1.205 ден 855 ден
Нема на залиха
Женшен и ретинал, тоа е добитната комбинација за отстранување на брчките околу очите. Оваа извонредно ефиксна комбинација на состојки ќе ја најдете во серумот за очи 𝗥𝗲𝘃𝗶𝘃𝗲 𝗘𝘆𝗲 𝗦𝗲𝗿𝘂𝗺 : 𝗚𝗶𝗻𝘀𝗲𝗻𝗴 + 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗮𝗹.
Овој производ е дизајниран за да ја подобри опуштената кожа околу очите. Нуди комбинација од 2% ретинал липозом кој има најдобро синергиско дејство со женшенот, позната традиционална анти-ејџ состојка. Оваа комбинација на состојки ефикасно ја враќа еластичноста на кожата, ги намалува брчките и ја обновува оштетената кожа.
Содржи 10% екстракт од корен од женшен богат со сапонин кој помага брзо снабдување со влажност на кожата и нејзино долготрајно задржување длабоко што помага за одржување на свежа и здрава кожа.
Ретиналот е дериват на витаминот А и се користи за подобрување на состојбата на брчките. Ретиналот кој директнно се претвора во ретиноична киселина, делува побрзо и поефикасно врз кожата од ретинолот (кој најпрво мора да помине низ процесот на претворање во ретинал, а потоа во ретиноична киселина за да може да дејствува). Во овој производ се користи стабилизиран ретинал липозом во комбинација со липиди, масла, ниацинамид и холестерол во формула за поголема ефикасност.
Овој крем има нежна свиленкаста мека текстура која лесно се растопува во кожата без да остави чувство на лепливост.
1.205 ден 855 ден
Нема на залиха
Кажете им збогум на брчките, подуеноста и темните кругови околу очите.
Ви го препорачуваме моќниот 𝗥𝗲𝘁𝗶𝗻𝗼𝗹 𝗘𝘆𝗲 𝗖𝗿𝗲𝗮𝗺 на американскиот бренд 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵. Содржи 2,5% енкапсулиран ретинол, за моќно продолжено дејство без иритација.
Не содржи парфем и сликони. Не содржи парабени, сулфати, минерални масла и било какви штетни или контроверзни состојки.
Ретинолот припаѓа на семејството на витамини А. Тој е познат по својата способност да отстрани бројни недостатоци на кожата како фини линии, брчки, акни, лузни од акни, пигментирани дамки итн. Ја поттикнува синтезата на колаген и го забрзува циклусот на обновување на клетките.