-
FAEBEY Glowclear Spot Control Gel 30 ml
799 денFAEBEY Glowclear Spot Control Gel е таргетиран гел наменет за кожа склона кон акни, црвенило и неправилности. Формулата помага во смирување на кожата, намалување на видливоста на несовршености и подобрување на изгледот на проблематичните зони, без да ја отежнува кожата.
Придобивки:
- Помага во намалување на видливоста на акни и неправилности
- Делува таргетирано на проблематични зони
- Помага во смирување на црвенило
- Ја освежува и балансира кожата
- Содржи киселини за подобар изглед на кожата
- Погоден за кожа склона кон несовршености
Начин на употреба: Нанесете мала количина директно на проблематичните зони на чиста и сува кожа. Користете навечер или според потреба. Избегнувајте предел околу очи и не нанесувајте на оштетена кожа. Во текот на денот користете заштита од сонце.
-
FAEBEY INSTANT LIFT Facial Ampoules / DMAE 7x2ml
1.150 денDMAE Instant Lift Ампула – ефект на лифтинг без игли
Оваа концентрирана ампула за локална апликација обезбедува моментален лифтинг ефект, ревитализирајќи ја кожата и враќајќи ѝ ја цврстината и еластичноста. Благодарение на активната состојка DMAE (диметиламиноетанол), природна и водорастворлива супстанција од органско потекло, оваа формула делува како ефикасна неинвазивна алтернатива против стареење на кожата.
DMAE помага во намалување на фините линии и брчки, додека во исто време го унапредува тонот на кожата и нејзината текстура. Со редовна употреба, кожата станува поцврста, со подобрени контури на лицето и намалени знаци на умор. Ампулата обезбедува длабинска хидратација, унифициран тен и природен сјај.
Клучни бенефити:
-
Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата
-
Делува како природен лифтинг, без хируршка интервенција
-
Видливо ги намалува знаците на стареење
-
Ја уедначува текстурата и го подобрува тенот
-
Содржи антиоксидантни својства што ја штитат кожата од надворешни влијанија
-
Ја задржува влагата и го поддржува хидратацискиот баланс
-
Може да се комбинира со други активни состојки како пептиди и антиоксиданси
-
Погодна за повеќето типови кожа, вклучувајќи зрела, сува и комбинирана кожа, оваа ампула е совршено решение за секој што бара видлива трансформација без инвазивни третмани.
Начин на употреба:
-
Нежно протресете ја ампулата.
-
Ставете го апликаторот на врвот од ампулата за да ја скршите.
-
Вметнете го апликаторот.
-
Истурете ја содржината во дланката и нанесете ја на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.
-
Масирајте со врвовите на прстите сè додека целосно не се апсорбира, потоа нанесете ја вообичаената или препорачана крема.
Мерки на претпазливост: За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите. Никогаш не отворајте со непокриени раце. Производот не е за инјектирање. Избегнувајте контакт со очи и слузници. Чувајте го подалеку од дофат на деца.
-
-
FAEBEY WHITE DROPS Facial Ampoules / NIACINAMIDE 7x2ml
1.150 денToa се концентрирани ампули за топикална апликација кои содржат витамин B3 и обезбедуваат широк спектар на придобивки за кожата. Наменети се за секојдневна нега со фокус на осветлување на тенот, намалување на хиперпигментација, балансирање на себум и подобрување на текстурата на кожата.
Со редовна употреба, ниацинамидот делува на намалување на темни дамки и пеги, придонесувајќи за порамномерен и посветлен тен. Активната состојка делува и на регулирање на лачењето себум, што го прави овој производ особено погоден за кожа склона кон акни или вишок мрснотија.
Дополнително, ампулите го зајакнуваат заштитниот слој на кожата, подобрувајќи ја нејзината способност за задржување на влага и заштита од надворешни влијанија. Со своите антиинфламаторни својства, ниацинамидот помага во смирување на црвенило и иритации, што го прави погоден и за чувствителна кожа.
Формулата е лесна, немасна и брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата освежена и мека. Ампулите може да се користат самостојно или во комбинација со други серуми и третмани во вашата рутина.
Редовната употреба на ниацинамид ампули носи видливи резултати за неколку недели, со подобрен изглед на кожата, изедначен тен, намалени пори и зголемена хидратација.
Начин на употреба:
-
Нежно протресете ја ампулата.
-
Ставете го апликаторот на врвот од ампулата за да ја скршите.
-
Вметнете го апликаторот.
-
Истурете ја содржината во дланката и нанесете ја на чиста кожа на лицето, вратот и деколтето.
-
Масирајте со врвовите на прстите сè додека целосно не се апсорбира, потоа нанесете ја вообичаената или препорачана крема.
Мерки на претпазливост:
-
За ваша безбедност, користете го приложениот апликатор за отворање на ампулите.
-
Никогаш не отворајте со непокриени раце.
-
Производот не е за инјектирање.
-
Избегнувајте контакт со очи и слузници.
-
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
-
-
FAU Active Eye Lash Serum 10ml
1.390 денFAU Active Eye Lash Serum е концентриран серум со напредна формула, создаден за интензивно зајакнување, раст и згуснување на трепките и веѓите. За разлика од обичните серуми, овој производ користи моќен комплекс од 4 видови пептиди (вклучувајќи го и познатиот Copper Tripeptide-1), кои делуваат директно на фоликулот на влакното, стимулирајќи го неговиот природен раст и спречувајќи го опаѓањето. Со својата лесна водена база, серумот се впива моментално, не предизвикува иритација и е идеален за постигнување на долги, темни и здрави трепки.
Овој професионален серум е совршено решение за сите кои имаат тенки, ретки или оштетени трепки од надворешни влијанија и козметички третмани. Комбинацијата на пантенол и хијалуронска киселина обезбедува длабинска хидратација, додека богатиот коктел од растителни екстракти (зелен чај, кафе, грозје и костен) нуди антиоксидантна заштита и ја подобрува микроциркулацијата околу коренот на влакното. Резултатот е видливо погусти и поцврсти трепки кои го враќаат сјајот на вашиот поглед.
Зошто FAU Active Eye Lash Serum е различен?
- Прави стимулација на фоликулите на влакната благодарение на коктелот од пептиди. Содржи Myristoyl Pentapeptide-17 и Copper Tripeptide-1 кои се научно докажани за поттикнување на растот.
- Стимулира интензивна регенерација. Екстрактот од соја и портулака ги зајакнуваат трепките од самиот корен.
- Составот со хијалурон и пантенол го спречува кршењето на влакното и пружа безбедна хидратација без да направи иритација на окото.
- Има прецизен апликатор. Четката овозможува лесно и точно нанесување без непотребно разлевање.
- Чистиот и нежен состав, без масла и без состојки кои предизвикуваат иритација е безбеден за нежната кожа околу очите.
Клучни состојки за супериорни резултати:
- Пептидниот комплекс (Copper Tripeptide-1, Acetyl Hexapeptide-8, Palmitoyl Pentapeptide-4) направен од состојки кои се стимулатори на растот и градители на влакното кои ја зголемуваат густината на трепките.
- Натриум хијалуронатот и пантенолот, хидрираат и ја задржуваат влажноста со што ја зголемуваат еластичноста.
- Екстрактот од семе од кафе и зелен чај ја стимулираат циркулацијата и го будат фоликулот.
- Екстрактот од лист од јапонско јаболко е природен извор на витамини за здрави трепки.
Начин на употреба: Користете го на чиста и сува кожа околу очите, по можност пред спиење. Извадете ги контактните леќи пред нанесување. Повлечете една тенка линија по должината на горниот корен на трепките (како ајлајнер) и доколку е потребно, нанесете врз веѓите. Почекајте 1 до 2 минути да се исуши целосно пред да нанесете друг производ.
Професионален совет: За најдобри резултати, користете го серумот континуирано секоја вечер. Првите видливи промени во цврстината и сјајот на трепките ќе ги забележите веќе по неколку недели редовна употреба.
-
FAU Core Intensive Revital Ampoule 100ml
2.490 денCore Intensive Caviar Ampoule е високо концентрирана анти-ејџинг ампула која обезбедува интензивна нега и видливо подобрување на кожата. Богатата формула содржи екстракт од кавијар, луксузна состојка позната по својата моќна нутритивна вредност, која е слична на структурата на кожата. Благодарение на брзата апсорпција, оваа ампула длабински ја храни кожата без лепливост, овозможувајќи интензивна регенерација и подобрување на нејзината цврстина и еластичност.
Оваа ампула делува ефективно во спречување на оштетувањата на кожата и процесот на стареење. Со активирање на фибробластите, ја поттикнува природната синтеза на колаген и ја враќа виталноста.
Главни придобивки:
- Ја спречува штетата на кожата и забавува стареење
- Ги активира фибробластите и ја подобрува цврстината
- Длабински ја храни кожата и ја зајакнува бариерата
- Ја осветлува и измазнува текстурата
- Брзо се апсорбира без лепливост
Клучни состојки:
- Кавијар екстракт (1,000ppm) – богат со есенцијални хранливи материи за подмладување
- EGF и FGF – фактори на раст кои ја поттикнуваат обновата на кожата
- 7 есенцијални аминокиселини – ги зајакнуваат клетките на кожата и ја подобруваат структурата
- 7 вида пептиди – ја подобруваат еластичноста и намалуваат брчки
- Бета-глукан – помага во смирување и хидратација
- Екстракт од корен на Rehmannia Chinensis – познат по своите антиоксидантни својства
Како да се користи:
По нанесување на тоник, испумпајте соодветна количина од ампулата и рамномерно нанесете ја на лицето. Нежно размачкајте и оставете ја кожата да ја апсорбира формулата.Со редовна употреба, кожата станува поцврста, посветла и длабински хидрирана, добивајќи здрав и подмладен изглед.
-
FAU Glow Pumkin Bubble Booster Serum 100ml
1.390 денFAU Glow Pumpkin Bubble Booster Serum е двофазен серум со освежувачка текстура од воздушести микромеурчиња, создаден за нега на дехидрирана, уморна, сува и безживотна кожа. Формулата комбинира хидратантна и хранлива фаза, обезбедувајќи интензивна влажност и удобност без тешко, мрсно или лепливо чувство.
PDRN комплексот од тиква и натриум ДНК помага во поддржување на природната кожна бариера и придонесува за обновен, порамномерен и поздрав изглед. Комплексот од повеќе форми на хијалуронска киселина ја привлекува и задржува влагата, помагајќи кожата да изгледа пополна, помазна и поеластична.
Маслата од макадамија, јојоба и сончоглед ја омекнуваат и негуваат кожата, додека ниацинамидот придонесува за порамномерен и посјаен тен. Бетаинот, пантенолот и алантоинот помагаат во смирување на чувството на сувост и затегнатост, а аденозинот ја поддржува еластичноста и помазниот изглед на кожата.
Лесната пенеста текстура брзо се впива и ја подготвува кожата за нанесување крем или шминка. Формулата не содржи додаден мирис и е погодна и за чувствителна кожа.
Придобивки:
- Обезбедува интензивна и долготрајна хидратација
- Помага во зајакнување на природната кожна бариера
- Придонесува за помазна и поеластична кожа
- Го подобрува природниот сјај и изгледот на тенот
- Ја негува сувата и дехидрирана кожа
- Помага во намалување на чувството на затегнатост
- Содржи PDRN од тиква и повеќе форми на хијалуронска киселина
- Има лесна двофазна текстура со микромеурчиња
- Не остава тешко, мрсно или лепливо чувство
- Погоден е како подготовка на кожата пред шминка
- Не содржи додаден мирис
Начин на употреба:
Добро протресете го пакувањето пред употреба за да се соединат двете фази. Нанесете една до две пумпи на чиста кожа на лицето и вратот, наутро и навечер. Нежно распределете и тапкајте до целосно впивање, а потоа продолжете со крем.
Кај многу дехидрирана кожа може да се нанесат два до три тенки слоја, со кратка пауза за впивање помеѓу секое нанесување.
-
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum 20ml
1.150 денFAU Shiny Pumpkin Oil Serum е интензивен серум на база на природно масло од тиква, формулиран да обезбеди длабока хидратација, сјај и подобрување на еластичноста на кожата. Овој хранлив серум е збогатен со есенцијални витамини, антиоксиданси и природни масла кои ја штитат кожата од надворешни стресови и придонесуваат кон помазен и поцврст изглед. Маслото од тиква е богато со витамин Е и цинк, кои го поттикнуваат обновувањето на кожата и помагаат во намалување на знаците на стареење.
Покрај тиквата, формулата содржи и бакучиол како природна алтернатива на ретинол за подобрување на текстурата на кожата и изедначување на тенот, како и коензим Q10 (Hydroxydecyl Ubiquinone) за дополнителна антиоксидативна заштита. Alpha-Bisabolol, екстрактите од Eclipta Prostrata и Neem Leaf дополнително ја смируваат и ревитализираат кожата.
FAU Shiny Pumpkin Oil Serum создава заштитен слој што ја заклучува влагата во кожата, совршено балансирајќи ја хидратацијата и спречувајќи сушење и иритација. Благодарение на својата лесна и брзо апсорбирачка текстура, не остава масен траг и е погоден за сите типови кожа, особено за сува и дехидрирана.
Идеален е за:
-
Кожа со видлива сувост, грубост или дехидратација.
-
Лица што сакаат природен сјај и подобрена текстура.
-
Корисници што сакаат да ја зајакнат кожната бариера со природни масла и витамини.
-
Тие што бараат нежна, но ефективна алтернатива на ретинол.
Начин на употреба:
По чистење на лицето и нанесување тонер, нанесете 1-2 капки од FAU Shiny Pumpkin Oil Serum на дланките, загрејте ги со благо триење и нежно притиснете ги врз лицето за подобра апсорпција. Може да се користи самостојно или како последен чекор за заклучување на влагата во вечерната рутина. Исто така, може да се додаде неколку капки во крем или есенција за збогатување на нега. -
-
FAU Shiny Pumpkin Repair Essence 150ml
1.684 денFAU Shiny Pumpkin Repair Essence е интензивна есенција за обновување и зацврстување на кожата.
Shiny Pumpkin Repair Essence е лесна, но длабоко хидратантна есенција, создадена за осветлување на тенот и подобрување на еластичноста на кожата. Со 75% екстракт од тиква како основа, оваа проѕирна гел-формула е збогатена со 17 есенцијални аминокиселини, кои ја градат кожата, и EGF (епидермален растен фактор) за стимулирање на нејзината природна регенерација. Овој уникатен состав продира длабоко, ги надополнува протеините кои ја сочинуваат кожата, враќајќи ѝ ја цврстината, виталноста и природниот сјај.
Придобивки од користење:
- Длабинска хидратација со лесна, нежна текстура
- Ја обновува и зацврстува кожата со висока концентрација на активни состојки
- Ги намалува брчките и ја подобрува еластичноста
- Ја осветлува кожата и ѝ дава свеж, здрав изглед
Како се користи:
По нанесување на серум, земете соодветна количина од есенцијата и нежно нанесете ја од центарот кон контурите на лицето. Оставете ја да се впие целосно.Клучни состојки:
75% екстракт од тиква за хидратација и регенерација, алантоин за смирување на кожата, EGF за стимулирање на обновата на клетките, комплекс од 17 аминокиселини за зајакнување на кожната структура, хијалуронска киселина за долготрајна хидратација и хидролизиран протеин од грашок за потхранување на кожата.За цврста, здрава и блескава кожа со секојдневна употреба.
-
FAU Shiny Pumpkin Serum 100ml
1.972 денFAU Shiny Pumpkin Serum е интензивен серум за регенерација на оштетена кожа.
Овој високо-концентриран регенеративен серум е создаден за да ја обнови и зајакне кожата. Со богат екстракт од тиква, збогатен со витамини, 17 есенцијални аминокиселини и хијалуронска киселина, овој серум длабински ја храни кожата, обезбедува интензивна хидратација и ја подобрува состојбата на оштетената кожа.
Неговата густа, но лесно впивлива формула го прави идеален за кожа што е изложена на пилинзи, специјални третмани, ласерски процедури или која има потреба од длабинска регенерација.
Главни придобивки:
- Длабински ја обновува и смирува оштетената кожа
- Го забрзува процесот на регенерација
- Ја зајакнува бариерата на кожата
- Ја хидрира и ревитализира со богати активни состојки
- Го подобрува сјајот и ја изедначува текстурата
Клучни состојки:
- Екстракт од тиква – природно богат со витамини и антиоксиданти за подмладување
- Комплекс од аминокиселини – го зајакнува заштитниот слој на кожата и помага во обновување
- Алантоин – ја смирува кожата и спречува иритации
- Сквалан – обезбедува интензивна нега и ја штити кожата од сушење
- Хијалуронска киселина – длабоко хидрира и ја прави кожата мазна и еластична
Како да се користи:
По нанесување на тонер, со помош на пипета истиснете неколку капки од серумот на дланката. Нанесете на лицето, рамномерно распоредете и нежно тапкајте додека не се апсорбира.Со редовна употреба, Shiny Pumpkin Serum ја обновува кожата, правејќи ја поздрава, посјајна и мазна.
-
FAU Shiny Pumpkin Travel Kit (foam toner 30ml, essence 15ml, cream 10g)
1.490 денОвој практичен мини сет од брендот FAU содржи три производи со екстракт од тиква и моќни активни состојки, дизајнирани да ја обноват, навлажнат и зацврстат кожата. Идеален за патување или пробно користење, сетот ги комбинира предностите на есенции, серуми и креми за комплетна анти-ејџ нега и интензивна хидратација.
Сетот вклучува:
-
Shiny Pumpkin Amino Therapy (30ml) – Ампула со екстракт од тиква, аминокиселини, соја протеин и хијалуронска киселина за смирување, еластичност и интензивна нега.
-
Shiny Pumpkin Repair Essence (15ml) – Хидратантна есенција со аминокиселини и тиква, која го зајакнува заштитниот слој на кожата и ѝ дава природен сјај.
-
Shiny Pumpkin Cera Repair Cream (10g) – Крем со 5-церамиден комплекс и ши путер кој ја обновува кожната бариера и ја зголемува цврстината и еластичноста.
Клучни придобивки:
-
Формула против брчки и за изедначување на тенот
-
Високо хидратантно и хранливо дејство
-
Лесно пакување, идеално за патување или како вовед во линијата
-
Подобрување на густината, сјајот и отпорноста на кожата
Активни состојки:
Екстракт од тиква (Cucurbita Pepo), алантоин, ниацинамид, аденозин, ши путер -
-
FAU Skin Solution SOS Travel Kit (toner 20ml, serum 5ml, cream 15g, mask 25g)
1.532 денFAU Skin Solution SOS Travel Kit е комплет за нега на чувствителна и иритирана кожа, идеален за патување или тестирање на производите од линијата. Комплетот содржи мини верзии на четири клучни производи за целосна рутина: тонер, серум, крем и маска. Формулирани со екстракти од центела азиатика, прополис и чајно дрво, овие производи се наменети за смирување на црвенило, хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Сетот вклучува:
-
Skin Solution SOS Toner (20ml) – Нежен, тонер со ниска киселост, со 80% центела вода за смирување и нега.
-
Skin Solution SOS Serum (5ml) – Ампула со 70% центела и 10% прополис, идеална за локално третирање на црвенила и акни.
-
Skin Solution SOS Cream (15g) – Калминг крем со 71% алое вера за регенерација и навлажнување на чувствителна кожа.
-
Skin Solution SOS Mask (1 маска) – Ладечка маска што ја намалува температурата на кожата и обезбедува моментално олеснување.
Клучни придобивки:
-
Дерматолошки тестиран за иритирана кожа
-
Хипоалергени формули за чувствителна и проблематична кожа
-
Лесно и безбедно за носење – идеално за патување
-
Природни состојки за хидратација, смирување и заштита на кожата
Активни состојки:
Центела азиатика, прополис, чајно дрво, алое вера, алантоин, камилица, портокалово и лимоново масло -
-
FAU Skin Solution Waterfull Sun Serum 50g
1.350 денFAU Skin Solution Waterfull Sun Serum е лесен сонцезаштитен серум со SPF50+ и PA++++, создаден за секојдневна заштита на кожата од UVA и UVB зраците. Формулата со 74% хидратантна есенција има воздушеста и воденеста текстура која рамномерно се распределува, брзо се впива и не остава бела трага, тежина или непријатно лепливо чувство.
Комплексот од 10 форми на хијалуронска киселина обезбедува повеќеслојна хидратација и помага во задржување на влагата. Глицерил глукозидот дополнително ја поддржува хидратацијата, додека пантенолот, алантоинот и мадекасозидот придонесуваат за смирување на чувствителната и дехидрирана кожа.
Ниацинамидот помага во изедначување и осветлување на изгледот на тенот, а аденозинот придонесува за подобрување на еластичноста и намалување на видливоста на фините линии. Формулата е тестирана за иритација на чувствителна кожа, помага во намалување на чувството на загреаност и лесно се отстранува при чистење.
Придобивки:
- Обезбедува висока UVA и UVB заштита со SPF50+ и PA++++
- Содржи 74% хидратантна есенција
- Обезбедува интензивна и долготрајна хидратација
- Содржи комплекс од 10 форми на хијалуронска киселина
- Ја смирува чувствителната и дехидрирана кожа
- Помага во изедначување и осветлување на изгледот на тенот
- Придонесува за подобрување на еластичноста
- Не остава бела трага и лепливо чувство
- Има лесна и воздушеста серумска текстура
- Погоден е за чувствителна кожа
- Лесно се отстранува при чистење
Начин на употреба:
Како последен чекор од утринската рутина, нанесете рамномерен и обилен слој на лицето, вратот и другите делови изложени на сонце. Нанесете го производот 15 до 20 минути пред изложување на сонце.
Повторно нанесувајте на секои два часа, како и по обилно потење, бришење со крпа или подолг престој на отворено. За одржување на наведеното ниво на заштита, потребно е да се нанесе доволна количина од производот.
-
House of Hur 3x Capsule Hydro Booster Cream 50ml
2.590 денOriginal price was: 2.590 ден.2.331 денCurrent price is: 2.331 ден. -
I’m from Rice Serum 30ml
1.620 денOriginal price was: 1.620 ден.1.458 денCurrent price is: 1.458 ден. -
iUNIK Propolis Vitamin Synergy Serum 15ml
499 денOriginal price was: 499 ден.474 денCurrent price is: 474 ден.Моќен смирувачки серум кој на кожата ѝ пружа исхрана, нега против брчки и го подобрува тенот осветлувајќи ја. Начин на употреба: Со пипетата нежно нанесете соодветна количина на лицето и оставете да се впие.