1.199 ден Original price was: 1.199 ден.899 денCurrent price is: 899 ден.
Нема на залиха
Уживајте во задоволството од чистењето на вашето лице со луксузна кремаста пена на корејскиот бренд за природна и органска козметика 𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔, 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿.
𝗔𝗥𝗢𝗠𝗔𝗧𝗜𝗖𝗔 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗶𝗻𝗴 𝗥𝗼𝘀𝗲 𝗜𝗻𝗳𝘂𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 му дава на чистењето на лицето нова димензија, додека богатата пена со нежни меурчиња ја гали кожата, природниот пријатен мирис го зголемува уживањето.
Ефикасно и со леснотја ја отстранува шминката и сите нечистотии што се таложат на кожата на лицето во текот на денот, без да ја наруши заштитната бариера на кожата и без да предизвика чувство на сувост и затегање. По чистењето кожата ја остава свиленкасто нежна и добро хидрирана.
Направен со органски екстракт од роза (Rosa damascena), содржи 23% ECOCERT сертифицирани органски сосојки и 83% природни состојки.
Екстрактот од роза и екстрактот од шипинка имаат моќно антиоксидантно и антиејџ дејство.
Содржи моќен комплекс на екстракти од неколку видови бобинки кои се витаминска бомба и ја енергизираат и ревитализираат кожата.
Природните екстракти во овој крем се добиени со специјален метд на декокција. Тоа е метод на екстракција без загревање, која ги екстрахира активните состојки без да го наруши нивниот квалитет. Со тоа тие ја задржуваат својата ефикасност.
Производот е вегански и cruelty-free.
1.199 ден Original price was: 1.199 ден.899 денCurrent price is: 899 ден.
Нема на залиха
Темелно отстранете ги и најтврдокорните нечистотии и шминка од кожата на лицето со 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗩𝗶𝘁𝗮𝗺𝗶𝗻 𝗖 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗖𝗹𝗲𝗮𝗻𝘀𝗲𝗿 без да ја нарушите заштитната бариера на кожата.
Овој пенлив гел чистач е идеален за отстранување на шминката, вклучително и маскарата.
Темелно ги чисти пoрите од вишокот маснотии и нечистотија.
Нежен е кон кожата и темелно ги отстранува и најтврдокорната шминка и нечистотии без да ја наруши заштитната бариера на кожата.
Благодарение на витаминот Ц и растителните екстракти, го изедначува нерамномерниот тен, ја намалува хиперпигментацијата, ја штити кожата од слободните радикали, ја спречува појавата на акни и ја подобрува текстурата на кожата.
Клучни состојки:
▪️ Витамин Ц
Ја намалува хиперпигментацијата и темните дамки. Го стимулира создавањето на колаген. Ја штити кожата од слободните радикали.
▪️ Алое вера
Jа омекнува и смирува кожата. Ја спречува појавата на акни.
▪️ Зелен чај
Тоа е моќен антиоксидант кој ја штити кожата од слободните радикали. Ја одложува појавата на знаци на стареење.
▪️ Екстракт од морска алга
На кожата ѝ дава полн изглед. Богат е со витамини и минерали кои помагаат во зацврстување на
кожата.
▪️ Женшен
Ја спречува појавата на фини линии и брчки.