Aloe Propolis Soothing Gel е благо киселкаст гел, со pH вредност како онаа на здравата кожа, кој не содржи испарлив алкохол. Тој има нелеплива хидратантна текстура и лесно се впива во кожата. Интензивно ја смирува и хидрира кожата благодарение на својата главна состојка, алое вера. Прополисот, познат по своите антисептички и антиинфламаторни својства, помага во балансирање, заздравување и смирување на проблематичната кожа.
Содржи алантоин кој ја штити кожата од надворешните штетни влијанија, го зголемува количеството на вода, ја омекнува кожата, ја смирува иритацијата, поттикнува природна ексфолиација на надворешниот слој на епидермисот и стимулира создавање на нови клетки со што поттикнува обновување и на ткивото.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Гелот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.
Дерматолошки е тестиран и е наменет за сите типови кожа.