-
Numbuzin No.9 NAD Retinol Volumetox Eye Cream 10ml
1.290 денOriginal price was: 1.290 ден.968 денCurrent price is: 968 ден.Опис на производот:
Numbuzin No.9 NAD Retinol Volumetox Eye Cream 10ml е корејска крема за нега на пределот околу очите, создадена за кожа со фини линии, брчки, темни кругови, подочници, намалена еластичност и уморен изглед.Формулата комбинира NAD+, ретинол и 50 видови пептиди за поддршка на поцврст, помазен и повитален изглед на кожата. Ниацинамидот помага пределот околу очите да изгледа посветол и посвеж, додека Ceramide NP, Hyaluronic Acid и растителните масла придонесуваат за хидратација, мекост и зајакнување на кожната бариера.
Кремата има богата, но лесно впивлива текстура која не остава тежок или мрсен финиш, па може да се користи и во утринска и во вечерна рутина.
Придобивки:
• Помага во намалување на изгледот на фини линии и брчки
• Придонесува за поцврст и поеластичен изглед на кожата околу очите
• Помага пределот околу очите да изгледа посветло и посвежо
• Погодна е за темни кругови, подочници и уморен изглед
• Содржи NAD+, ретинол и 50 видови пептиди за anti-aging нега
• Ја хидрира и омекнува деликатната кожа околу очите
• Ја поддржува кожната бариера со церамид и хранливи масла
• Има текстура што добро се впива и може да се користи под шминкаНачин на употреба:
Отклучете го апликаторот со вртење на долниот дел. Притиснете 1–2 пати за да извадите мала количина од производот. Нанесете околу пределот под очите, надворешните агли и очните капаци, а потоа нежно тапкајте со домалиот прст додека целосно не се впие. Не тријте агресивно, особено ако пределот околу очите е чувствителен.Може да се користи наутро и навечер. Доколку првпат користите ретинол или имате чувствителна кожа, започнете со употреба неколку пати неделно, најдобро навечер. Во утринска рутина задолжително нанесете SPF заштита.
-
Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum 15ml
1.790 денOriginal price was: 1.790 ден.1.343 денCurrent price is: 1.343 ден.Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum е серум за совршена нега за пределот околу очите.
Тој ќе биде вашиот таен сојузник за свеж и младешки изглед и очи со одморен иглед. Овој иновативен серум е специјално дизајниран да ги таргетира најчестите проблеми околу очите како темни кругови, брчки и сувост, истовремено обезбедувајќи долготрајна хидратација и заштита.
Овој серум има напредна формула која ја комбинира моќта на чистиот ретинол со иновативниот SYN-AKE пептид (Dipeptide Diaminobutyroyl Benzylamide Diacetate), за двоен анти-ејџ ефект. Додека ретинолот работи на клеточно ниво за да ја забрза обновата на кожата и да ја подобри нејзината текстура, SYN-AKE делува како „нежен релаксатор“ на мимичките мускули, слично на ефектот на змискиот отров, со цел видливо да ги измазни фините линии и да спречи појава на нови брчки. Оваа синергија овозможува интензивно подмладување оставајќи ја кожата неверојатно мазна и затегната .
Клучни придобивки:
- Ги намалува брчките и фините линии благодарение на ниацинамидот, ретинолот и пептидите. Покрај тоа што ја измазнува кожата и ја подобрува нејзината цврстина и еластичност.
- Ги осветлува темните кругови. Екстрактот од зелен чај и витаминот Ц ја изедначуваат бојата на кожата и го намалуваат изгледот на темните кругови.
- Одржува долготрајна хидратација и спречува губење на влажноста. Комбинацијата од витамини А, Е и ниацинамид го зајакнува хидратантниот слој и ја обновува бариерата на кожата.
- Ја штити кожата од оксидативен стрес. Зелениот чај е природен антиоксидант што ја заштитува кожата од слободните радикали и предвремено стареење.
- Има нежна формула и лесната текстура која брзо се апсорбира без да ја иритира кожата, погодна за сите типови кожа, вклучувајќи ја и чувствителната.
Начин на употреба: Нанесете мала капка од серумот на пределот под очите. Со нежни движења, распределете тенок слој користејќи го домалиот прст. Почекајте целосно да се апсорбира пред да продолжите со следните чекори од вашата рутина. Поради содржината на ретинол, најдобро е да се користи навечер. Ако го користите преку ден, задолжително нанесете заштита од сонце (SPF).
Зошто да го одберете Ondo Beauty 36.5 Niacinаmide & Green Tea Eye Serum?
- Содржи исклучително ефикасни состојки во оптимална концентрација. Комбинацијата од природни екстракти и научно докажани активни состојки нуди брзи и видливи резултати.
- Истовремено таргетира неколку проблеми . Ги таргетира темните кругови, брчките и уморната кожа наеднаш.
- Има чиста формула и е погоден за сите типови кожа.
- Вегански е и cruelty free, без штетни состојки за човекот и околината.
Главни состојки:
• Ниацинамидот ја зајакнува бариерата на кожата и ја осветлува.
• Зелениот чај е природен антиоксидант кој ја смирува кожата и го намалува стресот предизвикан од слободните радикали.
• Витамините А, Ц и Е ја подобруваат еластичноста и нудат длабинска нега.
• Ретинолот поттикнува обновување на клетките и ја намалува видливоста на фините линии.
• Совршениот спој на Retinol за обнова на текстурата и Syn-Ake за релаксација на мускулите овозможува инстант измазнување на брчките и подмладување на кожата без иритации.Складирање: Чувајте го производот на ладно и суво место, подалеку од директна сончева светлина за да ја зачувате ефикасноста на активните состојки.
Вратете ја свежината и младешкиот изглед на вашата кожа и одморниот изглед на очите со Ondo Beauty 36.5 Niacinamide & Green Tea Eye Serum.
-
SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Bakuchiol Eye Cream 20ml
1.138 денOriginal price was: 1.138 ден.854 денCurrent price is: 854 ден.SKIN1004 Madagascar Centella Probio-Cica Bakuchiol Eye Cream 20ml е крем за околу очи со антиејџ дејство.
Тоа е богат, но брзоапсорбирачки крем заспецијално развиен за нежна нега на чувствителната кожа околу очите и спечување на проблемите кои најчесто се јавуваат во оваа регија.
Овој корејски крем за очи ја користи моќта на иновативната Probio-Cica формула со ферментиран екстракт од Centella Asiatica од Мадагаскар која обезбедува максимален смирувачки ефект. Главната антиејџ активна состојка е Бакучиол (Bakuchiol), нежна веганска алтернатива на ретинолот, која е високо толерантна за осетлива кожа. Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Бакучиолот е познат по тоа што ја стимулира природната продукција на колаген, со што ефективно помага во намалување на појавата на фини линии и брчки и ја подобрува еластичноста на кожата. Формулата е дополнително збогатена со ниацинамид за осветлување на темните кругови, нискомолекуларна хијалуронска киселина за длабинска хидратација и Ceramide NP за зајакнување на кожната бариера. Кремот има богата, млечна текстура која брзо се впива, оставајќи ја деликатната зона околу очите помазна, посвежа и сјајна.
Овој SKIN1004 крем за очи е идеален за сува, нормална и чувствителна кожа која бара нежен антиејџ третман и интензивна хидратација без иритација. Има и силиконски апликатор кој овозможува нежна масажа на областа околу очите и околу устата.
Клучни придобивки:
- Ја намалува појавата на фини линии и брчки со помош на бакучиол (Bakuchiol).
- Ја зголемува еластичноста и ја зацврстува кожата преку стимулација на колаген.
- Обезбедува максимално смирување со ферментирана азиска центела од Мадагаскар (Centella Asiatica).
- Ја подобрува текстурата и го осветлува изгледот на темните кругови благодарение на ниацинамидот.
- Има богата, но брзоапсорбирачка текстура која обезбедува длабинска хидратација.
Клучни состојки:
- Lactobacillus/Centella Asiatica Extract Ferment Filtrate е ферментиран екстракт од центела од Мадагаскар која обезбедува максимален смирувачки и регенеративен ефект.
- Бакучиолот е растителна и добро толерирана алтернатива на ретинолот, која ја стимулира продукцијата на колаген и ефикасно се бори против знаците на стареење.
Ниацинамидот е функционална состојка која ја подобрува еластичноста и го осветлува изгледот на темните кругови.- Церамидот NP и хидрогенираниот лецитин ја зајакнуваат кожната бариера и спречуваат губење на влагата.
- Мадекасинската киселина, азиатикозидот и азиатичната киселина се клучни деривати од центела кои имаат антиоксидантни и регенеративни својства.
- Acetyl Hexapeptide-8 (познат и како Argireline) е многу позната и често користена состојка во анти-ејџ козметиката, која е популарно нарекувана „пептид со ефект на ботокс“. Тоа е пептид кој помага во намалување на брчките. Неговиот механизам на дејство е сличен на оној на ботоксот, но е многу поблаг и неинвазивен. Ботоксот го парализира мускулот, додека Acetyl Hexapeptide-8 делува на микро ниво. Пептидот го имитира механизмот на протеините кои учествуваат во ослободувањето на невротрансмитерите кои им сигнализираат на мускулите да се контрахираат. Со интервенирање во овој процес, тој ја намалува интензивноста на мускулната контракција, особено на лицето. Со намалување на силата и фреквенцијата на мускулните движења (кои се причина за мимичките брчки или брчките од изразување, како што се пачи нозе или линиите на челото), пептидот помага да се измазнат постоечките брчки и да се спречи формирањето на нови. Како и другите пептиди, тој ја поддржува и еластичноста и цврстината на кожата.
- Содржи 2 типа на хијалуронска киселина и сквалан кои обезбедуваат длабока хидратација и омекнување на нежната кожа.
Начин на употреба: Нанесете соодветна количина од кремот на врвот на прстот или користете го силиконскиот апликатор за нежно да го нанесете производот околу деликатната област на очите. Тапкајте со прстот додека не се апсорбира целосно. Користете како последен чекор од вашата вечерна рутина за нега на кожа.
-
Synergy Therm Anti-age Eye Cream (with hyaluronic acid and dual active peptides) 25ml
860 денOriginal price was: 860 ден.645 денCurrent price is: 645 ден. -
TIRTIR Collagen Lifting Eye Cream 15ml
1.750 денOriginal price was: 1.750 ден.1.299 денCurrent price is: 1.299 ден. -
Tocobo Collagen Brightening Eye Gel Cream 30ml
1.140 денOriginal price was: 1.140 ден.855 денCurrent price is: 855 ден. -
YEOUTH Instant Face Lift Cream 15ml
2.390 денOriginal price was: 2.390 ден.1.793 денCurrent price is: 1.793 ден. -
YEOUTH Night Age-Defying Trio
4.879 денOriginal price was: 4.879 ден.3.659 денCurrent price is: 3.659 ден. -
Yeouth Radiance Eye Gel 30ml
2.360 денOriginal price was: 2.360 ден.1.770 денCurrent price is: 1.770 ден.Без оглед на возраста, водете добра грижа за кожата во пределот околу очите бидејќи тоа е најделикатната кожа на телото. Таа е десет пати потенка од oстанатата кожа на лицето. Таа е воедно и едно од најекспонираните области на надворешни влијанија. Кожата околу очите е првата што покажува знаци на стареење како фини линии и брчки. Исто така е подложна на опуштање, подуеност и потемнување кога е многу изложена на сонце и не е соодветно негувана.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗥𝗮𝗱𝗶𝗮𝗻𝗰𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗚𝗲𝗹 е ултра хидратантен гел збогатен со хијалуронска киселина и трипептиди кој нуди решение за повеќе проблеми со кожата околу очите.
Таргетира:
▪️ Подуеност под очите
▪️ Темни кругови
▪️ Длабоки брчки и фини линииБенефит:
▪️ Интензивно ја хидрира нежната кожа во пределот околу очите за да ја одржува мека, мазна и полна
▪️ Го поттикнува создавањето на колаген и ја затегнува кожата околу очите
▪️ Помага во обновувањето и зајакнувањето на кожата за да се намали изгледот на брчките, линиите и подуените кесички
▪️ Ја штити кожата од оштетувањето кое го предизвикуваат слободните радикали
▪️ Ги намалува темните кругови околу очитеКлучни состојки:
▪️ Хијалуронската киселина интензивно ја хидрира кожата, така што таа станува видливо помазна и поцврста. Фините линии и брчки се омекнуваат преку повеќестепена хидратација на кожата и така се намалуваат.
▪️ Трипептидите се амино киселини кои продираат во нежната кожа на пределот околу очите за да го поттикнат создавањето на колаген и да го намалат изгледот на темните кругови. Имаат ефект на затегнување што помага да се подобри изгледот на опуштена и подуени кожа.
▪️ Дипептид-2 е состојка која ја поттикнува циркулацијата во лимфните садови со што ја намалува подуеноста под очите. -
YEOUTH Retinol Advanced Eye Wrinkle Cream 15ml
1.590 денOriginal price was: 1.590 ден.1.193 денCurrent price is: 1.193 ден. -
Yeouth Retinol Eye Cream 30ml
1.795 денOriginal price was: 1.795 ден.1.346 денCurrent price is: 1.346 ден.Кажете им збогум на брчките, подуеноста и темните кругови околу очите.
Ви го препорачуваме моќниот 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗼𝗹 𝗘𝘆𝗲 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵. Содржи 2,5% енкапсулиран ретинол, за моќно продолжено дејство без иритација.
Не содржи парфем и сликони. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
Ретинолот припаѓа на семејството на витамини А. Тој е познат по својата способност да отстрани бројни недостатоци на кожата како фини линии, брчки, акни, лузни од акни, пигментирани дамки итн. Ја поттикнува синтезата на колаген и го забрзува циклусот на обновување на клетките.