Pyunkang Yul е решението за потребите на чувствителната кожа. И не само чувствителната кожа, производите на Pyunkang Yul нудат одлична нега за сите типови кожа.

Корејскиот бренд за козметика Pyunkang Yul е основан во март 2016 година од страна на Pyunkang Korean Medicine Hospital, клиника за традиционална медицина позната по лекување на атопични кожни заболувања и се заснова на нивото повеќедецениско искуство во оваа област.

Придржувајќи се до филозофијата на холистичка благосостојба на телото, Pyunkang Yul верува дека здравата кожа се постигнува со одржување на нејзината рамнотежа. Нуди многу внимателно формулирани производи со едноставни формули со минимален број на состојки, избегнувајќи непотребни хемиски супстанци. Производите се исклучиво состојки кои ѝ користат на кожата и се нежни со кожата, помагаат во зајакнување на нејзината бариера.

Скоро сите производи се без мирис и без подобрувачи на текстурата, а ваквиот пристап се покажа и во пракса како најбезбеден начин за заштита и смирување на уморната и иритирана кожа.

Филтер