2.530 ден Original price was: 2.530 ден.1.265 денCurrent price is: 1.265 ден.
Нема на залиха
Смирете ја иритираната, чувствителна кожа и уживајте во својствата против стареење на двојниот крем From Ganghwa Pure Artemisia на познатиот корејски бренд Tonymoly.
Високо навлажнувачки „два во едно крем“ кој содржи хидратантен гел за дневна употреба и ноќен крем богат со хранливи материи. Гел кремот со лесна текстура брзо се впива во кожата правејќи ја полна и давајќи ѝ природен сјај. Ноќниот крем има богата текстура и помага да се задржи влагата во кожата.
Овој крем содржи 100% чист екстракт од артемизија, лековита билка која добива популарност поради многубројните корисни ефекти врз кожата.
◻️ Ја смируца иритацијата
◻️ Има антиинфламаторно дејство
◻️ Ја подобрува текстурата на кожата
◻️ Антиоксидантно дејство
◻️ Го стимулира создавањето на колаген
◻️ Ја спречува појавата на брчки и фини линии
2.530 ден Original price was: 2.530 ден.1.265 денCurrent price is: 1.265 ден.
Нема на залиха
За производот
Snail Bee High Content Steam Cream е висококонцентриран крем произведен со пареа. Технологијата на производство со помош на пареа ја зачувува ефикасноста на најмоќните состојки за нега кои ги содржи овој крем. Погоден е за сите типови на кожа, а особено за чувствителна кожа и кожа склона на акни. Ако имате многу чувствителна кожа, овој крем ќе биде Вашиот сојузник бр. 1.
Тој е богат со коктел од здрави и ефикасни состојки. Филтратот од слуз од полжав кој има регенеративни својства, пчелиниот отров кој е природен антисептик, пептидот sh-олигопептид-1, хиалуронската киселина, и различни растителни екстракти кои се дел од неговата формула прават чуда за кожа и помагаат за подобрување на тенот. Благодарение на оваа природна и здрава формула, ја навлажнува, негува и обновува оштетената кожа за само неколку дена, ја смирува надразнетата кожа и иритацијата предизвикана од акни.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Кремот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Snail Bee High Content Steam кремот е дерматолошки тестиран.
Употреба:
Нанесете соодветна количина од кремот на чисто лице и нежно тапкајте додека целосно се апсорбира. Се препорачува како последен чекор од рутината за нега на лице, по нанесувањето на тонер, есенција/серум и лосион.
За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со останатите производи од Snail Bee High Content линијата. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Snail Bee High Content Skin → Snail Bee High Content Essence → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.
Клучни состојки:
Против акни: Ниацинамид, лауринска киселина
Антиоксиданси: Филтрат од секрет од полжав, масло од јатка од Argania Spinosa, токоферил ацетат
Состојки за комуникација на клетките: Ниацинамид, Sh-Олигопептид-1, Аденозин
Осветлување на кожата: Ниацинамид
Состојки идентични со кожата: Глицерин, натриум хијалуронат, уреа, аргинин
Смирувачки: Екстракт од кора од Salix Alba (врба)