1.538 ден
Исчистете ја и нахранете ја кожата со чистачот во прав! Формулиран со растителни ензими, центела и каламин, формулата за тројно чистење ги елиминира мртвите клетки и остатоците од кожата додека ја навлажнува и смирува кожата. Се препорачува за сува, чувствителна и комбинирана кожа. Centella и активните состојки помагаат да се смири црвенилото на кожата.
Благодарение на растителните ензими, центелата и каламинот, оваа формула за тројно чистење темелно ја чисти кожата и ги прочистува порите додека прави физичка и хемиска ексфолијација. Благодарение на растителните сурфактанти кои се нежни со кожата прави нежна пена и ја чисти кожата без да предизвика иритација.
Производот нема додадени вештачки бои и мириси, а неговата бледо розова боја се должи на природните состојки.
KOJA E ПРЕДНОСТА НА КЛЕНЗЕР ВО ПРАВ?
Содржи само 5% прочистена вода за мешање на состојките, а со редучирање на количеството на вода се интензивира функцијата на главните состојки.
КАКО СЕ КОРИСТИ?
По навлажнување на лицето се зема соодветна количина (количина што се истура при при едно превртување на шишето) од производот на дланка, се меша со малку вода и се трие за да се создаде пена. Пената се нанесува на лицето и нежно се масира. На крај се измива со млака вода
Клучни состојки:
– Екстракт од азиска центела кој го смирува црвенилото и иритацијата.
– Каламин кој ја смирува и штити чувствителната кожа.
– Морска сол и прав од азиска центела кои прават физичко отстранување на мртвите клетки од кожата кои се причина за појава на црвенило.
– Два типа на растителни ензими (протеаза и бромелин) кои прават хемиски пилинг односно отстранување на мртвите клетки.
– Хијалуронска киселина која на кожата ѝ дава хидратација.
Се препорачува кај:
– Кожа со црвенило
– Иритирана кожа
– Чувствителна кожа
– Кожа на која и е потребен нежен клензер за утринска и вечерна нега.
– Кожа без баланс на водата и мастите
1.538 ден
Aromatica Orange Cleansing Sherbet е нежен, но ефикасен балзам за чистење на лицето на маслена база, кој со леснотија длабински ја отстранува нечистотијата и сите траги од шминка и прави благ пилинг на лицето отстранувајќи ги наталожените мртви клетки.
Toa е балзам со цврста текстура кој при допир со кожата веднаш се топи и лесно се нанесува. Ја чисти кожата урамнотежувајќи го создавањето на маснотии, ја навлажнува, ја прави мека и ја остава со чувство на свежина и пријатен мирис.
⠀
Содржи повеќе природни масла добиени со процес на ладно цедење, при што тие го задржуваат природниот мирис, боја и активни состојки.
Канола маслото и органското масло од бабасу овозможуваат да се расворат нечистотиите и мртвите клетки. Маслото од бабасу, исто така содржи лауринска киселина, благодарение на која делува антибактериски и антиинфламаторно. Маслото од јатки од дива кајсија содржи масни киселини, линолна киселина и витамин Е кои на кожата и даваат еластичност.
⠀
Овој производ содржи 3 вида есенцијални масла на кои се должи пријатниот мирис, а покрај тоа имаат и антибактериско дејство. Тоа се маслото од цвет на Cananga odorata, маслото од стебло на Cedrus atlantica (кедар) и маслото од кора на Citrus aurantium dulcis (портокал).