Facetheory е апсолутен хит на социјалните мрежи. За ова има причина, Facetheory нуди широка палета на уникатни производи кои даваат вистински резултати кај различни проблеми на кожата. За ова сведочат многубројните позитивни рецензии на корисниците ширум светот.
Во палетата на Facetheory ќе најдете многу производи со активни состојки застапени во супер ефиксани комбинации. Тоа се производи кои навистина делуваат, тие се вегански и нема да ве чинат цело богатство.
Facetheory е бренд кој верува во убавината, науката и природата. Затоа го комбинира најдоброото од природата и науката за да го извлече најдоброто од вашата кожа. Нивната цел е секој да се чувствува убаво во својата кожа и да биде безгрижен додека тие се грижат за неговата кожа.
И на крај, но не помалку важно, производите покрај тоа што изгледаат супер атрактивно во својата амбалажа, нивната амбалажа е рециклирачка, направена од стакло и алуминиум како и биоразградив материјал.
-
Facetheory Bakuchiol Firming Daily Moisturiser 50ml
2.280 ден1.890 денТоа е крем (навлажнувач) кој содржи уникатна мешавина од арганово масло, ферулинска киселина, витамини Ц и Е, шиа путер, хијалуронска киселина и неговата карактеристична состојка, бакучиол.
Овој лесен заштитен дневен крем ја комбинира антиоксидантната моќ на бакучиолот со хидрантна моќ на хијалуронска киселина, надополнети со моќното дејство на витаминот Ц и Е и ферулинската киселина.
Бакучиолот се добива од семето на растението Psoralea corylifolia, кое има потекло од Индија и Шри Ланка и се користи со векови во ајурведската и кинеската медицина. Бакучиолот ги стимулира рецептори на кожата кои го синтетизираат колагенот тип-1 и помага да се забрза циклусот на обновување на клетките. Иако бакучиолот има сличен ефект како ретинолот на видливите знаци стареење, тој функционира поинаку и нема да ја иритира кожата или да ја направи почувствителна на изложување на сонце.
Оризовиот скроб природно ги апсорбира маснотиите за да помогне во контролата на сјајот и минимизирање на порите.
Хијалуронската киселина е полисахарид кој ја врзува влагата во клетките за одржување на полна и хидрирана кожа. Глицеринот помага кожата да се заштити од губење на водата.
Шиа путерот смирува и омекнува. Аргановото масло содржи омега масни киселини кои помагаат да се омекнат сувите делови на кожата и да се смири проблематичната кожа.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост.
Производот содржи висока концентрација на активни состојки, па затоа е потребна само мала количина за употреба.
-
Facetheory Blemicalm Azelaic Acid 15% Clarifying Serum 30ml
2.280 ден1.999 денТоа е серум со 15% азелаична киселина, колоиден овес и зелен чај. Азелаичната киселина се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот и е природен антиоксиданс кој може да помогне да се намали воспалението. Клиничките студии покажуваат дека геловите со азелаична киселина можат да го минимизираат изгледот на оток и видливите крвни садови предизвикани од розацеа. Се верува дека производите со азелаична киселина имаат антибактериски ефект против бактериите кои предизвикуваат акни, хиперпигментацијата и розацеа. Азелаичната киселина има различен вид на дејство од алфа и бета хидроксилните киселини. Колоидните овесни честички, алое верата и зелениот чај даваат дополнителен антиоксидантен ефект.
- Делува антибактериски.
- Ги отстранува акните.
- Ја намалува хиперпигментацијата.
- Ја намалува подуеноста и видливите крвни садови предизвикани од розацеа.
-
Facetheory CeraNight Rejuvenating Night Oil 30ml
2.650 ден1.590 денFacetheory CeraNight Rejuvenating Night Oil – луксузно масло за лице кое ќе ја облагороди и обнови вашата кожа додека спиете! Ова ноќно масло е збогатено со церамиди и бакучиол, кои помагаат за зајакнување, хидратација и подмладување на кожата.
Главни придобивки:
- Ја потхранува кожата
- Зајакнува и враќа еластичност
- Поправа оштетувања и го изедначува тенот
Подходно е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална и сува кожа. Доколку вашата кожа покажува знаци на стареење, дехидрација, нееднаква текстура или пигментација, ова масло ќе ви помогне во постигнување на здрав и блескав тен.
Како да го користите во рутината: Нанесете го како последен чекор во вечерната рутина, по хидратантниот крем, за да ги запечати активните состојки и да и’ обезбеди на кожата интензивна ноќна нега.
Клучни состојки:
- Церамиди – за обновување на кожната бариера и долготрајна хидратација
- Бакучиол – природна алтернатива на ретинол која го изедначува тенот, ја намалува пигментацијата и помага против фини линии
Откријте ја трансформацијата на вашата кожа со Facetheory CeraNight Rejuvenating Night Oil!
-
Facetheory CeraQuench Retinol Rich Cream 50ml
2.550 ден1.590 денОвој богат навлажнувачки крем е идеален за нормална до сува кожа и е формулиран за да ја зголеми еластичноста и хидратацијата на кожата. Содржи церамиди, ретинол и витамин C кои обезбедуваат длабока нега и зацврстување на кожата.
- Главни придобивки:
- Хидрира длабински и долготрајно
- Зацврстува и ја подобрува еластичноста
- Потхранува и ја враќа свежината на кожата
- Погоден за:
- Сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа
- Таргетира:
- Брчки
- Безживотен тен
- Дехидрација
- Пигментација
- Нееднаква текстура
- Како да го користите: Нанесете го после серумите, но пред масла, како дел од вашата вечерна рутина.
- Клучни состојки:
- 2% Церамиди – природни липиди кои го обновуваат и зајакнуваат заштитниот слој на кожата, ја подобруваат хидратацијата и ја смируваат иритацијата
- Ретинол естер – за подобрување на текстурата и подмладување на кожата
- Масло од шипка – природно богат извор на витамин C, кој ја осветлува и ја изедначува кожата
- Главни придобивки:
-
Facetheory ClariCleanse AHA & BHA Exfoliating Cleanser 150ml
1.350 ден1.190 денClariCleanse AHA & BHA Exfoliating Cleanser е најпопуларниот и најпродаваниот клензер на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
Тоа е прочистувачки кремаст клензер со три вида на киселини, гликолна киселина, салицилна киселина и млечна киселина, кои помагаат во одзатнување и чистење на порите, одржување на порите, регулирање на создавањето на себум, ексфолирање и измазнување на кожата.
Има моќен троен ефект благодарение на трите вида киселини со ниска pH вредност со што ја подобрува состојбата на мрсната, нечиста кожа и кожа склона кон акни.
Содржи 2% салицилна киселина, за да навлезе длабоко во порите за да ја отстрани заробената нечистотија и да ја намали појавата на комедони.
Формулиран е со 4% гликолна киселина и 1 % млечна киселина за ексфолијација на кожата, отстранување на мртвите клетки и подобрување на текстурата и целокупниот изглед.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
- Гликолната киселина (4%) е алфа хидроксилна киселина која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата што ги поврзува.
- Млечната киселина (1%) исто така е алфа хидроксилна киселина која помага во ексфолијација на кожата со разградување на материјалот што ги поврзува клетките на кожата.
- Салицилната киселина (2%) е бета хидроксилна киселина. Помага во регенерација на клетките на кожата и ја обновува кожата за да ја направи мека и посветла.
- Маслото од авокадо лесно се апсорбира и е богато со антиоксиданти и корисни масни киселини.
- Маслото од сладок бадем е неиспарливо, немиризливо, неиритирачко масло кое се добива од семките од бадеми. Тоа е богат извор на триглицериди и олеинска, линолна и миристинска масна киселини.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.
-
-
Facetheory Double Glow Exfoliating Face & Body Scrub 150ml
1.490 ден890 денПостигнете помека и помазна кожа и спречете ја појавата на акни на лицето или телото со пилингот со гликолна и салицилна киселина на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗲 𝗔𝗻𝗱 𝗕𝗼𝗱𝘆 𝗦𝗰𝗿𝘂𝗯 𝗘𝟭 е производ за хемиски и механички пилинг кој е е интензивен кон нечистотијата, но доволно нежен за секојдневна употреба.
Гликолната и салицилната киселини помагаат да се исчистат затнувањата на порите и да се намалат проширени пори без да предизвикаат црвенило или иритација. Заедно со ситните зрца од јојоба ги отстрануваат вишокот маснотии од површината на кожата и мртвите клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Гликолната киселина (2%) е алфа хидроксилна киселина (АHA) која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата која ги врзува.
Зрнцата од јојоба се ситни зрнца од природен восок и се користат за физички пилинг. Поблаги се со кожата од лушпите од орев или пемзата (вулкански туф), и попријателски кон околината од пластичните микрогранули. Тие се мазни и не предизвикуваат иритација. Исто така се разградливи и мазни и не предизвикуваат микропукнатини на кожата.
Салицилната киселина (1%) е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките на кожата и нејзино обновување со што ја прави мека и сјајна. Го раствора себумот што ги затнува порите и ги чисти порите.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.
-
Facetheory Encapsulated Retinol 3% Renewing Serum 30ml
2.890 ден2.320 денEncapsulated Retinol 3% Renewing Serum е напреден серум за затегнување и осветлување, кој содржи 3% инкапсулиран ретинол, витамин C и хијалуронска киселина, збогатен со екстракти од копар и сладок корен за смирување на кожата. Оваа формула е создадена да го подобри тенот и текстурата на кожата, при што ги намалува видливите знаци на стареење, неправилности и пигментација.
Погоден е за сите типови кожа, вклучувајќи нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа, како и кожа склона кон акни. Encapsulated Retinol 3% Renewing Serum ефикасно ја хидрира, затегнува и ја изедначува кожата со нежно намалување на појавата на фини линии и видливите пори. Инкапсулираниот ретинол овозможува длабоко продирање во кожата со минимално иритации, додека екстрактите од копар и сладок корен помагаат да ја смири и заштити кожата.
-
Facetheory Glow-C Cream Cleanser 150ml
1.350 ден1.190 денЗа совршено чисти пори и блескав тен, пробајте го Facetheory Glow-C Cream Cleanser.
Овој клензер е формулиран за ефикасно да ги отстранува нечистотиите што ги затнуваат порите додека е нежен кон кожата и не предизвикува чувство на сувост и затегање.
Маслото од авокадо лесно се апсорбира и e богато со антиоксиданти и корисни масни киселини.
Маслото од сладок бадем е неиспарливо, безмирисно, неиритирачко масло кое е богат извор на триглицериди и олеинска, линолнa и миристинска масна киселина.
Витаминот Ц е важен антиоксиданс кој помага во одбрана на кожата од слободните радикали и го намалува оштетувањето од околината. Натриум аскорбил фосфатот е стабилна сол на l-аскорбинска киселина (Витамин C) која не предизвикува чувствителност на кожата. Содржи 2% витамин Ц.
Употреба: Лицето се мие со млака вода. Од клензерот се нанесува количина колку зрно грашок на кожата и се размачкува на лицето со масирање. Се остава една минута, а потоа се плакне со млака вода. Производите на Facetheory содржат висока концентрација на активни материи и потребна е само мала количина при употреба. Се препорачува за сите типови на кожа, вклучително и чувствителната.
Не содржи парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Производот е вегански и без суровост кон животните.
-
Facetheory Glow-C Daily Moisturiser SPF 30 50ml
1.930 ден1.090 денGlow-C Daily Moisturiser е пенаст навлажнувачки крем.
Овој крем ја рафинира и осветлува кожа додека ја заштитува од оштетување на UV зраците. Неговата нова, подобрена формула обезбедува поголема заштита од сонце, без да го менува луксузното чувство на шлаг.
Toa e уникатен крем со витамин C и SPF наменет за секојдневна употреба.Го прави лицето меко и хидрирано и без да остави бела трага.
Tinosorb® S, е патентирана состојка која обезбедува заштита од сонце со широк спектар (SPF 30+ и UVA). Докажано е дека има висока ефикасност и во мали концентрации. Дерматолозите препорачуваат да се користи заштитен фактор 30 секој ден.
Содржи 5% ниацинамид и витамин Ц со двојно дејство (натриум аскорбил фосфат и етил аскорбинска киселина) помагаат да се балансира тонот на кожата, да се намали црвенилото и да се минимизира големината на порите. Натриум аскорбил фосфатот се бори против бактериите кои предизвикуваат акни, помагајќи да се спречатакните и иритираната кожа.
-
-
Facetheory Glow-C Tranexamic 5% Serum 30ml
2.550 ден1.999 денОслободете се од хиперпигментацијата и нека вашата кожа заблеска во полн сјај. Со 𝗘𝘅𝗮𝗴𝗹𝗼𝘄 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 𝗦𝟭𝟬, на познатиот британски бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 ќе им кажете збогум на темните дамки и нерамномерниот тен.
Кажете му здраво на блескавиот и рамномерен тен со 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 𝗘𝘅𝗮𝗴𝗹𝗼𝘄 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 𝗦𝟭𝟬.
Овој серум користи најнова врвна козметичка технологија каде главна улога игра транексамична киселина застапена со 5% која во добро избалансираната комбинација со витамин Ц, ниацинамид, млечна киселина и екстракт од сладок корен, дава максимален резултат. Ја намалува хиперпигментацијата вклучително и мелазмата и старечките флеки.
Функција:
- Отстранување на пигментираните дамки
- Намалување на хиперпигментација
- Изедначување на нерамномерниот тен
- Измазнување на грубите делови на кожата
-
Facetheory Glow-C Vitamin C 20% Serum 30ml
2.190 ден1.799 денGlow-C Vitamin C 20% Serum е лесен серум со висока концентрација на 20% витамин C, кој таргетира безживотен и нерамномерен тен и го измазнува изгледот на фините линии. Погоден е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа.
Помага во изедначување на тенот | Го измазнува изгледот на фините линии
Нанесете го после чистење и тонирање, пред хидратантни креми, креми за очи или масла.
Содржи стабилен дериват на чист витамин C (аскорбинска киселина), со моќни антиоксидантни својства за борба против слободните радикали и заштита од надворешни штетни фактори, истовремено намалувајќи хиперпигментација.
-
Facetheory Glow-C Vitamin C 30% Serum 30ml
3.160 ден2.550 денGlow-C Vitamin C 30% Serum е лесен серум со висока концентрација на 30% витамин C, наменет за освежување на безживотен и нерамномерен тен, како и за измазнување на фините линии. Погоден е за сите типови кожа, вклучувајќи чувствителна, нормална, мрсна, сува и комбинирана кожа.
Осветлува и помага во изедначување на тенот | Го измазнува изгледот на фините линии
Нанесете го после чистење и тонирање, пред хидратантни креми, креми за очи или масла.
Содржи 30% Витамин C и аминокиселини. Витаминот C помага во борба против слободните радикали и заштита на кожата од надворешни штетни фактори, додека аминокиселините дополнително ја потхрануваат и поддржуваат здравата текстура на кожата.
-
-