990 ден Original price was: 990 ден.693 денCurrent price is: 693 ден.
990 ден Original price was: 990 ден.693 денCurrent price is: 693 ден.
Рамномерна текстура и воедначен тен е изглед на кожата посакуван од многумина, но оние што пробале многу производи знаат дека не е лесно да се постигне. Bubble Toner : Green Plum + AHA e одличен производ за таа намена, тоа е пенлив тонер кој ќе ви помогне лесно да ја постигнете целта.
Една од главните состојки на овој тонер е природно добиената АХА киселина од вода на зелена слива и екстракт од шеќерна трска. АХА гликолната киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата за да да се добие подобра текстура на кожата и го поттикнува обновувањето на клетките што помага во измазнување на лузните и отстранување на пигментацијата.
АХА киселината е позната по својот анти-ејџ ефект. Постојаниот нежен пилинг, исто така, помага да се минимизира појавата на фини линии и брчки.
Уште една важна состојка е екстрактот од мед кој е природен антиоксиданс и ја зголемува хидратацијата и сјајот на кожата. Познато е дека го забрзува процесот на заздравување, помага при појава на акни, лузни и подобрување на тенот.
Водата од оризови трици го осветлува тенот и ја зајакнува целокупната состојба на кожата, па затоа во само неколку чекори добивате рамномерна, мека, хидрирана и зајакната кожа.
Водата пак од коренот на женшен е богата со антиоксиданси, кои се борат со знаците на предвремено стареење и стимулираат продукција на колаген.
Beauty of Joseon Glow Deep Serum: Rice + Alpha Arbutin е осветлувачки серум формулиран за изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата. Со 68% оризова вода и 2% алфа-арбутин, овој серум обезбедува длабока хидратација и блескав изглед на кожата.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно додека целосно не се апсорбира. Користете го во утринската и вечерната рутина за оптимални резултати.
Овој корејски серум со оризова вода и алфа-арбутин е совршен за оние што сакаат посветол, уедначен тен и природен сјај на кожата.
Заштитете ја кожата од штетните UV зраци и пружете ѝ длабинска хидратација и нега со кремот за заштита од сонце Relief Sun: Rice + Probiotics од Beauty of Joseon. Овој корејски крем со SPF50+ PA++++ нуди висока заштита потврдена со тестирања во Кореја и Шпанија.
Beauty of Joseon Relief Sun: Rice + Probiotics не е само крем за заштита од сонце, туку неопходен чекор во секојдневната рутина, кој обезбедува заштита, хидратација и подобрен тен за сјајна, здрава и заштитена кожа.