950 ден 665 ден
950 ден 665 ден
На крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.
Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.
Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.
Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.
Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.
Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).
Клучни состојки:
Сакате да пробате некој од серумите на Beauty of Joseon, но не знаете кој. Ви го претставуваме Hanbang Discovery Kit, сет создаден токму за оние кои сакаат да пробуваат и да го откријат идеалниот серум за нивната кожа.
Сетот содржи 4 различни серуми во шишенца од по 10ml, кои може да ги комбинирате во својата рутина, зависно од моменталните потреби на кожата.
Сетот содржи: