690 ден
690 ден
SKIN1004 Madagascar Centella Light Cleansing Oil е ултра-лесно, мултифункционално масло за чистење кое е првиот и најважен чекор во вашата вечерна рутина за нега. Овој корејски чистач на база на масло е формулиран да ги раствори и темелно да ги отстрани сите нечистотии растворливи во масло, како шминката, водоотпорниот крем за сонце, вишокот себум и загадувачите, без да ја исуши кожата.
Содржи екстракт од мадагаскарска Centella Asiatica во комбинација со неколку природни масла. Овие состојки обезбедуваат освежителен и смирувачки финиш, а истовремено делуваат некомедогено и помагаат во отстранувањето на себумот за спречување на затнати пори. Неговата лесна текстура го прави идеален дури и за оние кои првпат користат маслен чистач, без да предизвика иритација на очите. Затоа може да се користи за отстранување на шминка од шчите, бидејќи н предизвикува иритација и црвенило на очите.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој SKIN1004 маслен чистач е совршен за сите типови кожа, вклучувајќи ги нормална, сува и чувствителна кожа. Наменет е за секој што сака ефикасен маслен чистач или практикува двојно чистење и бара нежен, но ефикасен производ кој ја смирува кожата, ја хидрира и ја остава свежа, со чисти и стеснети пори.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Нанесете умерена количина од маслото на суви раце. Масирајте го маслото на суво лице со нежни кружни движења за да ги растворите шминката и нечистотиите. Потоа намокрете ги рацете, додадете малку вода на лицето и продолжете со масажата, при што маслото ќе се емулгира и ќе стане млечно. На крајот, темелно исплакнете го лицето со млака вода. Доколку практикувате двојно чистење (се препорачува кај комбинираната и мрсна кожа по чистењето со маслен чистач) продолжете со втор чекор на чистење со пенливо средство на база на вода (како SKIN1004 Madagascar Centella Ampoule Foam).
Кога барате најдобар гел за чистење на лице, важно е да изберете производ кој има моќна способност за чистење, без да ја наруши природната бариера на кожата.
Green Plum Refreshing Cleanser од Beauty of Joseon е нежен пенлив чистач кој темелно ги отстранува сите нечистотии, себум и остатоци од шминка, без да предизвика иритација или сушење.
Здравата кожа има блага киселост благодарение на природните киселински компоненти што ги лачат потните и лојните жлезди. Кога pH балансот се нарушува, кожата станува чувствителна, склона кон воспаленија и сува.
Green Plum Refreshing Cleanser е идеален избор за секојдневно користење, обезбедувајќи свежа, мазна и балансирана кожа, без чувство на сувост.