990 ден Original price was: 990 ден.743 денCurrent price is: 743 ден.
990 ден Original price was: 990 ден.743 денCurrent price is: 743 ден.
Постигнете помека и помазна кожа и спречете ја појавата на акни на лицето или телото со пилингот со гликолна и салицилна киселина на британскиот бренд 𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆.
𝗙𝗮𝗰𝗲𝘁𝗵𝗲𝗼𝗿𝘆 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗲 𝗔𝗻𝗱 𝗕𝗼𝗱𝘆 𝗦𝗰𝗿𝘂𝗯 𝗘𝟭 е производ за хемиски и механички пилинг кој е е интензивен кон нечистотијата, но доволно нежен за секојдневна употреба.
Гликолната и салицилната киселини помагаат да се исчистат затнувањата на порите и да се намалат проширени пори без да предизвикаат црвенило или иритација. Заедно со ситните зрца од јојоба ги отстрануваат вишокот маснотии од површината на кожата и мртвите клетки.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Гликолната киселина (2%) е алфа хидроксилна киселина (АHA) која помага во ексфолијација на клетките на кожата со разградување на материјата која ги врзува.
Зрнцата од јојоба се ситни зрнца од природен восок и се користат за физички пилинг. Поблаги се со кожата од лушпите од орев или пемзата (вулкански туф), и попријателски кон околината од пластичните микрогранули. Тие се мазни и не предизвикуваат иритација. Исто така се разградливи и мазни и не предизвикуваат микропукнатини на кожата.
Салицилната киселина (1%) е бета хидроксилна киселина (BHA) која помага во регенерација на клетките на кожата и нејзино обновување со што ја прави мека и сјајна. Го раствора себумот што ги затнува порите и ги чисти порите.
Без парабени, силикони, PEG, SLS, SLES и минерални масла. Вегански и без суровост кон животните.
Beauty of Joseon Glow Deep Serum: Rice + Alpha Arbutin е осветлувачки серум формулиран за изедначување на тенот и намалување на хиперпигментацијата. Со 68% оризова вода и 2% алфа-арбутин, овој серум обезбедува длабока хидратација и блескав изглед на кожата.
По нанесување на тонер, нанесете неколку капки од серумот и тапкајте нежно додека целосно не се апсорбира. Користете го во утринската и вечерната рутина за оптимални резултати.
Овој корејски серум со оризова вода и алфа-арбутин е совршен за оние што сакаат посветол, уедначен тен и природен сјај на кожата.
Серумот Beauty of Joseon Ginseng + Snail Mucin е идеален избор за кожа која изгубила еластичност и сјај. Формулиран со 63% екстракт од корен од женшен и 3% филтрирана секреција од полжав, овој серум овозможува интензивна хидратација, зацврстување и обновување на кожата. Женшенот, познат како „билка од боговите“ во традиционалната корејска медицина, е богат со сапонини кои продираат длабоко во кожата и обезбедуваат долготрајна хидратација. Секрецијата од полжав, која се користи за заштита на оштетената кожа, дополнително помага во регенерација и смирување на иритациите.
Овој серум е збогатен со екстракти од Centella Asiatica, печурки и Panax женшен, кои ја поттикнуваат природната обновливост на кожата. Неговата лесна текстура брзо се апсорбира без чувство на лепливост, што го прави совршен за секојдневна употреба. Нанесете 2-3 капки на чисто лице и нежно тапкајте за подобра апсорпција.