1.760 ден 1.200 ден
1.760 ден 1.200 ден
COSRX Pure Fit Cica Serum е производи за интензивна нега на кожата и е напредно решение за деликатна и нежна кожа. Овој производ го стимулира заздравувањето на кожата и ѝ пружа интензивен смирувачки ефект.
Тоа е висококонцентриран серум со растителна основа, кој соджи 76% CICA-7 комплекс. Тоа е природен комплекс направен од 7 состојки добиени од центела.
CICA-7 комплексот содржи:
– азиатикозид,
– азиатична киселина,
– мадекасинска киселина,
– мадекасозид,
– екстракт од азиска центела,
– екстракт од лист од азиска центела,
– екстракт од корен од азиска центела.
Во својата формула покрај CICA-7 комплексот содржи и екстракт од Pinus pinaster (приморски бор). Неговата висококонцентрирана формула помага во заздравување и зајакнување на ослабнатата кожа.
Дејство на CICA-7 комплексот:
– Ја смирува иритираната кожа.
– Ја штити чувствителната кожа.
– За зајакнува бариерата на кожата.
Дејство на екстракт од Pinus pinaster (приморски бор):
– Ја освежува кожата.
– Ја ревитализира кожата.
На крајот на денот ја чувствувате вашата кожа уморна, опуштена и без сјај. Вратете ѝ ја енергијата и пружете ѝ моќно ревитализирачко дејство со Skin Recovery Night Repair Seruming Ampoule на познатиот корејски бренд Mizon. Во текот на ноќта, додека спиете формулата на оваа ампула ќе работи за да ве остави задоволни кога ќе се погледнете во огледалото наредното утро.
Активно делува на кожата и ја снабдува со енергија во текот на 12 часа и можете да ја користите наместо ноќна крема без дополнителен навлажнувач.
Тоа е високо збогатена ампула која моќно ја ревитализира кожата додека спиете. Спаѓа во функционална анти-ејџинг козметика одобрена од Министерство за безбедност на храна и лекови на Р. Кореја. Содржи ниацинамид и аденозин, докажани анти-ејџ состојки со двојна функција, намалување на брчките и подобрување на тенот.
Специјално формулирана за зацврснување на опуштената кожа и да ја регенерира оштетената кожа. Ја зајакнува заштитната бариера со што ја прави кожата поотпорна на надворешните штетни влијанија и истовремено ја смирува иритацијата предизвикана од штетно UV зрачење или загадување.
Оваа ампула содржи пептиди кои го поттикнуваат создавањето на колаген во кожата и ја подобруваат нејзината еластичност.
Витаминот Е е антиоксидант кој го спречува дејството на слободните радикали. Toj ги штити клетките и ја подобрува функцијата на клетките.
Хијалуронската киселина, бета-глуканот и нато гумата го одржуваат нивото на влажност во кожата, со што кожата се одржува свежа и полна. Патентираната нато гума која се добива со ферментација на соини зрна ја надополнува функцијата на хијалуронската киселина со зголемување на нивото на природниот навлажнувачки фактор (NMF).
Клучни состојки:
Тоа е сет од четири производи со колаген за сеопфатна нега на лицето. Пмага за хидратација, зацврснување и лифтинг на кожата. Сетот содржи тонер, емулзија, ампула и крем.