-
Yeouth Vitamin C&E Serum 30ml
1.610 денOriginal price was: 1.610 ден.1.390 денCurrent price is: 1.390 ден.Вратете го младешкиот сјај на вашата кожа со серумот со витамин Ц, витамин Е и хијалуронска киселина на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖&𝗘 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 ги подобрува тонот и текстурата на кожата додека длабински ја хидрира дехидрираната кожа, ја враќа еластичноста на кожата, ја спречува појавата на брчки, ги неутрализира слободните радикали и ги спречува оштетувањата кои тие ги предизвикуваат.
Направен е со витамин Ц со медицински степен на чистота, што е гаранција за неговата поголема ефикасност.
Има уникатна мултифункционална формула која комбинира Витамин Ц, Витамин Е и хијалуронска киселина за подобрување на кожата од повеќе аспекти и зголемување на дејството а витаминот Ц и витаминот Е.
Познато е синергетското дејство на витаминот Ц и витаминот Е. Кога се употребуваат заедно нивната ефикасност се зголемува. Антиоксидантното дејство на витаминот Е може да се надоплони со витаминот Ц. Витаминот Ц го ослободува оксидираниот витамин Е и го враќа во неговата првобитна состојба, со тоа ја враќа неговата моќ да го спречува дејството на слободните радикали. На тој начин го превенира оштетувањето на клетките и стареењето на кожата. Кога кожата е ослободена од слободните радикали, се зголемува способноста на витаминот Ц за делување, односно во поефикасно осветлување на кожата и подобрување на тенот.
▪️ Витаминот Ц помага во избледување на хиперпигментацијата и темните дамки, ја ревитализира кожата, ја спречува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста.
▪️ Витаминот Е е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од штетните влијанија на агресорите од околината.
▪️ Хијалуронската киселина навлегува длабоко во кожата за да ја хидрира кожата и да ѝ ја врати еластичноста. Таа ја одржува кожата полна и свежа и ја спречува појавата на брчки.
Безбеден е за секојдневна употреба.
-
Your Vegan The Rice Bran Ampoule 45ml
970 денOriginal price was: 970 ден.890 денCurrent price is: 890 ден.The Rice Bran Ampoule на корејскиот бренд Your Vegan е тука за да ги задоволи комплексните потреби на вашата кожа и таа да заблеска во право светло.
Тоа е производ кој:
- Го подобрува и воедначува тенот
- Ги прочистува и одржува порите
- Ја спречува појавата на комедони и акни
- Ја хидрира кожата
- Ѝ дава свежина и сјај на кожата
- Ја смирува иритацијата и црвенилото
- Ги отстранува мртвите клетки од кожата
- Ја подобрува текстурата
Клучни состојки:
- Вода од оризови трици содржи голема количина на висококвалитетни протеини и витамини. Уште од античко време, водата од оризовите трици се користелаза зајакнување на кожата, особено за осветлување и подобрување на еластичност. Оваа состојка е позната по тоа што го осветлува тонот на кожата и помагаат во справувањето со флеките како што се старечки флеки, траги од акни и нерамномерен тен. Ја прави кожата повоедначена, почиста и посјајна, ја подобрува нејзината хидратација и помага во обновување на кожната бариера.
- AHA и PHA нежно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата со што ја подобруваат текстурата, го подобруваат тенот и го спречуваат затнувањето на порите.
- Екстрактот од азиска центела, мадекасозидот и азиатикозидот ги смируваат иритацијата и црвенилото.
- Екстрактот од тушт има антивоспалително, смирувачко, хидратантно и антиоксидантно дејство, а исто така го подобрува тенот.
- Екстрактот од гранче на бреза има прочистувачко, смирувачко и хидратантно дејство.
- Бета-глуканот ја подобрува хидратацијата.
- Церамидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата.
-
Your Vegan The Tea Tree Moisture Glow Ampoule 45ml
1.150 денOriginal price was: 1.150 ден.950 денCurrent price is: 950 ден.Хидратација, смирување и грижа за порите во еденa моќна ампула.
Откријте го врвното решение за смирување и хидратација на кожата со оваа лесна, но моќна ампула. Формулирана со 71% вода од чајно дрво, ја чисти, освежува и смирува кожата, го намалува црвенилото и стимулира чиста и здрава текстура. Дизајнирана за балансирање на лачењето на себум, минимизирање на порите и длабинска хидратација, оваа ампула е совршена за масна, чувствителна и сите типови кожа.
Главни придобивки
- Смирување и хидратација – Ги намалува иритациите и ја задржува влагата во кожата
- Грижа за порите – Ги прочистува и минимизира порите
- Намалување на црвенилото – Ја смирува и балансира кожата
Одговара за
- Масна кожа
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Вода од чајно дрво (71%) – Ја прочистува кожата и создава чист и смирен тен
- Глицерин – Ја хидрира кожата, ја одржува нејзината еластичност и помага во намалување на фините брчки и сувоста
- Мадекасозид – Го спречува задебелувањето на кожата и затнувањето на порите
- Ниацинамид – Ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува појавата на проширени пори
Дополнителни карактеристики
- Сертифицирано од Англиското веганско здружение
- Безбедносно и хипоалергиско тестирано
- Без тестирање на животни
Начин на употреба
Нанесете соодветна количина на целото лице наутро и навечер, како дел од вашата рутина за нега на кожа. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
Обезбедете ѝ на вашата кожа совршен баланс на хидратација, грижа за порите и смирување со оваа веганска, нежна и високо ефикасна ампула.
-
Your VeganSpot Correcting Serum (Niacinamide 10%) 30ml
1.390 денOriginal price was: 1.390 ден.949 денCurrent price is: 949 ден.Серум со 10% ниацинамид за изедначување на тенот и сјајна кожа
Your Vegan Niacinamide Glow Serum е високо концентриран серум со 10% ниацинамид кој ефикасно се грижи за лузните од акни, темните дамки и нерамномерниот тен. Формулиран со вегански состојки, овој серум ја враќа природната свежина и сјај на кожата.
Придобивки
- Ги коригира лузните од акни, темните дамки и несовршеностите
- Го изедначува тенот и ја намалува хиперпигментацијата
- Обезбедува хидратација за мека и здрава кожа
Тип на кожа
- Кожа склона кон акни
- Чувствителна кожа
- Сите типови кожа
Клучни состојки
- Ниацинамид 71% – Помага во корекција на темните дамки, подобрување на пигментацијата и изедначување на тенот.
- Глицерин – Ја хидрира кожата, одржувајќи ја здрава и ја подобрува еластичноста, спречувајќи сувост и фини линии.
- Аденозин – Ја намалува појавата на брчки, ја подобрува мазноста на кожата и ја стимулира продукцијата на колаген.
Сертификати и безбедност
- Вегански производ
- Клинички тестиран
- Без тестирање на животни
Како да го користите
По чистење и тонирање на кожата, нанесете неколку капки серум и нежно тапкајте за подобро впивање. Завршете со хидратантен крем.
Изедначете го тенот и вратете ѝ ја природната свежина на вашата кожа.