AHA киселина што нежно ги отстранува мртвите клетки.
- Madewhite™ е патентирана природна активна состојка која помага во намалување на темните дамки и обезбедува природен сјај.
Начин на употреба: Нанеси соодветна количина од производот на влажни дланки и истриј ги за да создадеш пена. Нежно масирај го лицето и исплакни со млака вода.
-
Synergy Therm Cleansing Routine (Thermal Micellar Water 100ml + Foaming Facial Cleanser 100ml + Thermal Water Băile Felix 50ml)
1.490 денOriginal price was: 1.490 ден.1.043 денCurrent price is: 1.043 ден.Synergy Therm Cleansing Routine е комплет за секојдневно чистење на лицето, составен од мицеларна вода, пена за чистење и термална вода. Комбинацијата помага кожата да биде темелно исчистена, свежа и подготвена за понатамошна нега. Мицеларната вода ја отстранува шминката и нечистотиите, пената обезбедува подлабоко чистење без сушење, а термалната вода ја смирува и освежува кожата.
Придобивки:
- Комплетна рутина за чистење во три чекори
- Помага во отстранување на шминка, нечистотии и вишок себум
- Ја освежува и смирува кожата
- Не ја суши кожата
- Содржи ниацинамид, бетаин, алое вера, пантенол и термална вода
- Погоден е за секојдневна утринска и вечерна употреба
- Одговара за сите типови кожа, вклучително и чувствителна кожа
Начин на употреба: Навечер започнете со Thermal Micellar Water и нанесете ја со памучен тупфер за да ја отстраните шминката и нечистотиите. Потоа нанесете Foaming Facial Cleanser на влажна кожа, нежно масирајте и исплакнете со вода. На крај испрскајте Thermal Water Băile Felix за смирување и освежување. Наутро може да се користи пената за чистење, па потоа термалната вода.
-
Synergy Therm Dermatologist Active Face Wash – Gel Face Cleanser 100ml
520 денOriginal price was: 520 ден.364 денCurrent price is: 364 ден. -
Synergy Therm Dermatologist Active Face Wash – Gel Face Cleanser 200ml
860 денOriginal price was: 860 ден.602 денCurrent price is: 602 ден. -
Synergy Therm Dermatologist Rosa Control Face Cream – Anti-Redness 50ml
930 денOriginal price was: 930 ден.651 денCurrent price is: 651 ден. -
Synergy Therm Foaming Facial Cleanser (with fruit-derived acids, aloe vera and panthenol) 250ml
690 денOriginal price was: 690 ден.483 денCurrent price is: 483 ден. -
Synergy Therm Thermal Micellar Water (with niacinamide and betaine)250ml
580 денOriginal price was: 580 ден.406 денCurrent price is: 406 ден.Thermal Micellar Water, термална мицеларна вода со ниацинамид и бетаин која е формулирана за ефикасно отстранување на шминката и нечистотиите притоа обезбедувајќи нежна нега за чувствителната кожа. Овој нежен раствор за чистење, збогатен со ниацинамид (витамин Б3) и бетаин, не само што ја прочистува кожата, туку помага и во одржување на нејзината природна заштитна бариера. Ниацинамидот помага да се контролира себумот и да се намали црвенилото, додека бетаинот, познат по своите навлажнувачки својства, обезбедува хидратација и смирување. Идеална за секојдневна употреба, термалната мицеларна вода ја остава кожата чиста, свежа и удобна без да предизвикува сувост или иритација. СОСТОЈКИ: Аква/Термална вода, PPG-26-Buteth-26, глицерин, полоксамер 184, бетаин, PEG-40 хидрогенизирано рицинусово масло, бензил алкохол, ниацинамид, феноксиетанол, салицилна киселина, динатриум ЕДТА, сорбинска киселина, етилхеликсглицерин. -
THE FACE SHOP Rice Water Bright Foaming Cleanser 100ml
THE FACE SHOP Rice Water Bright Foaming Cleanser 100ml е кремаст пенлив чистач кој создава богата пена и помага во темелно чистење на кожата од секојдневни нечистотии, вишок себум и остатоци од шминка.
Формулата содржи Rice Extract и Rice Bran Oil за дополнителна нега и посјаен изглед, додека Soapwort Extract ја надополнува функцијата на чистење. Glycerin помага во задржување на влажноста за покомфорно чувство по миењето.
Бенефити:
• Темелно ја чисти кожата
• Помага во отстранување на вишокот себум
• Отстранува остатоци од шминка и нечистотии
• Содржи Rice Extract
• Содржи Rice Bran Oil
• Soapwort Extract ја надополнува cleansing негата
• Glycerin помага во одржување на влажноста
• Придонесува за почист и посвеж изглед
• Богата, кремаста пена
• Особено погоден за нормална, комбинирана и мрсна кожаНачин на употреба:
Нанесете мала количина на влажни дланки и создадете богата пена. Нежно масирајте го влажното лице со кружни движења, а потоа темелно исплакнете со млака вода. -
Tisha AC7 Foam Cleansing 100g
1.049 денOriginal price was: 1.049 ден.734 денCurrent price is: 734 ден. -
Tisha Bubble Foam Cleanser 200ml
1.425 денOriginal price was: 1.425 ден.990 денCurrent price is: 990 ден. -
Tisha Mild Bubble Foam Cleansing 200ml
1.425 денOriginal price was: 1.425 ден.990 денCurrent price is: 990 ден. -
Tocobo Coconut Clay Cleansing Foam 150ml
630 денOriginal price was: 630 ден.441 денCurrent price is: 441 ден. -
Yeouth Vitamin C Facial Cleanser 89ml
1.850 денOriginal price was: 1.850 ден.1.295 денCurrent price is: 1.295 ден.Темелно отстранете ги и најтврдокорните нечистотии и шминка од кожата на лицето со 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 без да ја нарушите заштитната бариера на кожата.
Овој пенлив гел чистач е идеален за отстранување на шминката, вклучително и маскарата.
Темелно ги чисти пoрите од вишокот маснотии и нечистотија.
Нежен е кон кожата и темелно ги отстранува и најтврдокорната шминка и нечистотии без да ја наруши заштитната бариера на кожата.
Благодарение на витаминот Ц и растителните екстракти, го изедначува нерамномерниот тен, ја намалува хиперпигментацијата, ја штити кожата од слободните радикали, ја спречува појавата на акни и ја подобрува текстурата на кожата.
Клучни состојки:
▪️ Витамин Ц
Ја намалува хиперпигментацијата и темните дамки. Го стимулира создавањето на колаген. Ја штити кожата од слободните радикали.
▪️ Алое вера
Jа омекнува и смирува кожата. Ја спречува појавата на акни.
▪️ Зелен чај
Тоа е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали. Ја одложува појавата на знаци на стареење.
▪️ Екстракт од морска алга
На кожата ѝ дава полн изглед. Богат е со витамини и минерали кои помагаат во зацврстување на
кожата.
▪️ Женшен
Ја спречува појавата на фини линии и брчки.