Неговото име е составено од првите слогови на зборовите „Simple“ и „Original“ (во превод „Едноставно“ и „Оригинално“) како симбол за наједноставниот начин да се задржи свежината од природата во производите за нега на кожата.
Sioris верува дека најдобрите производи за нега на кожата се прават од чисти состојки. Затоа Sioris секое шишенце го произведува со посебно внимание и потребен труд, за да обезбеди свежи чисти состојки, а притоа да избегне било какви штетни дериватни состојки во текот на производствениот процес и финалниот производ.
Sioris верува дека најделотворните природни состојки се создаваат во текот на четирите годишни времиња во текот на целиот годишен циклус на растенијата, преку нивните корења, изданоци, плодови, цветови и лисја.
Затоа Sioris, природните органски сезонски состојки ги подготвува веднаш по бербата за да создаде несекојдневно свежи производи за нега на кожата.
-
-
Sioris Deep In a Barrier Cream 50ml
1.860 денDeep In a Barrier Cream на корејскиот бренд Sioris е крем со светло зелена кремаста текстура кој помага во обновување на бариерата на кожата. Во неговиот состав се наоѓа маслото од таману и шеа путерот, идеална формулација на состојки кои помагаат во балансирање и смирување на сувата, иритирана кожа, без чувство на маснотија.
Маслото од Таману има длабок и изразен медицински мирис кој потсетува малку на орев. Sioris е бренд кој никогаш не користи вештачки мириси во нивните производи, така што овој мирис е природен, а производот вегански.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот на лицето и нежно тапкајте со дланките за подобра апсорпција.
-
Sioris Enriched By Nature Cream 50ml
1.990 денСо ефект на измазнување и зајакнување на кожата, Enriched By Nature Cream на корејскиот бренд Sioris, крем со мека, брзо апсорбирачка налик на путер текстура, користи уникатна мешавина од хранливи состојки за да формира заштитен слој и да го зголеми задржувањето на хидратацијата. Органскиот шеа путер (8%) ја хидрира кожата со богата концентрација на антиоксиданти, меѓу кои Витамин Е и каротин, додека природно светлата комбинација од Алфа-бисаболол и екстракт од цвет од Rosa multiflora го дава ефектот на светла и сјајна кожа со изедначен тон.
Маслото од семе од златната Adansonia digitata извлечено од дрвото баобаб, додава дополнителни витамини А, Д, Е и Ф во овој комплекс за измазнување на грубата кожа. Органската вода од зелен чај (28,5%), дополнително ја хидрира и смирува секоја иритација.
Природните есенцијални масла кои се доволно нежни за чувствителна кожа, обезбедуваат лесен цветен мирис. Ова е 100% природен производ, формулиран без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии, од овластено органско производство од COSMetics Organic and Natural Standard Certification.
Овој крем е совршен за сува или зрела кожа, идеален и за оние со многу чувствителна, иритирана кожа.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот и масирајте на лицето и вратот со дланките за подобра апсорпција.
-
-
Sioris Falling Into The Rose Mist 30 ml
790 ден690 денFalling Into The Rose Mist на корејскиот бренд Sioris е спреј со хидрантна и избалансирана комбинација на зелен чај, вода од роза и хранливи масла, совршена за сите типови на кожа, особено за оние кои имаат помрсна кожа.
Познат по своите органски состојки, Sioris користи 47,5% зелен чај собран еднаш годишно од врвот на Босеонг. Во својот состав содржи екстракт од 2% од лисја од чемпрес, 2,5% сквалан и 1,5% арганово масло, кои сите заедно брзо се апсорбираат, помагаат во балансирањето на производството на себум на кожата, како и во смирувањето на чувствителноста и иритацијата и во одржувањето на хидрирана бариера на кожата. Неговиот мирис на свежа роза е добиен само од природни есенцијални масла.
Овој производ е вегански и е првиот производ од Sioris сертифициран од COSMOS. Без никаква лепливост или чувство на маснотија, тој е одличен и за чувствителна и за мрсна кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да се измешаат водата и маслото и шприцајте 2-3 пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
-
Sioris Feel So Fresh Toner
1.290 денСо изобилство од природни и органски состојки, Feel So Fresh Toner од корејскиот бренд Sioris, и помага на кожата да ја врати рамнотежата, истовремено додававајќи и хидратација и подобрувајќи ја текстурата на кожата.
Органскиот екстракт од цитрус од Џеџу е преполн со витамин Ц, кој помага во осветлувањето на кожата, додека екстрактот од брокула додава хидратација на чувствителната кожа. Екстрактот од кора од црна врба нежно ја ексфолира кожата, помага да се елиминираат црните точки и мртвите клетки, како и во контролата на себумот.
Овој природен тонер е направен со 90% органски сезонски состојки од Јужна Кореја, за оптимална свежина и ефикасност. Клинички тестиран, не иритирачки, овој тонер е совршен за оние со мрсна, комбинирана и чувствителна кожа. Со ниска pH вредност и антимикробен, овој тонер не содржи парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
УПОТРЕБА: По чистењето, нанесете го тонерот на памучна подлога и со кружни движења, нежно поминете низ целото лице.
-
Sioris Make it Bright Sheet Mask
195 денMake It Bright Sheet Mask на корејскиот бренд Sioris е хидрантна лист-маска потопена во есенција од 73% органска сезонска вода од сливи, полна со витамини и минерали кои потекнуваат од Гвангјанг, Кореја. Есенцијата е формулирана со смирувачки екстракт од Centella asiatica, екстракт од брокула богат со витамин Ц, кој помага за осветлување на тонот на кожата и екстракт од култура на Ginseng callus кој помага во негување на кожата. Ниацинамидот (витамин Б3) заедно со пантенолот (витамин Б5), делуваат за осветлување на тонот на кожата.
Еколошката ткаенина на лист-маската е изработена од екстракт од еукалиптус кој има апсорбирачки и навлажнувачки својства, лесно и нежно се лепи на лицето, без да предизвика иритација на чувствителната кожа.
Употреба:. Нанесете ја маска на чисто лице и оставете ја да делува 15-20 минути, без да ја плакнете. Потоа нежно масирајте за да ја распределите есенцијата низ целото лице.
-
Sioris My First Essencer
1.790 денMy First Essener на корејскиот бренд Sioris, ги комбинира хидрантните својства на тонерот со хранливите својства на есенцијата во една моќна формула. Во својот состав, ја вклучува органската вода од зелен чај (47,5%) богата со антиоксиданси и витамин Б, која ја смирува иритацијата и ја штити кожата од стрес обезбедувајќи природен мирис на билки. Полиглутаминската киселина, добиена од ферментирани соини зрнца, помага во задржувањето на влажноста на кожата.
Екстрактот од лист од Artemisia princeps кој е богат со минерали заедно со цветната вода од Rose damascena, ја смирува кожата и ја зајакнува виталноста. Трикратната хијалуронска киселина и бетаин се додадени за дополнително да го спречат губењето на влажноста и длабоко да ја хидрираат кожата, одржувајќи ја цврста и еластична.
Овој органски сертифициран, 100% природен производ, со малку вискозна текстура и лесна апсорпција, е одличен за сите типови на кожа вклучително и чувствителна кожа. Формулиран е без парабени, вештачки мирис, адитиви или штетни хемикалии.
Употреба: По чистењето на лицето, нежно нанесете соодветна количина на дланките и тапкајте за целосна апсорпција.
-
Sioris Time Is Running Out Mist 100ml
1.290 денTime Is Running Out Mist на корејскиот бренд Sioris е иновативна три во еден формула за нега на кожата. Овој спреј со ниска ph вредност, кој функционира како тонер, спреј-ампула или серум и дава на дехидрираната кожа освежувачко зајакнување со хранлива хидратација.
Содржи 78% органска овошна вода (сезонска зелена слива), која е преполна со хранливи материи и минерали со која обезбедува непосредна хидратација. Трите масла, корисни за кожата, масло од макадамија, масло од јојоба и сончогледово масло, обезбедуваат долготрајна хранливост и влажност на кожата. Сите состојки се набавуваат во Кореја и се собираат сезонски, за оптимална свежина и ефикасност. Овој производ не содржи парабени, вештачки мириси, адитиви или штетни хемикалии. Се препорачува за сите типови на кожа, особено за оние со сува и дехидрирана кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да ги измешате маслото и водата темелно и прскајте два до три пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.
-
Sioris Time Is Running Out Mist 30ml
790 ден690 денTime Is Running Out Mist на корејскиот бренд Sioris е иновативна три во еден формула за нега на кожата. Овој спреј со ниска ph вредност, кој функционира како тонер, спреј-ампула или серум и дава на дехидрираната кожа освежувачко зајакнување со хранлива хидратација.
Содржи 78% органска овошна вода (сезонска зелена слива), која е преполна со хранливи материи и минерали со која обезбедува непосредна хидратација. Трите масла, корисни за кожата, масло од макадамија, масло од јојоба и сончогледово масло, обезбедуваат долготрајна хранливост и влажност на кожата. Сите состојки се набавуваат во Кореја и се собираат сезонски, за оптимална свежина и ефикасност. Овој производ не содржи парабени, вештачки мириси, адитиви или штетни хемикалии. Се препорачува за сите типови на кожа, особено за оние со сува и дехидрирана кожа.
Употреба: Протресете го шишето за да ги измешате маслото и водата темелно и прскајте два до три пати од дистанца. Нежно тапкајте за подобра апсорпција.