1.860 ден
Нема на залиха
Deep In a Barrier Cream на корејскиот бренд Sioris е крем со светло зелена кремаста текстура кој помага во обновување на бариерата на кожата. Во неговиот состав се наоѓа маслото од таману и шеа путерот, идеална формулација на состојки кои помагаат во балансирање и смирување на сувата, иритирана кожа, без чувство на маснотија.
Маслото од Таману има длабок и изразен медицински мирис кој потсетува малку на орев. Sioris е бренд кој никогаш не користи вештачки мириси во нивните производи, така што овој мирис е природен, а производот вегански.
Употреба: Во последниот чекор од рутината за нега на кожата, нанесете соодветна количина од кремот на лицето и нежно тапкајте со дланките за подобра апсорпција.
1.860 ден
Нема на залиха
Дали сте во потрага по крем за 24/7 хидратација?
Ви го препорачуваме 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵, лесен за употреба преку ден, но доволно хранлив за употреба во текот на ноќта. Содржи моќни состојки кои ги отстрануваат брчките и ја спречуваат појавата на нови.
Клучни состојки:
▪️ слуз од полжав
▪️ хијалуронска киселина
▪️ трипептиди
▪️ екстракт од зелен чај
▪️ пантенол
▪️ екстракт од азиска центела
▪️ екстракт од женшен
Оваа извонредна листа на состојки на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗗𝗮𝘆/𝗡𝗶𝗴𝗵𝘁 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 зборува многу за неговото дејство.
Формулиран со слуз од полжав која помага во репарирање на оштетувањата на кожата, хијалуронска киселина за хидратација и надополнување на нивото на влага во кожата, зелен чај за заштита од слободните радикали, пептиди кои помагаат во зајакнување, зацврстување и подобрување на еластичноста на кожата, пантенол и азиска центела кои помагаат во смирување на кожата и екстракт од женшен кој ја спречува појавата на брчки.
Овој крем обезбедува оптимална хидратација за кожата, ѝ помага природно да се обнови и ги враќа природните свежина и сјај со секое нанесување.
Следете како изгледаат фините линии, брчките, хиперпигментацијата и лузните и забележете како исчезнуваат со редовната употреба. Овој ултра-мек крем ја подмладува и обновува кожата за здрав, помладешки изглед и блескав тен.