260 ден Original price was: 260 ден.220 денCurrent price is: 220 ден.
Нема на залиха
260 ден Original price was: 260 ден.220 денCurrent price is: 220 ден.
Нема на залиха
Никогаш не заборавајте да ја заштитите кожата од сонце. Штетните UV зраци, иако со рзличен интензитет, се присутни во текот на целата година и се причинител за предвремено стареење на кожата. Затоа заштитата од сонце е неопходна во сите годишни времиња.
COSRX, Aloe Soothing Sun Cream е совршено решение за секојдневна заштита на кожата од штетните UV зраци, бидејќи не предизвикува иритација на чувствителната кожа на лицето и не ги затвора порите.
Има нежна текстура и лесно се впива во кожата без да остави бела или мрсна трага. Тоа е производ кој не предизвикува иритација и погоден е за употреба кај чувствителна кожа.
Формулата со екстракт од алое е нежна со кожата, ја негува и ѝ ја дава потребната хидратација, додека ѝ пружа ефикасна заштита од UVA и UVB зраците истовремено.
Beauty of Joseon Ginseng Moist Sun Serum SPF 50+ PA++++ е иновативен серум за заштита од сонце, кој нуди висок SPF 50+ PA++++ за напредна UV заштита, додека истовремено ја храни и подмладува кожата. Оваа лесна серумска формула создава невидлива заштитна бариера, спречувајќи сончево оштетување, предвремено стареење и темни дамки.
На крајот од рутината за нега, нанесете рамномерно доволна количина на лицето и вратот, особено на деловите изложени на сонце. За максимална заштита, повторете нанесување во текот на денот.
Овој хидратантен серум со заштитен фактор е идеален за сите што бараат напредна UV заштита, подмладувачка нега и осветлувачки ефект во еден чекор.
Уживајте безгрижно во дневното сoнце, тука е новиот All-day Airy Sunscreen на Dear, Klairs.
All-day Airy Sunscreen е производ за нега на кожата со силна UV заштита, SPF50+ PA++++ UV заштита, потврдена со повеќе клинички испитувања.
Пред сè, има чист финиш без лепливост по нанесувањето, бидејќи Dear, Klairs користеше природен систем на специјална емулзија за да создаде лесен, но сепак силен крем за сончање. Кремот за сончање се прилагопдува на кожата како лосион или есенција и не остава бела трага или масен сјај. Може исто така да го користите на телото или пред нанесување шминка.
Овој крем не предизвикува иритација и е погоден за чувствителна кожа, бидејќи наместо емулгаторите кои се користат вообичаено во кремите за заштита од сонце, користи емулгатори од растително потекло кои го прават овој крем лесно прилагодлив на кожата и не предизвикуваат иритација.
Може да се нанесува на областа околу очите, без страв од иритација, за да ѝ ја пружи потребната заштита на нежната кожа во оваа област.