Кошничка 0 x

Product

Benton Aloe BHA Skin Toner

1.100 ден 990 ден

Aloe BHA Skin Toner е тонер наменет за секојдневна нега на сите типови на кожа, кој содржи екстракт од алое вера, салицилна киселина (BHA), слуз од полжав, хијалуронска киселина, бета-глукан и други делотворни состојки. Посебно е погоден за кожа на која ѝ е потребна блага ексфолијација, кожа склона на акни, дехидрирана, иритирана и чувствителна кожа.

Достапност: Има залиха
Сподели на:

Овој лесен крем, кој не остава леплива трага, интензивно ја смирува и хидрира кожата благодарение на високата концентрација на своите главни активни состојки, алое вера и хијалуронска киселина. Хијалуронската киселина e застапена со 7 големини на молекули во таканаречениот 7-Hyaluronic Acid Complex, со различна способност за продирање во кожата, за да ги снабди со потребното количество вода и најдлабоките слоеви.

Што е хијалуронска киселина?
Хијалуронската киселина е фонтана на младоста во молекуларна форма. Хијалуронската киселина е супстанција природно присутна во кожата, позната по својот неверојатен капацитет за привлекување и задржување на влажноста. Може да задржи 1000 пати поголемо количество на вода од својата тежина со што на кожата ѝ дава здрав, полн и еластичен изглед. Хијалуронската киселина е молекула составена од шеќери што нашите тела природно ги произведуваат. По хемиски состав таа е гликозамоногликан, супстанција што е дел од матрицата која ја одржува младешката кожа. Во светот на нега на кожата трендовите се менуваат, а трендовските состојки доаѓаат и си одат, но истражувањата покажуваат дека хијалуронската киселина не е само тренд, напротив, се докажа дека таа е една од најдобрите состојки за нега на кожата што можеме да ги користиме.

Како што старееме нашата кожа ја губи хијалуронската киселина, а со тоа ја губи и влажноста што доведува до опуштање на кожата и појава на брчки, кои на почетокот се мали и плитки, но со текот на времето се продлабочуваат и стануваат постојани. Кога повторно ќе ја снабдиме кожата со хијалуронска киселина преку некој козметички препарат, не само што помагаме да се надополнат природните резерви на хијалуронска киселина, туку ја одржуваме кожата подобро навлажнета, со што се зголемува нејзината цврстина, еластичност, а ситните брчки исчезнуваат.

Зошто различни големини на молекули на хијалуронска киселина?
Хијалуронската киселина има различна моќ на продирање во подлабоките слоеви на кожата зависно од големината на нејзините молекули. Малите молекули продираат во најдлабоките слоеви на кожата, ја подобруваат нејзината еластичност, ја прават цврста и затегната, имаат долготраен анти-ејџинг ефект и ги измазнуваат брчките. Средните молекули продираат преку бариерата на кожата и ги снабдуваат со влажност површинските слоеви на кожата и го спречуваат испарувањето на влажноста. Големите молекули формираат заштитен слој на површината на кожата, кој покрај навлажнувачката функција, го засилува процесот на заздравување на раните и е особено корисен за чувствителните типови на кожа.

Екстрактот од од алое вера е познат по своето смирувачко својство. Обезбедува заштитен слој на кожата кој помага да се задржи влагата. Исто така е богат со антиоксиданти и минерали кои помогаат за забрзување на заздравувањето.

Овој крем Ви нуди здрава формула со состојки од природно потекло и не содржи никакви штетни или контроверзни состојки. Не содржи испарлив алкохол, PEG, силикони, парабени, минерални масла, бензофенони, стероиди, фталати, хемиски конзерванси, вештачи бои и мириси. Тестиран е дерматолошки. Наменет е за сите типови на кожа.

Benton Aloe BHA Skin Toner

1.100 ден 990 ден