1.690 ден
Нема на залиха
Ако барате природно и ефикасно решение против опаѓањето на косата, тука е новиот шампон на 𝗕𝗲𝗻𝘁𝗼𝗻, 𝗕𝗲𝗲𝗿 𝗬𝗲𝗮𝘀𝘁 𝗦𝗵𝗮𝗺𝗽𝗼𝗼.
Тоа е хипоалерген производ за балансирање на pH вредноста и нега на скалпот и косата. Нуди богата прихрана и нега благодарение на состојките добиени од свеж пивски квасец. Благодарение на процесот на ферментација се зголемува ефикасноста на состојќите и нивната моќ да продрат во кожата и косата.
За идеална свежина на скалпот состојките добиени од квасец се застапени во идеален сооднос и надополнети со ментол, биотин, кофеин и екстракт од црна соја. Оваа избалансирана мешавина на здрави состојки ја одржува здрава кожата на скалпот, а на косата ѝ ја дава потребната виталност и волумен.
Погоден за употреба кај:
Бенефит:
1.690 ден
Нема на залиха
За здрав и негуван скалп пробајте го иновативниот серум на корејскиот бренд Tisha кој го стимулира растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање.
▫️ Го спречува опаѓањето на косата предизвикано од стрес.
▫️ Го стимулира растот на косата.
▫️ Го зајакнува коренот на влакното.
▫️ Го негува скалпот.
Патентираната состојка, моќниот пептид, Biotinoyl Tripeptide-1 помага при опаѓањето на косата предизвикано од стрес. Благодарение на микроигличките од природен биоматеријал Phytosilica, активните состојки навлегуваат подлабоко во кожата на скалпот и ефикасно го стимулираат растењето на косата.
Има здрава формула која не содржи никакви штетни состојки.
Не содржи парабени, PEG, минерални масла, глутен или вештачки бои.
На што се должи ефикасностa на Tisha SCALP7 Serum?
Содржи специјален пептид исклучително моќен во стимулирање на растот на косата и зајакнување на коренот. Но тоа не е се, она што го прави овој производ уникатен и исклучително ефикасен во борбата против опаѓањето на косата е употребата на новата патентирана технологија – Phytosilica микроигли.
Phytosilica е нов биоматеријал од природно потекло составен од микроиглички со должина од 250µm и дијаметар од 50µm, кои не се видливи за човечкото око.
Вообичаените козметички производи остануваат над и во површинскиот слој на кожата. Phytosilica микроигличките помагаат лесно да се надмине бариерата на кожата и ги доставуваат активните состојки преку површинскиот слој на кожата до најдлабоките слоеви на епидермисот.
За помазна и почиста кожа вклучете го во својата рутина за нега подмладувачкиот тонер со гликолна киселина на 𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵.
𝗬𝗲𝗼𝘂𝘁𝗵 𝗚𝗹𝘆𝗰𝗼𝗹𝗶𝗰 𝗔𝗰𝗶𝗱 𝗙𝗮𝗰𝗶𝗮𝗹 𝗧𝗼𝗻𝗲𝗿 нежно го отстранува надворешниот слој на кожата составен од мртви клетки за да открие почист и посјаен тен за младешки изглед на кожата.
Има уникатна напредна формула која вклучува гликолна киселина, алое вера, зелен чај и екстракт од леска за да ја ревитализира кожата, да ѝ даде чувство на свежина и здрав сјај.
Бенефит:
▪️ Помага во намалување на фините линии и брчки
▪️ Ја намалува појавата на проширени пори
▪️ Помага да се изедначи тонот на кожата и да се подобри изгледот на старечките дамки
▪️ Ја зголемува хидратацијата на кожата за помазна и попрефинета текстура
Клучни состојки:
▪️ Гликолната киселина помага во ексфолијација на мртвите клетки на кожата за да се открие посвеж, помазен и посветол слој на кожата. Тоа помага да се зголеми производството на колаген за да се направи кожата поцврста, поеластична и помазна, со помалку фини линии и брчки.
▪️ Алое вера е разладувачка и навлажнувачка состојка која помага за смирување и хидратација на кожата. Ја прави кожата мека и свиленкаста.
▪️ Зелениот чај помага да се заштити и одржува кожата здрава со минимизирање на знаците на стареење. Тој е моќен антиоксидант кој ја штити од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали.
▪️ Екстрактот од леска е состојка која ја смирува кожата.