Кошничка 0 x

Product

Benton Snail Bee High Content Essence

1.150 ден

Достапност: Има залиха
Сподели на:
Тип: Бренд:
За производот

Snail Bee High Content Essence е есенција со лесна текстура која посебно е добра за третирање на кожа со акни и невоедначен тен. Помага во отстранување на постинфламаторна хиперпигментација, во регулирање на балансот помеѓу водата и мастите, обновување на епидермисот на клеточно ниво што резултира со помека, помазна и поздрава кожа, исто така ја смирува надразнетата кожа и ја штити од штетни надворешни влијанија.

Snail Bee High Content есенцијата има висока концентрација на активни состојки како што се филтрат од слуз од полжав, пчелин отров и растителни екстракти како екстракти од алое, азиски тегавец, морска алга, јапонско јаболко, брест, бела врба, корен од розов слез, корејска пулсатила, лишај и др., кои ја негуваат кожата и играат значајна улога во подобрување на нејзината состојба. Оваа формула е збогатена со докажаните анти-ејџинг состојки ниацинамид, аденозин и sh-олигопептид-1.

Овој производ е наменет за сите типови кожа, а може да се користи и кај чувствителна кожа, сува, иритирана, или дехидрирана кожа.

Во согласност со филозофијата и праксата на самиот бренд, овој производ Ви нуди здрава формула без штетни состојки. Есенцијата не содржи парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол, вештачки ароми и бои.

Snail Bee High Content есенцијата е дерматолошки тестирана.

Употреба

Едно до две испумпувања од есенцијата се нанесуваат рамномерно на чисто лице (препорачливо по нанесување на тонер), а особено на проблематичните делови од кожата на кои им е потребно посебно внимание и нежно се тапка до целосно впивање.

За најдобри резултати Benton препорачува оваа есенција да се употребува заедно со останатите производи од Snail Bee High Content линијата. Производите се употребуваат по следниот редослед: чистење → Snail Bee High Content Skin → Snail Bee High Content Essence → Snail Bee High Content Lotion → Snail Bee High Content Steam Cream.

За најдобри резултати Benton препорачува овој крем да се употребува заедно со следните производи по редоследот: чистење со Honest Cleansing Foam → Aloe BHA Skin Toner → Aloe Propolis Soothing Gel → Aloe Hyaluron Cream.

Совет: Производите нанесувајте редоследно, од најтечните кон оние со поголема густина.

Активни состојки

• Филтратот од слуз од полжав е познат по своите anti-aging својства. Тој го стимулира формирањето на колаген и еластин, ја штити кожата од слободни радикали, ја смирува иритацијата, помага во обновување на оштетените ткива и на кожата ѝ ја враќа потребната влажност. Помага при третирање на сува кожа, брчки, стрии, акни, старечки дамки, лузни и т.н. Тој содржи хранливи материи како хиалуронска киселина, гликопротеини, протеогликани и пептиди кои се корисни за кожата.

• Пчелиниот отров го стимулира создавањето на колаген со што ја зајакнува структурата на кожата и помага во отстранување на лузните од акни. Отровот ги стимулира мускулите на лицето за природен ефект против стареење со зацврстување на епидермалниот слој на кожата и измазнување на ситните линии и брчките.

• Ниацинамидот исто така познат како витамин Б3 или никотинска киселина е многу ефикасна состојка за обновување на кожата и има повеќе придобивки против стареењето на кожата и хиперпигментацијата. Тој има способност за видливо подобрување на состојбата на кожа со зголемени пори, нерамномерен тен, ситни брчки, уморен изглед и ослабен површински слој.

• EGF (епидермален фактор на раст) или sh-Oligopeptide-1 е пептид кој ја стимулира делбата на епидермалните клетки и го забрзува ритамот на регенерација на кожата со што побрзо се отстранува оштетеното ткиво, а кожата станува помазна.

• Аденозин, анти-ејџинг состојка која помага во бришење на знаците на стареење и отстранување на ситните брчки.

• Екстракт од лишај, со природно антибактериско дејство.

• Екстракт од корен на црвен слез, кој има заздравувачко и смирувачко дејство.

• Екстракт од алое вера, кој ја смирува кожата и го намалува воспалението и иритацијата.

• Азиски плантаго, познат по своето својство да ја чисти кожата.

Состав

Состав: вода, филтрат од слуз од полжав, бутилен гликол, глицерин, ниацинамид, 1,2-хександиол, сок од лист од Aloe barbadensis, sh-олигопептид-1, пчелин отров, екстракт од Plantago asiatica, екстракт од Laminaria digitata, екстракт од лист од Diospyros kaki, екстракт од кора од Salix alba (врба), екстракт од кора од Ulmus camepestris (брест), екстракт од корен од Althaea rosea, екстракт од лист од Aloe barbadensis, бета-глукан, бетаин, акрилати/C10-30 алкил акрилат кросполимер, аденозин, пантенол, алантоин, пентилен гликол, екстракт од Zanthoxylum piperitum, екстракт од Pulsatilla koreana, екстракт од Usnea barbata (лишај), полисорбат 20, лецитин, аргинин.

Препорачана комбинација