1.450 ден Original price was: 1.450 ден.1.305 денCurrent price is: 1.305 ден.
Нема на залиха
Оваа “две во едно” течност збогатена со вода од кора од врба има разладувачко дејство, ги намалува порите и ја измазнува текстурата на кожата, правејќи ја кожата чиста и сјајна.
Покрај тоа содржи бетаин салицилат и бетаин кои помогаат во намалувањето на порите и создавање помазен тен. Алантоинот, пантенолот и ментолот обезбедуваат хидратантна и смирувачка нега.
Предности:
Грижа за порите и хидратација истовремено
Како да се користи:
Испумпајте од содржината 1-2 пати на дланка и нанесете рамномерно на лицето. Користете памукче и избришете го вишокот со движење во правец на текстурата на кожата.
Главни состојки:
Вода од кора од Salix Alba (врба), бутилен гликол, хидроксипропил циклодекстрин, вода, пентилен гликол, 1,2-хександиол, бетаин салицилат, аргинин, бетаин, PEG-60 хидрогенизирано рицинусово масло, алантоин, пантенол, етилхексилглицерин, натриум хијалуронат, карбомер, екстракт од семе од Cassia Tora, ментил лактат, екстракт од Mentha Arvensis (коњска опашка).
1.450 ден Original price was: 1.450 ден.1.305 денCurrent price is: 1.305 ден.
Нема на залиха
Маската за спиење Ultimate Nourishing Rice Overnight Spa Mask содржи 65% екстракт од ориз и други природни состојки за осветлување, негување и хидратација на вашата кожа додека спиете. Нанесете ја навечер во последниот чекор од Вашата рутина за нега на кожата. Оставете ја да делува преку ноќ додека спиете . Исплакнете ја следниот ден.
Предности:
Ноќната маска која содржи 65% екстракт од корејски ориз обезбедува хидратација и осветлувачки ефект додека спиете за да се разбудите сои мека, мазна и посветла кожа. Содржи 3,9% ниацинамид за хидратација на кожата, за омекнување и за подобрување на текстурата на кожата снабдувајќи ја со хранливи материи во текот на целата ноќ. Клинички тестирана за иритација на кожата. Погодна за чувствителна кожа.
Може да се користи и како хидратантен крем.
Начин на употреба:
Во последната фаза од вашата вечерна рутина за нега на кожата, нанесете ја ноќната маска рамномерно на лицето и оставете ја преку ноќ за подобра апсорпција.
My First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.
Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.
Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.