1.499 ден Original price was: 1.499 ден.1.349 денCurrent price is: 1.349 ден.
1.499 ден Original price was: 1.499 ден.1.349 денCurrent price is: 1.349 ден.
SKIN1004 Madagascar Centella Air-Fit Suncream Plus SPF50+ PA++++ е крем за заштита од сонце со максимална заштита наменет за секојдневна употреба.
Тоа е лесен крем со минерален филтер кој обезбедува највисока заштита од сонце SPF50+ PA++++. Овој корејски крем за сонце користи исклучиво физички филтри, цинк оксид и титаниум диоксид, кои ефикасно ги блокираат штетните UVA и UVB зраци и не дозволуваат тие да допрат до површината на кожата, спречувајќи го фотостареењето и оштетувањето на кожата. И покрај високиот фактор, кремот има неверојатно лесна текстура, брзо се впива и не остава бел траг или мрсен финиш.
Формулата е збогатена со висока концентрација на екстракт од чиста азиска центела од Мадагаскар (35,8%) и ниацинамид, што го прави идеален за нега на чувствителна и иритирана кожа. Центелата ја смирува кожата, го намалува воспалението и ја зајакнува нејзината природна бариера, додека ниацинамидот придонесува за изедначен тен и спречување на пигментации. Оваа комбинација обезбедува не само заштита, туку и активно ја балансира и хидрира кожата. Производот е формулиран да биде еколошки прифатлив и се смета за reef-safe, односно не содржат честички кои им штетат на коралите и коралните гребени. што го прави одговорен избор за животната средина.
Мадагаскарската Centella asiatica се разликува од другите видови Centella поради уникатната средина во која расте. Климата и почвата на Мадагаскар придонесуваат таа да има многу поголема концентрација на активни состојки во споредба со останатите видови на Centella asiatica, што ја прави поефикасна во смирувањето на кожата и намалувањето на воспаленијата.
Овој крем е наменет за сите типови кожа, вклучувајќи ја и сувата, чувствителната и реактивната кожа, особено за оние кои бараат висок заштитен фактор за секојдневна употреба и активности на отворено. Неговата лесна конзистенција и нелеплив финиш го прават совршен за употреба во текот на целата година како заштита или под шминка. Тој е идеален избор за секој што сака да ја заштити кожата од сонце, додека истовремено добива смирувачки и осветлувачки придобивки.
Клучни придобивки:
Клучни состојки:
Начин на употреба: Како последен чекор од вашата рутина за нега на кожа, нанесете рамномерна и издашна количина на кремот на сите области изложени на UV зраци (лице, врат, уши), 15 минути пред излегување на сонце. Повторете ја апликацијата на секои 2-3 часа, особено по потење, пливање или бришење.