Aloe Real Cool Soothing Gel содржи 93% екстракт од лист од Aloe barbadensis кој е богат со полисахариди и помага во активно хидрирање и смирување на кожата. Гелот природно ја разладува и смирува кожата благодарение на обилната хидратација и нега со помош на патентираниот „Soothing Cooler“ (Смирувачки разладувач) кој е всушност патентирана мешавина од 5 растителни екстракти (екстракт од лист од Aloe barbadensis, екстракт од Laminaria japonica, екстракт од корен од Dioscorea japonica, екстракт од корен од Ulmus davidiana, екстракт од цвет од Viola mandshurica).
Гелот не содржи испарлив алкохол кој е вообичаена состојка на повеќето гелови за смирување и ладење. Ваквиот ефект се постигнува со патентираниот „Soothing Cooler“ од 5 растителни екстракти. Тој е со водена база и затоа лесно се апсорбира во кожата. Посебно е погоден за ревитализација и смирување сувата, дехидрирана, иритирана или изгорена кожа. Не е леплив и може во поголема количина да се нанесува на лицето, на телото, на коренот на косата или на самата коса. Дерматолошки е тестиран.
Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Гелот не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.